Никој не го посакува тоа , ама животот продолжува. Малку ме лути кога ќе прочитам ако умре тој и јас ќе умрам со него. Не, не би го заменила мојот живот со неговиот..Ќе ми биде многу тешко и незнам ни самата како ќе го надминам тоа..но луѓе губат и деца што е најболното нешто што може да се случи на еден човек..па повторно како-така продолжуваат да живеат. Едноставно има уште многу работи за кои би продолжила да живеам, ќе помине многу време но може некако да се надмине..не очекуваат уште многу други убави работи во животот за да го прекинеме заради личност која што ја сакаме но сепак незнаеме уште колку и дали кога би била жива би останале заедно . Пак ќе повторам би ми било тешко многу..ќе поминат години додека психички не оздравам..ама мојот живот би го менувала само за животот на моите родители и за животот на сестра ми. Можеби звучам себично но сега за сега така размислувам.
Сите треба да размислуваат што потоа. Сме размислувале со маж ми, сме разговарале, тестаменти сме направиле и животите сме си ги осигурале. За болката која ќе боли не можеме да се спремаме, не можеме ниту да знаеме колку ќе не боли и како ќе преболиме. Тоа реално не се ниту замислува додека не те удри. Како дојде така ќе се справуваме. Барем да му се олесни животот финансиски на тој што боледува и тагува, за тоа можеме да сме спремни. Знам на некои од помладите грубо ќе им звучи, нечуствително или неромантично, може и себично не знам, ама ако маж ми отиде пред мене јас не планирам да сечам вени, а и од него очекувам дека ќе живее ако јас одам прва. Реалноста е баш таа, дека животот тече натаму, а за живот требаат пари. Да, ако он отиде пред мене ќе ме боли срцето, ама ќе ме боли дома, со отплатен кредит, со време кое ми треба да си дојдам на себе, да се соочам со тоа што се случило, а не две недели слободни колку да го закопам и назад на работа оти сметките не чекаат. Ако го изгубам човекот, зошто да изгубам се друго што заедно сме градиле? Познавам жени на кои им се има случено, па кај емоционална болка и уште стрес за кај ќе им живеат децата им фали во тие моменти.
ги читам одговориве и.. незнам баш како се чувствувам, само знам дека повеќето од вас грешат. неможе да речете дека ако замине партнерот и ти по него одиш. прво, најблиските личности во твојот живот се твоите родители. јас ја имав таа несреќа сега брзо да го изгубам едниот родител, а секогаш сум велела дека ако останем без татко ми и јас одма ќе умрам. ама преживев... тешко, ама...не се умира така. на другите сум им потребна. доколку дечко почине, дали би сакала таа тежина да им ја давате на родителите? да починеш и ти?? доколку, пак, е сопруг, каде се децата? во секој случај е претешко, аа животот оди понатаму. не е работата дали ќе ни дојдат тешки моменти во животот, туку како ќе се соочиме со нив. мора да сме сите силни за се што не очекува. никогаш ништо не е сјајно и розево. затоа уште еднаш ако речете-и јас ќе умрам со него, малце подлабоко размислете, или ништо не пишувајте. не е така. да знаете. колку и да сакаш некого! daddy...
