Исто и јас носев рамни шишки и си се бендисував како ми стоеа бидејќи густи ми се, но ми се витка косата и ме нервира тоа секојдневно пеглање и местење па затоа сега ми се подолги ги носам фатени со штипче.Инаку и мене ме вадат од такт и повеќе не планирам да ги имам.
Првенствено треба да се разгледа дали шишките одговараат на вашиот облик на лице зашто на секој облик шишки не изгледаат убаво. Не познавам некоја што не пробала да се виде и со шишки Така да пробувајте, експериментирајте додека не дојдете до посакуваната, тренди фризура.
Носев едно време, убави се ама многу тешки за одржување, мене ми се завиткуваа и пеглај не пеглај по некое време пак ми се правеа за никаде. Шишките се идеални за многу права коса.
Јас сум ЗА мене убаво ми стојат бидејќи имам високо чело, но не носам шишки бидејќи косата ми е ретка и ретки шишки имам и веднаш ми се мрсат.
Јас за шишки не сум,затоа што имам многу густа коса и морам постојано да ги пеглам.И не ми стојат убаво
Сум имала шишки и знам дека се тешки за одржување. Морав да ги пеглам или пак на ветер ќе се растуреа.. Така да моментално немам ниту пак сакам
Имам носено ама не ми стоат ми се виткаа нагоре и секогаш требаше да ги пеглам сега не мислам никогаш повеке да ги носам така а и многу ми го затвораа лицето
носев цело средно шишки, воопшто не ми сметаа, ниту имам големо чело, едноставно ми стоеја на мојот облик на лице, немав потешкотии само ќе ги исушам испеглам и толку. И мнооогу ги сакав, абе не сакав да ги кренам челото да ми се исонча Конечно успеав да ги израснам и ги носев така некое време и пак пред пола година се ишишав и утка најголема напраив. Мислев дека исто ќе ми стојат Сакам побргу да ми пораснат и нема веќе никогаш пак да се шишам
Мало чело имам , според тоа шишки се последно што би направила на себе. Цела ке ме затворат. А ме фаќа мерак кога гледам какви убави фризури има.
Мене шишките ми се долги колку и косата .. ако ти стојат тебе кратки шишки прај си мене не ми стојат и вишеее нема шанси да се шишам еднаш ги ошишав и не беше по моја волја како што сакам скроз да бидат после тоа плачев за нив :/ повеќе бар сеа за сеа не се шишам !!
Бидејќи имам вртена коса,не носам шишки пошто за џабе ми се,ке се исшишам и утредента пак елетро шок како да ме удрил се исповртено,разлетено и неубаво изгледа.Затоа НЕ
Имав шишки на времето, помала кога бев, и сега си се чудам кај ми бил паметот. Ем што лесно ми се мрси кожата, посебно на челото, и постојано имав акни, ем што косата не ми е баш најправа, а тогаш уште повиткана ми беше, па едвај ги исправував... А и искрено, не ми стоеја баш-баш... Ех, младост-лудост!
Фризура со шишки носев како седмооделенка.Само мене не ми стојат шишки.Имам ниско чело и ситно лице,па ми ги затвора контурите.Шишки убаво прилегаат на девојки со високо чело.
Обожавам шишки, но не можам да ги носам, џабе шо ќе ги правам, немам толку време да се справувам со нив
Носев шишики пред некое време.Искрено ептен ми беше кеиф, ги поносив 2/3 недели али после почнаа многу да ми сметаат.Ми летаа на сите страни, морав убаво да внимавам кога ја фаќав косата во реп и сл.А и не ме личеше многу, имам мало чело.