Не знам дали е темава на соодветно место. Ако не е нека се премести, ако е дупла нека оди во канта. Дали на некоја од вас и се случило после раскинување, без разлика кој ја раскинал врската, бившиот да почне да ве шпионира, да следи што правите, да ви се јавува и слично? Епа мене еве после една година откако тој ми раскина сам се издаде дека можеби цело време тоа го правел и тоа најверојатно ОВДЕ на овој сајт. Ако го чита ова, да му порачам - Друже, најди си занимација во животот и остај ме мене што прам и со кого прам. Сам си одбра да те нема во мојот живот и чао. Фала многу на услугата btw. Епа Феминки, ајде споделете искуства или мислења.