Секој има помислено па и јас...ама што би било се знае-лесно сигурно нема да е тоа е тоа Сакаш нејќеш,размислувала или не-кога ќе дојде тоа-е тогаш ќе мислите А еве можете и теми-Што би било ако мајка татко брат се стра другар братучедка почине Мислам претеризам
^ навистина е така......што ако размислуваш, се знае како ќе ти биде,излишно е да коментираш и да размислуваш....можам да пишувам вака ќе ми биде,така ќе ми биде,ама има само еден начин да ми биде некако-лесно сигурно не...кој поминал еднаш и доживеал смрт на некој близок знае како е,болката е голема за секоја загуба......а што ако-е тоа е големо прашање....зш бе да размислувам на лошо ----кога незнам утре шо ме чека,и несакам да размислувам -што ако,кога надвор е преубав свет и сакам да уживам на него додека сме тука со партнерот и со сите мои блиски, несакам да го замарам мозокот со тешки размислувања...дур неможам ни насловот на темава да го гледам,ептен ми бодеше очи Спојлер малку офф-татко ми епочинат,и што ако сум размислувала претходно ,едноставно сум се надевала дека нема да се случи на никој од моите блиски,оти никој не го посакува тоа а кога како гром од ведро небо се деси,џабе и да сум размислувала.....времето не лечи све,само те учи да живееш со болката.....
Лелее,постои скрол, и не се напињајте одма.Може сакам да размислувам на ваква тема океј? Не ја читајте темава,и поздрав.
Згрозена сум од насловот на темава, и не планирам ниту да ја читам, ама веќе неколку дена ми биде очи и неможам да си објаснам како некој може да размислува за вакво нешто, па уште на форум да пишува и да прашува што мислат другите. Демек, секој има различно мислање на темава, демек некој ќе каже нешто убаво... Дај користете го форумов за поведри нешта, а не за глупости! А темава е тотална глупост... Да беше : ШТО АКО ПАРТНЕРТО МИ РАСКИНЕ; ајде де...Ама ова неможам да го сфатам! Животот е премногу краток да си го замараме главчето со мрачни и црни теми, али мислење на НАЛОШОТО? Е тогш дефинтивно сте во тешка депресија!
За првпат во животот,предизвикана од насловот на темата,се замислив во таква ситуација! Дури осетив мачнина во градите и искрено мислам дека сум слаба да се носам со такво нешто! Не дај Боже, ни на мене, ни на никој друг! Јас сум приврзена доста со мојот дечко, правиме планови за заеднички живот, денот ми започнува и завршува со него и наеднаш се’ да исчезне, се’ да се претвори во ништо, се’ би ми било празнина! Не верувам дека времето би ми помогнало многу во таква ситуација (иако често мислам дека времето е лек за мн.работи) сепак ни времето нема да ми ја надоплни празнината! Ни друг човек до мене не би ми го надополнил неговото отсуство! Аххх,ептен се внесов во муабетов, а не сакам да си го расипам расположнието ! Добро е што само е ова прозивод на мојата морничава фантазиија,реалноста е за среќа поинаква!
Добро бре, не се потресувајте толку, сте се згрозиле, ваму -таму... дај прекинете.. Девојкава сигурно не размислува на тоа, ниту вас ве тера, само отворила тема и очекува искрени одговори на истата. Не значи дека е преокупирана и забуљана во “мрачни и депресивни“ теми. Онтопик: Мене би ми било тешко, најверојатно би ми требале 2-3 години да прежалам.
Темава може не е за на форум, може е морбидна, но факт е дека смртта е составен дел од животот и е тука, па дали ние сме размислувале или не за неа, исто ни се фаќа. Ме поттикна да пишувам на темава сонот од вчера. Сонував дека умрел, не знам како, не видов, само се видов себеси во сонот, затворена во соба како плачам деноноќно и не можев да се помирам со судбината. Болката беше преголема, мислев дека нема да можам да се оправам, дека е најдобро и јас да отидам по него. Неговото лице нон стоп ми беше пред очи, секое негово движење, како ме зема во прегратка.. Не знам, дури и во сон беше ужасно, сум плачела, се разбудив со траги по лицето, а па вака не знам како воопшто би го преживеала тоа. Едноставно не можам да го замислам моето постоење без него... Затоа можам само да си се надевам дека ќе си умреме како зајадливи старци што виделе скоро се од животот, па смртта носи само олеснување...
