1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штип

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од GarpovaV, 28 август 2011.

  1. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Вечерва почнува Макфест!

    Планирав да го напишам постов порано, ама заборавав. :tmi:

    Оваа година, МАКФЕСТ има нов организатор – Nova X Idea, зад кој стојат Јован Јованов и Кристијан Стефановски, кои најавуваат подигнување на квалитетот на фестивалот што се организира под слоганот „Една поинаква приказна“, на едно повисоко професионално ниво. Уметнички директор и оваа година е Кристијан Габроски.
    На сцената ќе има најмногу светла досега, ќе биде инсталирам LED екран од 100 квадратни метри, бекстејџ од 120 квадратни метри, целосно реновиран прес – центар и низа други новитети.
    Во ревијалниот дел ќе го проследиме настапот на Гаро и Парамециум, а за офф- програмата ќе бидат задолжени: Суперхикс, Слаткаристика, Влатко Илиевски, DJ Никифор и дуо Флeш.
    Водителка на фестивалот веќе 11-та година по ред ќе биде Вера Јанковиќ, а директните преноси од трите вечери им се доверени на Канал 5 телевизија.
    Судејќи по најавите, Макфест го враќа својот добро познат сјај и шарм, гарантира спектакл, а градот под Исарот несомнено ќе пулсира во поинаков ритам.
    Ова е списокот на изведувачите кои ќе се претстават пред штипската публика:
    ————————————————————————————————————————————————–
    13.окт.11 (четврток): Дебитанти /Прва вечер/
    ————————————————————————————————————————————————–
    - Петар
    - Христијан Тодоровски – Кико
    - Азра Факиќ
    - Боби Мојсоски
    - Дејан Тасев
    - Зоран Илиев
    - Наталија Славева
    - Хјурион
    - Емилија Ѓорѓеска
    ————————————————————————————————————————————————–
    13.окт.11 (четврток): Полуфинале /Прва вечер/
    ————————————————————————————————————————————————–
    - Адриан Гаџа
    - DNK
    - Лаура Крлиу
    - Елена Петреска & Александра Бучевац
    - Ѓоко Таневски
    - Ристе Тевдоски
    - Бојан Стојков & Соња Мембрењо
    - Бојана Атанасовска
    - Дарко Илиевски & Никола Пауновиќ
    - Наташа Малинкова
    ————————————————————————————————————————————————–
    14.окт.11 (петок): Дебитанти /Втора вечер/
    ————————————————————————————————————————————————–
    - Offside
    - No End
    - Денис Мурат
    - Моника
    - Ивица Велоски
    - Орхидеја Дукова
    - Емил Арсов
    - Peace Makers
    - Денис Димоски
    ————————————————————————————————————————————————–
    14.окт.11 (петок): Полуфинале /Втора вечер/
    ————————————————————————————————————————————————–
    - Филип Јордановски
    - Мијата
    - Александар Белов
    - Роберт Билбилов & Викторија Лоба
    - Александар Тарабунов
    - Сања Лефкова
    - Наде Талевска
    - Дуле и Коки
    - Димитар Андоновски
    - Паркети

    Можеби за денес е касно, ама утре и во сабота ве чекаме. Интересно ќе биде. :)
    Можеби оваа година ќе биде подобро, дека има друг организатор, ама ќе видиме.
    Ќе почне во 22 часот (многу касно од вообичаено :o ) и ќе има пренос на Канал 5.
    Картата за сите 3 вечери била 1200 или 1400 (незнам точно). Раздвижен е малку повеќе од вообичаено градов, има доста гости.
    И како што забележавте (или не) нема да учевствува Ристо Самарџиев. :lol: Досега земал 4 пати прво место. Незнам зошто не учевствува пак. :wasntme: Има ,,добри‘‘ пејачи, па ќе видиме што ќе биде.

