mi se ima sluceno ..ja i on idevme mn dolgo pa raskinavme i on imase devojka a imeto i pocnuvase so istata bukva kako mojata ..i od koa se smirivme edna vecer si lezime neso si se galevme se smeevme i on opp.. pocna da go kazuva nejzinoto ime i se prekina .. i ja go dokazav.. i veruvajte ne e ubava se ubiv od placenje ama sreka so znaev deka me saka )
Ми се има случено. И тоа со сегашниот сопруг! Пред мене имаше дооолга врска, а ние бевме тазе. една вечер се успавме кај мене. одеднаш срипа во 3 сабаје да си оди касно, ова-она и јас го натерав да преспие кај мене. Арно ама кога се јави кај сестра му да и каже да не го чекаат, по грешка место Нене си кажа друго име. Скроз несвесно. Јас му залепив шамарчина една и сирот само бледо ме погледна и ме праша зашто сум го удрила. кога му кажав готов беше да се расплаче од мака. Сакаше да си оди одма, ама го натерав да остане и да се извади за грешката
Досега мис е нема случено да го згреши името, ама сепак доколку се случи мислам дека тоа неможе да се занемари туку така. Еднаш додека зборував на телефон со еден (кој ми тврдеше дека многу ем сакал а јас бев скарана со дечко ми) по грешка му реков .. името на дечко ми, по навика, бев замислена и така. Затоа неможе да биде случајност ако ви се обрати со друго име тоа значи дека сеуште мисли на некоја друга и дека само физички е таму а не и психички.
Мене лично не ми се случило, ама на два дечковци/муватори на моја најдобра другарка им се случи да го кажат моето име. Сепак, мислам дека не е нешто сериозно доколку се случи еднаш. Постојано бевме заедно со другарка ми, па ете се случи. Но, доколку се повтори...е тогаш ќе биде големата. Јас во принцип сум љубоморна личност, така да мислам дека сепак бурно би изреагирала.
ми се има случено,на многу смешен начин мојот бивши дечко делумно разбираше македонски (неговите се од македонија но живеат во Германија и тој е роден таму но разбира македонски) Се запознавме во дискотека, и како и секоја двојка пред да стане двојка почнавме по кафенца да се гледаме почесто и после цела една недела во која ме викаше постојано злато , злато, ... И вели на сестрами....Па Јас и Биле бевме .... слушам во муабетот деке зборува за некоја Биле а знам дека бевме јас он и братучед му ....па му велам А коа е Биле А овој цел така збунет ми вели па ТИИИ Цела недела неговите заеа дека се гледа со Биле ...незнам зошто продолживме да одиме две години кога од старт се гледаше дека има misunderstanding
Мене ми се има случено, само јас го згрешив името на дечко ми. Бевме во дискотека, пред 3-4 год некаде, знам дека бев изморена, доцна беше, ми се спиеше, можи се имав малку напиено, не се сеќавам, али знам дека праевме муабет за нешто и бев сконцентрирана на тој муабет и одненадеж упс ми излета имато на едно машко што го сакав пред дечко ми. Ама не знам од каде, не знам ни зошто се случи тоа. Беше сосема случајно и не размислував на него за да речам, дека ете го мислев па затоа го згрешив. Беше нешто вака си прајме муабет и јас Симе сакаш да...и си продолжувам да си зборувам и после ми текна. Ептен ми стана незгодно, ме фати срам. Али грешки се прават и ова е ситница, не треба да се скараш со некој за ваква непромислена работа. После тоа си напрајвме муабет, се извинив и до сега ми нема речено ништо за тоа. После ко си почнав да викам срце на мајка ми , на сестра ми, на свекрва ми!! сонце на татко ми или на некој си трет. Леле ова нема контрола беее шо ми е
Не му се има случено,барем не до сега. Ама еднаш јас на зафркнција му викам брее Гоце -мислев на Гоце Делчев зашто не беше бричен и имаше малку бркчиња ама незнам зашто реков само Гоце без Делчев,и он кога ми даде еден вознемирен поглед неможев да му објаснам уствари што мислев..