Баш сега сум на свадба на блиска пријателка која маж и почина пред 8 год. Таа беше 27 год. со бебе во раце. Нејзината болка беше неизмерна. Со тек на времето свати дека мора да живее поради детето и животот тече понатаму. Пред 2 год. се запозна со сегашниот маж да еве сега стапат во брак. Мислам дека нема што повеќе да се каже, вели таа. Болката секогаш ќе ја има и нема никогаш да го заборавам. Не фер ќе е од моја страна да не продолжам со животот, не го милувам детето со насмевка и не му влејам доверба дека јас сум среќна... Уште еден случај. Пред 5 год. почина жена на еден странец. Таа македонка а тој белгијанец, нивната љубов беше неисцрпна. Децата беа мали, уште одеа во основни училишта кога таа дозна дека има рак и избројани денови. Како сега ми е пред очи сликата кога таа на постела го преколнуваше да после нејзина смрт си најде др. жена, децата ги изведе на пат и да биде погребана со музика од Зорица Брунцлик. Тоа беше необичен погреб - нејзина желба. Додека одеше поворката во позадина одеше музика од Зорица Брунцлик. И ден денес тој нема одмор или годишнина после толку год. да не ја посети Македонија. И покрај тоа што има др. жена тој со болка во срцето зборува за првата жена. Нема празник или некој др датум да не се јави на најблиските и да ги испоштува (научи мак. јазик да зборува перфектно). Тоа се судбини. Од моја гледна точка би сакала ако прва ме снема да си го продолжи животот. Знам дека некои работи не се забораваат туку така ниту пак дека времето ќе ја излечи раната. Времето може само да ја залечи или да ја потисне, а засекогаш ќе остане. Едно е ако партнерот го снема додека сме млади а друго кога сме постари т. е во третиот стадиум од животот кога целосно си предаден на децата и внуците. Излишни се тестаменти и др. работи кога никој на овој свет не понел со себе на 2метра испод земја.
Сувишно е да правиш тестамент и така останува на тој што е жив и на децата (прв ред на наследници, со Закон е загарантирано правото), освен ако несакаш поинаку.
Со оставен тестамент наследството се средува многу побрзо, и многу поевтино, без разлика дали е поделено како по теркот на стандард закон, дали е подеднакво, дали некој добил повеќе од друг, или некој не е вклучен воопшто. Вреди да се има само заради времето и администрацијата ако не за друго. Инаку не знам како е во Македонија, кој има право на што, ама еве на запад ако еден брачен пар почине, без тестамент, точно 100% останува на другиот брачен партнер. Децата не ги следува ништо, освен да бидат одгледани од преживеаниот родител до 18 години. После може на улица да ги истера. Во случајот еве со странецот и неговите деца од првиот брак, ако втората жена го надживее, ќе добие се а неговите деца нема да наследат ништо ако таа така реши. Во ред ако не биде така, ама кој е тој што ќе гарантира? Не само во таков случај, оти секакви родители има.
да не даде Господ да с едеси такво нешто,,секој ден се молам,,господ да не чува.......инаку не знам што би било,,,уништена би била,не би сакалаа воопшто нисто во животот
Аууууу некете да знаете какво е чувството кога ке ви соопштат дека него го нема,.....многу ми е пресно за да можам повеке да искоментирам и да соделам некои работи, но во некоја надредна прилика ке се обидам...поз
Темава првпат ја гледам, и да ви кажам имам размислувано морбидна е. т.е. Имам сонувано како мојот сакан умира, толку ми беше тешко во сонот што од плачење неможев да дишам и се рабудив со солзи на лицето и мокра перница..... Незнам што би направила, стварно со него сум 9 години, цел мој живот е ТОЈ. Господ нека не чува сите! И да не мислиме на вакви страшни работи... Секој ден живеј го како да ти е последен!
Човекот е единственото суштество на планетава кое е свесно за својата смртност и го носи бремето на тоа да размислува околу ова прашање. Невидена е болката која се јавува само при помисла на загуба на најблиските, дури и оние ситуации кога не сме биле начисто што се случува или ако некој близок бил некако загрозен се прав кошмар, но за жал смртта е дел од нашите животи и туѓата и нашата. Сепак и покрај огромната душевна болка и празнина која може и никогаш не би била целосно пополнета животот продолжува понатаму. Она што човек може да направи е да го чува верно поменот и спомените на починатиот, да продолжи да биде подостоинствен и подобар во суштина човек наместо да се огорчи и наполни со безпричинска омраза кон сите поради загубата, бидејќи секогаш постојат причини за живот и никој веројатно од нас не би сакал по сопствената смрт да остави зад себе луѓе неспособни да продолжат понатаму со сопствените животи. И колку сурово и да звучи мора да се прифати фактот дека секој имал, има и ќе има свој независен живот и надвор од рамките на најемотивните поврзувања - партнерски или родител/дете. Дури понекогаш не умира некој од партнерите туку љубовта и тогаш доаѓа најмногу до израз дека и надвор од тој партнерски однос секој ќе има свој тек на животот кој ќе го креира сам. И клише е ама истовремено и најголема вистина дека сами доаѓаме и сами го напуштаме овој свет. Затоа, она што единствено сме во состојба да направиме за најблиските е да се трудиме да си пружиме меѓусебно најмногу што се може да се пружи во и онака временски ограничениот престој кој ни е даден на сите без исклучок.