    :)
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Од 22? да не даваат пренос само од полуфинале па затоа....мислам дека дебитаните се од 20 часот, па од 22 почнува полуфинале....или грешка сум?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Во Штип сум била само еднаш, на екскурзијата низ Македонија во седмо одделение, па бидејќи беше мнооогу одамна, не се ни сеќавам многу на градот.
    Единствено нешто на што се сеќавам беше пастрмајлијата, која морам да ја пофалам, вкусна беше, иако тогаш очекував пастрмајлија да е којзнае што :D
     
  5. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Замре темава нешто.. :D
    Абе и мене не ми се свиѓа тоа угоре-удоле, ама шо да се прави... Коа треба да одам од една, до друга страна на градот, ми се крева косата. :D Таксито не е ногу скапо, заразлика од другите градови. Беше 40 стартот, ама го качија и сега е 50. Градски превоз, мало морген. :lol: Е тоа треба да се направи. Не е којзнае колкав градот, ама од центарот на пример, до Бабите ако одеш, е стварно далеко.
    И дефинтивно нашата пастрамајлија е поубава од Велешката пита. :!: :P :lol:
     
    На cupcake27a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Пошто ја нема темата "Сакам да прашам?",
    девојки колку е повратен билет Скопје - Штип (преку Куманово)?
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Штип си е мој град и нормално дека го сакам.Му фалат некои работи но не можам да се замислам да живеам на друго место.Ме нервираат тие удолниците и угорниците.Особено кога бев средна школа,кога одев пешки ми беше многу напорно.Преку лето сутлакот ми е убаво место за излегување.Колку и понекогаш да ми здосадува од него,сепак е убаво да се прошеташ горе-доле :) .И тоа е типично шеталиште,не знам зошто некои вели дека не е :^) .
    Не обожавам многу да излегувам по кафичи и дискотеки затоа што не сум многу по техно музиката која ја пуштаат.Единствен кафич кој е по мој ќеф и во кој уживам во музиката и амбиентот а особено во лето е Џез Арт Клуб.Го препорачувам на сите љубители на рок и сентиш музиката.
    За на кафе најубаво ми е во Скверо а особено навечер во зимските денови.
    Ресторанти кои ги препорачувам се Даблин и Казабланка но мене лично Даблин ми се повеќе допаѓа иако е поскап.

    А за пастрамајлијата мислам дека нема потреба да зборувам.Најубава е :P .
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Има шиталиште на суитлакот, кај паркот , јајата. :)
     
  10. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Инаку јас сум родена во Штип, тоа е мое родно моесто и мој град :) Имам роднини и пријатели таму,иако цел живот живеам во ск , секое лето го посетувам. Баба ми и дедо ми се од таму. Градот е убав, може да се нарече центар на Источна Македноја, но му треба и плус улепшување и дотерување. жителите се фини, сеа неможе да се спореди со Скопје или друг поголем град ама затоа си има некоја своја убавина. Животот е многу помирен и поспокоен. И еден мн битен сегмент----->ШТИПЈАНИ, ДА ГО РЕНОВИРАТЕ ТРГОВИСКИОТ !
    А пастрамајлијата е мммм Најубава у цела Македонија !!!
     
  11. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    За жал живеам и јас во Штип. |(
    Значи како сите најзлобни личности да се собрани во овој град. :^)
    Во секој град има и озборување, трачеви и слично.. но никаде не е како во Штип.
    Толку расипан народ.... никаде нема..... :^)
    Никој не живее свој живот, туку сите ги живеат туѓите животи тука. Ова е моето мислење за Штип.
     
    На rak4estip и silvice им се допаѓа ова.
  12. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.730
    Баш така е.И јас живеам тука, ама не ми се допаѓа ич. Ни градот за живеење, а луѓето уште помалку. Ама овде сум се нашла тоа е...
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас сум од Бабите и за да стигнам пешки до Центарот ми требаат 40 мин. Многу е, што значи пешки освен во поблиските населби Сењак, Дузлак, не би можела да одам. Додека учев во Медицината, 10 мин. минимум ми требаше со такси да стигнам. Сеа, зависи од гужвата во градот, понекогаш и за помалку време стигнував. Штип е град на 7 ридови, веројтно знаете, затоа е така, има удолници и угорници. Имаме чист воздух, чиста вода, тоа е најбитно. Не е многу валкан градот. Ми се допаѓа и новиот плоштад, конечно го направија. Ми се свиѓа и што направија широки тротоари. За шеталиште се знае Сутлакот. Кафичи, дискотеки има, добар е ноќниот живот, и денската шема. Народот е секаде ист, било овде, Велес, Битола, Скопје. Таков ни е менталитетот, што да правеме. Мене не ми се допаѓа што немаме многу продавници. Една едносмерна само, а има малку продавници и бутици. Трговскиот дефинитивно треба да го направат и модернизираат, на ништо не личе.
     
