mene mi go ima zgreseno imeto i da me pomesa so negovata bivsa devojka koja navodno ne ne mu znacela nisto... sekako neznaev kako se vikala koga me narece po nejzino ime (se zbunil taka mu doslo) mi kaza. koga doznav deka taka se vikala negovata bivsa normalno i jas mu vrativ no ne odma pocekav da pomine nekoe vreme i toa dodeka bevme intimni! p.s. samo strogo treba ako on gresi jas ke gresam 2 pati poveke i mnogu poloso mu vrakam zosto ednostavo me boli koga toa se slucuva i den denes mislam na toa...
па незнам колку е здраво за врската враќање... сум пробала на таков начин, но ми изгледа излишно, затоа што е направено намерно... во ред е ете, еднаш да му вратиш, чисто поради тоа за да те праша зошто така си направила и за да осети на своја кожа како е да се најди во таква ситуација. Но сепак, тоа зависи од човекот, колку е осетлив и сето тоа, затоа што доколку е свесен дека тоа што го направил боли, ќе престани да прави такви нешта (доколку целосно се има помирено со фактот дека бившата е минато и крај и доколку навистина сака да биде со тебе). А постои и варијанта, да се нема помирено со тој факт и потоа пак истото да се повтори - па во тој случај, сметам дека би требало да се заврши таквата врска. А за враќањето - ако му враќаш за се што направил, и ако тој не престани со враќање - каде е крајот? Цело време ќе постои некаква непријатност..
Бившиот еднаш ми го згреши името, ме нарече по име на неговата бивша.Јас во тој момент не изреагирав, ама затоа послем неколку дена онака демек случајно го нареков со друго име.Е тогаш настана кавга!!Ама ич не му беше сеедно зошто сум му го утнала името.Нека види како е!!
Ми се случи еднаш, мада моево беше во „поблага“ верзија демек, не додека бевме во „запалена“ верзија, туку додека шетавме и разговаравме со девојката. И место нејзиното, на бившата името... И оп-цуп, цел ден пекол ми го направи; знам дека никогаш повеќе не би помешал име.
Луѓе сме, грешки правиме! Вакво нешто е можно да му се случи на секој, но, ако после тоа нема добро објаснување... Можеби се скарал со некоја колешка или со претпоставената на работа, па цел ден мисли на тоа... Досега не ми се случило да ме нарече со друго име, а јас неколку пати го имам наречено по името на брат ми ) Реакцијата не беше страшна, знае дека единствено брат ми повеќе ме нервира од него
Мојот е паметен, речиси секогаш ми се обраќа со некои слатки епитети од типот на: срценце, душичко, миличко, бело џигерче (се шегувам ) и сл., освен кога ми е лут . Така да шансите да ми го згреши името скоро и да не постојат. Шала на страна, би изреагирала во зависност од самата ситуација во која се наоѓаме и би проценила како да настапам на сцена, дали со боксови, дали со шлаканици и сл. Спојлер P.S. Во секој случај, не сум толку лоша. Полоша сум!
Ми го има згрешено името, со името на мојата најдобра другарка. Тоа беше на почетокот на врската, а и брзо се запознавме... Слични ни се имињата и други не мешале. Не ми беше баш сеедно ама ај. Среќа што не ме нарече по името на бившата негова...
Ми го згреши еднаш името и тоа ме нарече по една што го бркаше пред да биде со мене. И јас си преќутев. Ама не би била ја ако не вратам нели?? И така на сред галење мазење јас оп "случајно" го нареков со името на бившиот ми. Прво се налути ама кога му го втаив филмот малку си заќуте. Од тогаш веќе нема така глупост направено.
последните три бивши му се викаат исто како мене па не може да ме погреше, а и ако мисли на некоја друга (од бившиве) пак моето име го изговара XD
Не ми се случило ова до сега. Би ми било многу непријатно и незнам дали воопшто би искоментирала нешто. Ако се случи на почетокот на врската можеби и не е толку страшно...
ќе реагирам бурно,особено ако тоа е име на некоја негова бивша.. што до сега ми се нема воопшто случено ..
Ќе станам и ќе си отидам, па нека се помисли што напраил. Ако сме тазе во врска ајде де...ама ако сме подолго, никогаш нема више да ме види.
Не бе не го тепам какво тепање ама ке го изреметам скроз. Прво едно убаво ке се изнасмеам а после наредните 100 дена ке му се обракам со тоа име. Ако е Ивана на пример ке му викам ’’Кај си Ивче’’ Таа Ивана умо ти го испила и слично. Девојки реално да збориме на секој може да му се сличи да извади така од ракав некое име. Мене ми се има случено на другар да викнам по име на бивши дечко кој веќе ми е одамна преболен. Не знам како ми дојде така, ама тоа не значи дека не ми е заборавен. За еднаш само со реметење ке помине ама втор пат ако го згреши нека ми ја мисли. Секоја буква од тоа име низ различни делови од телото ке му ја вадам.