Темава навистина е тешка зошто е една од нашите најголеми внатрешни стравови. Мое мислење е дека нема баш ништо што можеме да промениме или пак да спречиме да се случи,ЕДНОСТАВНО МОРАМЕ ДА ПРИФАТИМЕ. Не е лесно и не треба да биде тоа е факт,мораме да сфатиме дека еден дел од нас сме изгубиле засекогаш,можеби после некое време болката ќе избледи и мислите ќе ни бидат насочени на друга страна,но лузната ќе остане за да не потсети на едно време кое било дел од нас самите.
темава ми е морбидна, едноставно секогаш сум настроена со позитивни мисли,верувам дека ќе останам со саканиот,дека ќе бидеме среќно семејство,со дечиња,љубов,хармонија,радост...
Мене и ова ми се има случено. Бев баш во пубертет, ми беше тешко, имав навистина лош период, не сакав да одам на училиште, сред часови станував и си одев, немав волја за ништо... меѓутоа се поминува. Морам да бидам искрена дека сега и кога се нервира дечко ми, кога е напнат, не ми е сеедно, навистина се плашам ... но сепак, телото не е вечно, душата е таа која останува вечно, па ако сакаме и се потрудиме секогаш ќе можеме да ги почувствуваме нашите блиски до нас
Е па можи звучи чудно но имам размислувано, и да тешко ми е да признаам но имам страв од смртта, и температура да имам пример знам да помислам на смртта, често се прашувам, што ако починам, ниојнезнај што ќе се случи утре, и ако починам би сакалада видам како ќе реагират моите најблиски пред се дечко ми, знам дека ме сака но колку, како ќе го поднеси тоа, незнам, секогас имам сомнежи за се околу мене па и за тоа дали ме сака и колку ме сака дечко ми......А од друга страна да многу се плашам што ако почини дечко ми, впрочем тој е мојот живот и мислам дека нема да можам да продолжам понатаму, едноставно таква сум се врзувам за личноста што ја сакам целосно, а малку се тие личности, замислете имам размислувано што кога ке остарам, не сакам повторно да останам сама, сакам да починам заедно со мојот сопруг(се надевам тоа ќе биде дечко ми) можеби звучи глупо но таква сум, или можеби така размислувам сега ....... who knows?
Сигурно многу ќе се променам и нема да можам долго време да го преболам тоа.Но, не ни сакам да помислувам на тоа.
Чувај Боже од вакви работи, страф ме фаќа само кога ќе помислам на тоа.. После тоа никогаш не би била истата јас.. а искрено и не верувам дека би сакала пак без граници како што го сакам него сега.. Во секој случај, не е нешто чудно, во последно време се почесто се случува ама според мене најлоша работа. Пак ќе речам, само Господ да чува, ваква работа никаде да недаде..
Не е лесно али сепак Живот иде даље! Што ако плачиш,се убијеш,се дрогираш или што ти не глупости.Тој нема да се врати!Само што покрај уште една болка на родителите ќе им нанесеш уште една. Затоа луѓето се сакаат додека се живи,а откако ќе умрат тие се само сенка на нашите сеќавања...
во животот се е навика, се навикнуваме на луѓе/работи, како да живееме со нив и кога ќе се соочиме со фактот дека нема да се вратат во нашиот живот мораме да се навикнеме да живееме без нив, само со мемориите и фотографиите... Сите имаме некоја личност што ни недостасува и заради било која причина не сме веќе со неа, па ете тука сме. Животот продолжува!