    На pamelche и milenna.torres им се допаѓа ова.
  14. Alone-Girl

    Alone-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    27
    Ауу ви вреди Штипската пастрамајлија, најубава е :D
     
  15. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Ајде за тие од Штип една прашање, бидејќи ви сум иден сограѓанин. Како стоите со фитнес центри и имате некое посебно место за трчање, или кој каде сака ? :D
     
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Фитнес центри има скоро во сите делови во градот, а за трчање, кој кај стигне. :lol: Некои на стадион, некои во Су(и)тлакот, некој онака по тротоарот, секаде.

    Новиот плоштад не ми се свиѓа многу, особено не плочките. Ама слушнав дека на 8 Септември ќе го завршеле, па незнам колку е точно. Исто слушнав дека Пастрамалијадата се планира за во Септември на плоштадот, ама мене ми беше поубаво кога беше на едносмерната.
    Град како град не е лош. Има се‘ што треба само му фали патеки за ролери, велосипеди и за трчање. Реката кога ја почнаа, треба убаво да ја направат и трговскиот да го средат во најскоро време.
     
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Штип ко Штип незнам, добар град ми е.
    Можеби затоа што буди многу спомени и дешавки, а и оваа година ќе буди :lol: .

    За градот немам многу да кажам, но за народот можам со денови да зборувам.
    Со големо извинување до штипјани, не се сите исти, но повеќето коишто ги запознав и со коишто сум секојдневно се ствано никакви. Многу расипан народ. Ми доаѓаат и срце-мрце ти се изналицемери убаво, и само што се трга од тебе почнува да озборува. Како што кажа погоре Steff.Unique, секаде има озборувања, но никаде толку многу како во Штип. Не си го гледаат нивниот живот, туку животот на другите.
    Те гледаат како си облечен и само од страна коментираат и во фаца ти се смеат.
    Кога седнуваме на пракса, главна тема на штипјани им се озборувањата, и која девојка каква била и со кого била. Толкав град бре на сите им ги знаат имињата и презимињата.
    Само седам ги слушам (пошто јас ниедна од овие не знам) и само им велам дај престанете. Од каде знаете толку за нив. Па дури ме напаѓаат со тоа а ти која си па да ги браниш.
    Имам школски кои кога се зборува за нив фучат 300 на саат, и како можеле за нив така да зборуваат, а тие се главни трачетарки.

    И така јас си се дружам со другарчето од клупа. Штипјанка патем и многу поразлична од повеќето штипјани, па така си се најдовме во муабет.

    И сакав и јас да прашам. Залади времето кај вас навечер? :wasntme:
    Да знам како да се опремам од септември.

    Штип.
    Септември.
    Нов почеток.
    Нова приказна.
    Нови спомени.
     
    На GarpovaV и pamelche им се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Да, ладничко е, особено во Сутлакот, покрај реката таму.
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Затоа и го викат Змијарник бре :D И да, најарогантните кои сум ги запознала се овде. Значи, се занесуваат како да живеат во Менхетен бре, плус играат некои покварени игри, абе смешки за на филм. Ама нека, во суштина сите се добри и малку тажни деца :D

    Него, како се викаше оној чичкото со долгото репче во трафиката до Мако? Леле, значи може ли да постојат толку добри и топли очи. Значи Штип ти е град на контрасти, пошо оние кои се добри се најдобри! Запознав еден од Скопје, кој ми го фалеше како еден од најпријатните и најдобродушните.

    Смеам ли да кажам какво уживање е пица бурекот од Ребус? Ќе пукнам од задоволство! Со другар ми ќе седнеме на некоја клупичка покрај улицата на велосипетската патека и додека прашините удараат во нас, лакомо ќе живееме ]:)
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Вчера Тони Зен каква атмосфера направи во Angels. :bow: Јас само 2-3 песни му знам и не ми беше кој знае колку убаво, ама дека имаше атмосфера-имаше. Штом јас што не го слушам дома го пишувам ова, значи јако беше. :wasntme: Јесте да имаше многу мали, ама тоа е тоа.
    Многу јако беше овие денови на Summer beach festival.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.