Факт е дека на темава имам размислувано повеќе пати и исто така такви нешто премногу ме плаши. Откако сум со него, знам само за него, дишам само за него, живеам за него .... а да го нема ... целиот свет би бил една огромна празнина, една црна дупка која би ме проголтала .. И како што ќе ја снема мојата причина за живот ќе ме снема и мене со неа, никогаш не би можела да преболам. Затоа единствено се надевам дека јас ќе умрам пред него Тој полесно ќе ме преболи
Не сакам ни да помислам на вакво нешто а за жал имам помислено и кога се караме постојано ми текнува дека утре може да не нема и..размислувам поинаку. Целиот свет би ми се срушил врз глава, не знам како понатаму, за ова нема лек.
Можеби е за некој морбидна,океј,многу малку,на некои им се грозело дури гледам,ама како што кажа Реинбоу ете,смртта е составен дел од животот. Секако,и мене не ми е мило и драго за тоа да размислувам,и дека најдобро ќе знам што да правам ако се случи тоа,но некогаш вреди да размислиш сепак. И малку ,површно да размислиш,знаеш дека ќе биде многу тешко за пребол.И да се карате,и да се тепате,да снема некој од твојот живот кој ти значел толку,е претешко за луѓето. И Плавушка еве,кога се карате за ситници,небитни работи,ти текнува на нешто,што би се случило,и веднаш размислуваш позрело,поинаку.
Што ако почине? Па искрено незнам и не ни сакам да знам,страв ми е да помислам на такво нешто а не па да доживеам
Никогаш не може да знаеме што ни носи животот. Сум размислувала на оваа тема повеќе пати и не можам да кажам дека не се плашам. Се плашам од смртта премногу, најмногу затоа што е нешто неизбежно. Го сакам премногу... Незнам како би издржала без него, би ми било премногу тешко веќе никогаш да не го видам, да живеам само со спомените од деновите поминати со него. Повеќе ништо не би било исто, без човекот за кого живеам. Мислам дека никогаш не би преболела, никогаш веќе не би била истата. Не би можела да издржам.
јас се соочив со ова нажалост иако бевме деца (во средно) и не бевме во врска . Го сакам премногу и најмногу жалам што не бев со него, што ја послушав мама (која ми мислеше убаво) . Беше болен од рак ама се лекуваше. мама знаеше и затоа ме советуваше колку е тешко бидејќи не знаеш што следи понатаму и јас бев свесна за тоа. кога почина ми беше претешко. понекогаш одам и си седам на неговиот гроб ТИ СИ КАКО ЅВЕЗДА ШТО ПЛАВО НЕБО КРАСИШ, АНГЕЛИ ТЕ ЧУВАЈУ ДА СЕ НЕ УГАСИШ. ЗАТО НИКАД НЕМОЈ ДА ПАДНЕШ С’НЕБА ЈЕР ПОСТОИ НЕКО КОМЕ ТВОЈ СЈАЈ ТРЕБА! miss You
Лелее,жалам. Да сакаш некој,и да ти замине,еве ти се поклонувам за храброста што си ја имала,да издржиш,да продолжиш понатаму...И да не си во врска,сепак,претешко е.
храброст најмногу ми беше тешко кога бевме на екскурзија во средно ... требаше да иди требаше да ми биди партнер за матура
Тоа е,можеби животот продолжува,но сеќавањата секогаш се врежани во срце,и ништо не може да ги избледи.
Можеби е ова типично детско однесување, но јас незнам што би правела Ако него го нема, мене ќе ме нема... никогаш не сум можела да сакам друг и друг да ми се допаѓа, тој ми е цело време во паметот... го сакам најмногу, само тој ме прави среќна, тој е секогаш тука за мене и знае што сакам и што ми треба секогаш... би го дала својов живот за него... ако почине тој, и јас со него.. можеби не физички, но психички сигурно
Хм,не верувам дека е детско однесување,има многу што го делат истото мислење со тебе,а до негде се пронаоѓам и јас.Но сепак,работите поинаку се сфаќаат кога си повозрасен,затоа продолжуваш со животот,иако е тешко.
Не верувам дека би останала присебна. Штом тој е мој дечко, јас сигурно го сакам можеби и повеќе од себе. А уште една смрт на ептен блиска и сакана личност не би поднела лесно, без последици. Подобро да раскинам, ама да знам дека е жив...така полесно би продолжила да живеам. Ама секој следен ден да се будам со очите на горе, барајки го него во небото, секој следен ден посетата на неговиот гроб да ми станува се потешка...тоа не би го издржала...
Уф не сакам ни да помислам на тоа...Јас не можам да се помирам ќе се мрднам од тоа што не сме заедно, а знам дека е добар, здрав и жив, а не па да почине... па мислам дека и јас би умрела од жал по него... те сакам да знаеш иако не сме заедно