Шлифки... сите знаеме како се прават ( со шмукање на кожата навнатре) за некои е знак на љубов, за некои чиста бебешка глупост или нешто што сте го правеле кога сте биле млади.... Дали го оставате вашиот партнер да ви прави шлифки, дали ви се романтични или не.... слободно искажете се овде
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Ај јас прва...Имав ќејф да оставам шлифки...а чат-пат оставав и мене да ми оставаат...како некое обележје се...уствари беа, веќе не ми се интересни
Шлифки ( Те обележав на вратот ) порано правевме сега не знам дека последната беше на негов образ и беше црно ахахахаххах незнам зошто ,до ден денес се смеам за тоа... иначе,не ми се нешто романтични,или интересни,онака,колку за неколку пати и доволно е
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Јас му имам оставено неколку пати ама ненамерно, онака кога сум занесена и не сум свесна што правам. Инаку ги избегнувам, не ми изгледаат убаво, нападни се некако. А ако тој случајно ми направи, не се лутам (знам дека и тој не ги прави намерно )
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Порано да, ама сега кога ми текне фуј Бај д веј еднаш имав една голема и мајками ја забележа, и од тогаш завршена сум со шлифките И сега кога ке видам некоја мн грдо ми стои, блјак, сите знаат што правела синоќа
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Не давам да ми прави многу невкусно ми стои,онака обележана А јас знам да му направам чат-пат и ме кара после,ама што да правам интересно ми е да му правам
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Ахх ме врати во младоста темава ... Со еден „дечко“ си се обележувавме секое гледање, а во тогашното „наше“ време, шливка на врат значеше исто што и сега срце на ѕид на фб . И за да не не закачаат други, ќе си се шмукнеме и мирно спиеш, никоја не го дира кога ќе ја види шливката . И така јас еднаш шливкосана седам дома кога ме виде брат ми ми одржа една лекција по „запознавање на меѓу-себни интимни и блиски меѓу-партнерски односи’’ и одтогаш секој момак кој на едно место на вратот ќе се задржеше подолго од 3 секунди добиваше клоца, а до душа воопшто не ни им дозволував да ме љубат во врат, гадно ми беше(детски памет ). Значи добри 5-6 години не практикувам шливкосување, тоа во основно е хит, кој има шливка-има дечко, во средно криеш траги повеќе да смуваш а не еден да те обележи, а на факултет веќе шмукаш други области и органи, доста оддалечени од вратот и деколтето . Постфакултетскиот период не сум го поминала, кога ќе бидне ќе ви кажам и тогаш што се шмука, лиже и сл. Лелеееее ама сум безобразна, срам да ми е .
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Дозволувам но само на некои места каде што не се гледа. Еднаш имав на вратот и ме видеа дома. Од тогаш реков крај и навистина беше крај ( за шливкосување на видливи места ). Инаку да сакам да правам и еднаш дечко ми имаше толку грозна шливка дури црна некако му беше.. И откако се случи тоа му правам ама ретко и тоа исто така на некои места каде што не е толку забележително.
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Не го практикувам ова шливкосувањево, со сегашниот дечко имафме и мала дискусија поради 2 шливки на мојот врат.. едноставно не ми изгледа убаво и угледно..
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Како што рече Тошо Малерот: „Шљивки батка, праат само сељаци“. Вратот ми е еден од омилените делови од телото и не давам да ми го шмукаат. Бакнежи да, шљивки не. Плус ретко го покривам со марами/ролки, па нема смисла да се шетам како вампир да ме каснал. Шљивки на внатрешниот дел на бутовите се друга работа.
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Никогаш не ми биле интересни и не сум дозволила некој да ми остави шлифка намерно. Тој што пробал против моја дозвола си е добил нешто назад Мои другарки ги имаа, па пробаа да ги скријат од родителите по дома, ама гордо ги покажуваа на другарките, види што направивме синоќа со дечкото
Шлифки ( Те обележав на вратот ) И мене прво ми текна на Тошо кога ја видов темава НЕ за шмукање на врат или гради, бљак. Имав една и единствена на врат која настанала несвесно, ја приметив откако ми кажаа во школо Се осеќав... лошо, многу лошо и си помислив е супер сеа сите ќе мислат дека дечко ми е сељак
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Не сум обележала вака некого до сега, не е убаво.Луѓе те гледаат, домашните и не е баш пријатно.На не многу видливи места може Јас на пример на градите, речиси секогаш сум со шлифки, ама на врат не давам
Шлифки ( Те обележав на вратот ) На времето во основно беше интересно сега некако ептен детско не ми личи
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Ма има помодерен начин на обележување на својата територија. Туку, што кога ти го обележиш вратот како твоја територија, а друга меѓуножјето ? Спојлер Јас сакам шмукам, јас сакам он мене шмука, он мене шливка на врат јас нему ВО газ стап. Параскева може да биде шливкосана цела, друг дел не. Никогаш не сум имала на врат, само еднаш маженцето (додека бевме во врска тазе сексуално активни) ми направи на цице од пусти ќеф. Ме потсетивте на една школска. Доаѓа со ШЛИВОК ОГРОМЕН чиниш мајмун ја шмукал. И таква се покажува, трга коса сите да и ја видат. И ајде доаѓаат испитна комисија-каде, што, кој, кога. И следеше добра приказна. По една недела помалата и сестра призна дека она и ја направила, бидејќи дада и немала фатено дечко до тогаш, па ова демек да ги разувери другите Е тоа беше голем шок за испитната комисија. Така заврши нивниот последен работен ден, неславно.
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Поодвратно, попонижувачки и понеромантично нешто не постои. Демек ко животнине ќе се бележиме сеа...бог да чува. Никад не сум дозволила таков “луксуз“ никому и никогаш не би
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Дека не личи да се шеташ обележан не личи, плус бројот на шлифки треба да е обратнопропорционален со бројот на години од пуста конформистичка примерност . Ама не се согласувам дека е одвратно, мене самиот шлифкомејкинг процес ми е меѓу нештата што ми предизвикуваат најголема возбуда и ко за инает баш на врат ми е екстазата . Затоа сама барам понекогаш да сум подшмукната де без видливи обележја потоа. И не ,не се шлифките причина што обожавам ролки , добро де донекаде може и се. А, од друга страна пре би некој да ме обележи територијално вака, него со урина .
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Не ми се ни интересни ни ми личат на знак на љубов, а најмалку ми се романтични. Не сум правела и никогаш не би дозволила некој да ми направи. Не сакам такви обележја...
Шлифки ( Те обележав на вратот ) Ептен сељачки ми е да бележиш некого на врат...и кога другите ќе видат Што? На г'з ќе паднат? Или пак ќе им отвориш тема на разговор Сепак и јас обележав еден фраер и тоа во прва година средно школо. Уствари тој самиот сакаше, јас не го натерав, ама со задоволство прифатив. Нареден ден татко му го забележал и го прашал "Која беше бе сине таа ненаситна?" Енивеј, за скриените места и невидливи за околината тоа е дозволено, барем за мене