Ми се има случено, му го згрешив името на бившиот со името на сегашниот дечко. Го сакав сегашниот дечко ама тогаш беше невозможно да бидам со него па имав друг дечко, кој знаеше дека сакам друг а го знаеше и неговото име. Една вечер седевме кај мене на улица и нешто се расправавме и јас во лутина го изговорив името на сегашниот дечко Кога ми текна што реков, веќе беше доцна, само што сакав да се извинам, тој стана и си замина, после ми пиша порака дека е не може да се бори против моите чувста после тоа не го видов повеќе.
Ми го згреши само еднаш, јас бев во шок но не му покажав тогаш ништо ионака врската ни беше при крај, после тој ден ништо не беше исто и не траеше долго
За долгите врски како мојата ми е незамисливо ова. Се ежам и од самата помисла. А за врските кои се на почеток до некаде и не е толку трагично, зашто се' уште се нема навикнато на вас и вашето име. Да му се случело тоа на дечко ми на почеток, само ќе сум се насмеала и денеска ќе го зафркавав за тоа. Неверство, вербална навреда, физички удар, заборавање на роденден и грешење на име се тие пет работи кои се показател дека нема љубов, нема почит и преку кои за ништо на светот не би преминала. Не ни разговарам, нема што да се разговара, автоматски ставам крај во моментот. Нема што да се разговара за ова кога нема што да се објаснува. Секоја девојка заслужува да биде единствена во очите и срцето на својот партнер кој таа го одбрала и да и' се посветува максимално внимание само на неа, не само физички туку и умствено. Не признавам оправдувања, доколку ви го згреши името значи дека мисли на друга и мислите не му се со вас во моментот, туку лета негде на друго место, толку. Една од најголемите навреди за една девојка и жена. И да простите тоа ќе биде само почеток на крајот.
Ќе барам објаснување обавезно нема шанса на така да го оставам има се да ми објасни инаку ќе го задавам
Ми се има случено. Си лежевме гушнати и јас го зезав нешто и тој ми рече престани ма Ивана (Ивана е неговата бивша со која 6 години бил во врска) и јас само се потргнав и го погледнав остро и пробав да станам ама тој ме гушна цврсто и почана да се извинува. Го прашав дали сака да си одам а тој ми рече дека сака да е со мене и не ме пушташе да си одам и цела вечер ме гушкаше и се извинуваше и не ме пушти сама ни до WC да одам немој да сум му избегала и ме молеше да му се развикам да го удрам само да не молчам (јас па и не сум по молчењето освен кога сум повредена). Цела ноќ се извинуваше и едвај во 7 сабајле ме пушти да си одам а јас му ветив дека нема никогаш да прозборам за случката. И еве сега една година подоцна уште сме заедно и му немам спомнато ниту еднаш за тоа а тој еднаш спомна дека тогаш било единствено кога некогаш се извинил на некој за нешто затоа што сум му значела многу.
Ми го има згрешено само еднаш тоа беше на почеток на врската, не изреагирав никако се воздржав, а само да згрешеше уште еднаш толку ќе беше од врската секундарно ставав крај, значи штом некој ти го греши името тоа е бидејќи е расеан и мисли на некоја друга или има сопствени проблеми, не дозволувајте да потрае тоа и типот да ве именува како сака
Јас ко што сум расеана и мислам на 20 работи истовремено, на сите им го имам згрешено името. На мајка ми и реков, бабо, на тетка ми мамо, на сегашниот му реков по име на бившиот, на еден друг не можев да му го запаметам името и му кажав дека ке го викам со друго име, на работа на сите им викам - дете, колешке, оти заборавам име, на бившиот откако раскинавме му реков магаре, несакајќи, ама така го викавме со другарките, и наместо ------ ај оди си, јас реков, магаре, ај оди си, на наставнокот му имам речено вујче, на брат ми ми имам викано друго име....хаос. И никој не ми се лути, па ни јас ако ми го згреши името, дури и денеска да го утне, ке се насмеам. Не знам оти толку сериозно го сфаќате ова?
Ми го нема згрешено името. Напротив, јас нему сум му го погрешила на неколку наврати кога сме се допишувале, па наместо правилно, сум го искуцала со некоја ситна грешка. Се убив од извинување, а тој наместо да се налути почна да се зеза и на моја и на негова сметка. Прекрасен е. Сепак, сега пред да пратам порака двапати проверувам, затоа што навистина е непријатно.