Си седите со дечко ви, се галите, се палите, и кога одеднаш оп : Ве нарекува со друго име Што ќе направите
Леле од кај ги вадиш темиве Ќе реагирам бурно тоа сигурно. Тоа е показател дека нешто друго му е на памет и не треба да се занемари.
Па не знам како би реагирала но сигурно некако би .. хахаха Иначе ова никогаш не ми се случило и се надевам дека нема да ми се случи
Името не ми го имат згрешено само кога ќе му пратев поздрав по некој прашуваше која е таа. И секако дека реагирав на то.
како бе да ми го згреши името, маа нема шанси има некој напад да имам ќе го направам лом тоа е знак дека на некоја друга мисли па што му се испуштило. има еден пример на една другарка дечко и ја именувал со името на бившата и тоа преку телефон додека се расправале и овој а бе .... не ме нервирај сега уште толку
Јас му го имам згрешено името на дечко ми со еден школски, бидејќи ме задеваше и секој одмор го викав неговото име и ми се испушти. му кажав на дечко ми зошто му го згрешив името и потоа тој го направи пепел школскиот(и требаше) и од тогаш повеќе не ме задева. Ама многу бурно реагираше. да бев на негово место би му раскинала!
1.Ако сте на почетокот на врската и тогаш ви го згрреши името значи не ве познава доволно 2. Ако сте во подолга врска мислам дека тоа не е во ред можно е да мисли на друга или веке ја има
Јас имам бујна фантазија. И секогаш си замислувам Што ако... Си го имам и ова размислувано. Само незнам, некако многу ми е шпанска серија, таму обично во сон довикуваат други. А ако ми го згреши името веднаш ќе го пратам кај таа што ја помешал со мене
Ќе реагирам бурно и не знам дали после тоа ќе можам да бидам со него, а ако бидам сигурно нема да можам да му верувам.
Ќе го испратам кај таа со другото име... Ама пред тоа ќе си добие шамар сигурно, да се освести со која е