Девојки , имам шливка на градите.. И дај кажете ми некој совет како до нова година да ми помине , што да ставам ??
Нема поминување, тоа е модрица, треба време сама да си се излечи. Милиот ми правеше шливки мислам дека секоја недела порано, од ролка не можев да искочам Додуша се тоа се случувало во момент на страст, па ни ја не приметував дури не биднала работата Како и да е, ништо страшно. Сега не ми личи да одам со шливки по вратот, но порано не ми сметаа.
Многу лоша работа! Се лутам кога некој ми прави тоа. Ама понекогаш се случува и јас да направам.. без размислување.
На вратот еднаш сум имала глупост а според мене ,а на градите појќе пати ама една вечер кога се запна чоеков градите ми ги откорна ма немаше место кај што не бев шливкосана дури крв ми протече болеше тоа аа и сум имала еднаш на гз
Само еднаш имав и повеќе не, но некако возбудливо ми е да ме тегла да ме бакнува така или јас на него... Но сепак кога ке видам некој со шлифки не ми е убаво... Повеке сакам на места каде не се гледаат
И на мене и на партнерот тоа ни е многу просто и никогаш не сме ни помислиле да го направиме, а камо ли да го направиме. Работава, еј сите видете што правев синоќа, божем накит е па ќе се фалиме со него и ќе го носиме како украс.
Не го сакам тоа ич. Немој ни да помислил на такво нешто. Па не сме деца да одиме обележани на вратот. Се шетаме, или одиме на работа и со шлифки. Никогаш не сум правела, а несакам ни да ми прават. Не се докажува така љубовта.
Абе ајде детска работа до прва шлифки ќе си прајм Сум имала 2-3 пати ама кога бев тинејџерка . А сега ни правам ни сакам да ми прават Се случува да видам некоја бележана некогаш или кога ќе видам машко цел модар по вратот неубаво е за во јавност
тоа е нешто што најмногу ме нервира ми има направено шлифка и го гризнав со сета сила за уста и крв му пуштив
Пред две години,бев премногу занесена по едно момче. Па ми направи шлифка и имав лошо искуство,затоа што ме фатија дома и прво морав да лажам а после да ја кажам вистината...
нешто што ми е да не речам најодвратно и најглупа работа не ги сакам ама ич ни да правам ни да ми направи..
Не сум имала шливка, ниту пак сум му направила на дечко ми. Меѓутоа, мојата кожа е многу нежна па само малку посилно да ме бакне или гризне,веднаш се познава и стои така црвено некое време. Не ги сакам шливките, тој се согласува со мене па немаме проблеми
Леле ми нема погнасно нешто!Криј се ајде со ролки па кога ќе ги видам некој сега во ова наше понапредно време уште со шлифките се шетаат!Боже сачувај
Една сум имала до сега и беше чисто од љубопитност направена и не многу голема. Многу вешто ја сокрив.
Сакам да му правам на дечко ми, но не сакам тој да ми прави а leо- nora може само да се прекрие со пудра и тоа да ставиш 5 слоја или да се прикрие со облека.
100 слоја ставив и сите можни нијанси ги пробав, ама проклето тоа делче деле( ко потемно иде) ми се плаче ко ке се видам, веке 3та ден ја имам и божик ме фати Од прилика колку дена ,,носат,,????
Не можат да се прикријат со пудра, па дури и да ставите десет слоја. Многу тешко се прикрива со жолт коректор. Затоа што нели, местото е модро - кафено-виолетово и какво ли уште не, па единствено можете да го неутрализирате со жолт коректор и потоа малку пудра одозгора. Само пудра ретко кога може да помогне, освен ако не станува збор за мало и не толку приметно место. Ако е црвено (а штом веќе неколку дена го имаш, се сомневам дека е такво), со зелен коректор ќе се неутрализира малку од малку.