Шишките убаво стојат,нормално не на секого,најчесто шишки носат оние што имаат високо чело,како што имаше некој во првите страници напоменато. Инаку, шишките се тешки за одржување бидејќи кај многу девојки се мрсат и мора секо јден или на 2 дена да се мијат,да се пеглаат ова-она за да стојат убаво, исто така се прават и мозолчиња на челото, така да се малце терсене за чување...јас имав шишки пред 5години,но ги пуштив бидејќи ми сметаа , а и не ми стојат многу убаво бидејќи немам високо чело и имам мало лице. Ако некој има високо чело би му препорачала да направи шишки бидејќи убаво стојат, но треба да се внимава бидејќи се појавуваат мозолчиња,особено на лето.
Леле јас сакам по нова година, нели нова година нов имиџ ама незнам, се мислам, за стоење убаво ми стојат, имам носено многу одамна како дете де
Јас имав шишки во средно , убаво ми стојат , но во лето поготово се тешки за одржување и така да сега немам.
повеке сакам шишки, но јас имам доста мрсна кожа и многу ми се мрста па така да сега пак сум бес шишки
Имам еднаш носено во 7 или 8 одделение,убаво ми стоеа иако немам високо чело ама не би направила пак,тешки ми се за одржување и ми се исфрла челото
доколку се работи за ретка коса, шишки никако ! се мрсат за пола ден. Само ќе ти отежнуваат во врска со средувањето на косата.
Од моја перспектива, што сум приметил, низ градов. Без шишки, со сармици фриз, обично и штикла 12-ка, иииии ХХХ, Шишки до веѓи, знае и да изгледа софистицирано, Кратки шишки (ама многу кратки, 1 см или тука негде), софистицирано дефинитивно, но обично .... така.... подпросечно убавки, да кажам..... ке навредам некого...
И јас еден период многу носев но после ми се смачи ап ги пораснав.Сега пак ми е мерак да си ги направам
Носев рамни шишки како мала,потоа во 7мо одд. настрана ги носев и оттогаш не,тешки се за одржување и јас како што се нервирам од корен ќе ги откорнам,затоа немам шишки.