Се по ред. Крема, пудра,туш малку, римел, молив за уста и руменило. Оти ако не сум нашминкана ме прашуваат да не сум случајно болна, а не сум се шминкала до 28 години.
Преферирам ненападна шминка.Сакам да изгледам уредно и свежо.Не треба многу за да се постигне тоа.Обавезно некоја лесна пудра или бб крема, коректор ,руменило,маскара,сјај или нежен кармин.Зависно од времето што го имам на располагање може и плус сенки во неутрални нијанси,моливче или туш.Иако изгледа многу , сепак не е.
Тоа е како мешавина од млеко за сонце, хидратантна крема и пудра во едно. Доколку немаш потреба од покривност, туку само изедначување на тенот и хидратација, ова можеш да го користиш наместо класична пудра. За повеќе инфо http://forum.femina.mk/lice/bb-krema-t16903/
Јас си ставам пудричка, римелче, една тееенка линија туш на очите (дури непрепознатлива) и малку карминче потапкувам на усните колку да добијат некоја свежина
^ Се согласувам за да се истакне бојата на усните, и јас понекогаш ставам некоја нежна розева нијанса, не се ни приметува многу, ама со виолетов кармин на училиште?
Јас не би сакала да носам пудра на училиште, но лицето ми е катастрофа. Имам брунчиња што се зрели за стискање и ги стискам и секој пат се надевам дека нема повторно да ми се појават но се појавуваат. Аман смачено ми е. Лицето ми е како Милка Bubble чоколадото.
За на работа преферирам поедноставна шминка. пудра не ставам, само крема за мојот тип на кожа. Ги цртам веѓите, нормално природно да изгледа, маскара и некое лабело во боја или посветол кармин. Доволно за да изгледам средено, но не и нападно.
Чуднен наслов на тема:Шминка за во училиште.... Ај за на факултет ... За на работа - нормално некако На училиште одат ДЕЦА....кој родител дозволил сенка и кармин на девојче од 10 години ??!?
Па и за постари да се работи. Јас не паметам во средно кај нас некоја да се шминкаше, ептен ретко. Пудра ако ставеа, и маскара, друго ништо. Инаку, забрането беше да се доаѓа со шминка и лакирани нокти во школо, па дури и сукњи беа забранети, директорот ги казнуваше тие што не го почитуваа тоа.
Во право си без разлика колку години има девојчето дали е основно или средно не би требало така да доаѓа на училиште. И кај нас беше така забрането да не се доаѓа во шорцеви, со разголени маици и деколтеа. И директорката и класните велеа ќе има казни, но ништо тие што си беа такви такви и си останаа. Јас оваа година завршив и видов се разголени, нашминкани како за на свадба, со фризури дури и со штикли доаѓаа Против тоа сум, но тоа е не сме сите исти.
За на училиште не котистев, лабелце само. За фалултет и работа, малце пудра, римел, креон, руменоло и некој неутрален кармин на усни. Кога се има време и сенка за очи неутрална боја.
Зошто да не се шминкаат? Па баш во средно школо децата ги имаат најголемите пубертетски проблеми. Јас не сум против шминкање(значи подразбирам пудра, маскара и некое неутрално сјајче). Братучедка ми во втора година и трета средно имаше такви комплекси набиено што девојчето неможеше да се замисли без пудра да отиде на училиште. Поради ужасот на лицето од акни и дупки дури и беше исмејувана од нејзини другарки, што не е во ред. Поддржувам шминкање во средно како делумно покривање на некој проблем и ќе ги поддржувам сите оние кои не се чувствуваат самоуверено без пудра. Но нема да поддржувам сенки, темни кармини, тушеви, хајлајтери, бронзери.. На училиште па дури и на факултет.. За на работа други се и годините, а и некои професии едноставно си бараат да бидеш среден! Поздрав
Кога одев на училиште не се шминкав, а и сега на работа не се шминкам. Не работата баш нај нај за шминкање.
Одсекогаш сум сакала да се шминкам и сум го правела тоа од 14 години. Се разбира тоа било шминка во согласност со возраста и пригодата. Исто како што ми е правило да ги измијам лицето и забите пред одење на работа, така ми е правило да се нашминкам. Најчесто го правам од ќејф да си се средам, затоа што многу повеќе си се доапѓам кога сум нашминкана, но некогаш и од навика или обврска да појдам на работа нашминкана. Кога-како сепак пред поагање на работа трошам седум-осум минути за да се нашминкам. Течна пудра, руменило, молив за очи, маска и лабело со розеникава боја - доволно за да се осеќам поубаво!
Сум се шминкала и за основно, средно и сега на факс.Не знам која е потребата да се хејта нешто што некој друг го прави да се чувствува убаво. Ко дете го имав тој проблем да имам мозолчиња и пробував разни начини да ги скријам се додека не ја открив бб на гарнир што последниве 2 год ме натера да не допрам пудра ич.Сепак поентата ми е дека живееме во ново време коа секој се гради себе ко личност и надворешниот изглед претставува една слика пред другите. Да, некои може изгледаат убаво природно, но зошто другите да не изгледаат ко што сакаат. Ако нив ги прави среќни, да бидат нашминкани за преку ден дали работа, факс, школо кои сте вие да им кажете не неможе или да ги зборите дека се вештачки, да се врати стариот начин на однесување на девојки, нема потреба од некои застарени глупости ко правила која секоја морална девојка мора да ги почитува. Остајте ги самите да си одлучат како ќе се шминкаат, верувале или не и тоа допринесува за некоја внатрешна самодоверба. Шминка за факс- бб крема,коректор, руменило,сенки,туш, маскара,молив за уста во микс со мат течен кармин.