Се ежам коа ке помислам на ова... После тоа јас никогаш не би била истата , секогаш во мене ке постои некој страв.. И после тоа не верувам дека ке сакам некого како тој шо сум го сакала ...
Доколку сум во брак никогаш потоа нема да се потрудам да бидам со друг,поготово ако имам дечиња од починатиот..А доколку сме во долга врска,ќе попудалам,знам дека ќе биде тешко а знам и дека никогаш нема да ми помине..Ќе се омажам после 4-5години со друг и семејство и се,но никогаш нема да заборавам,кога и да се сетам ќе боли..
Уф темава е морбидна но сепак вистинска и не дај боже да му се случи никому па и мене,Инаку секојдневно паметот ми оди на оваа тема и помислувам дали сопругот е добро пошто е стално на пат шофер е , А пак усте потешко е да сте родител и да имате дечинја и да сте поминеле фаза од неколку години каде што може да се случи нешто со вашето дете Бидејки син ми е роден предвреме едвај живо остана и секоја минута беше критична по неговиот живот а бидејки беше роден со аномалија имаше и 3 часа операција кај што животот на конец му висеше.Така да многу пати имам размислувао на оваа тема затоа што самиот живот ми го наметнал ова за да го размислам Но јас одам напред со една мисла БОГ Е ГОЛЕМ И ТОЈ КЕ ЈА ЧУВА МОЈАТА ФАМИЛИЈА Инаку стварно незнам што би правела имаше еден период каде што имаше многу лошипрогнози за животот на син ми и стварно мислев ако се случи најлошото дека и јас ке се самоубијам потоа но што ке се случи со керка ми неможев заради неа да се осудам на самоубиство кој ке ја чува неа? како ке расте без мене?Но се се среди и сега сме ок сите и не се влецеме по болниците фала му на господ и син ми е добрар и конечно си најов мир водусата од оваа тема смрт на најблиските
Не сакам ни да помислам на тоа,затоа единствено што сакам од Господ е да умреме двајцата на ист момент,нејќам ниедниот од нас да страда Али ако се деси додека сме во брак и имаме деца тогаш се се менува,знам дека не би ми било лесно ама би требала да стискам заби и да продолжам понатаму за иднината на моите деца. Хух што тема ќе беше ова??
Јас имам една блиска личност на која и почина сопругот,а имаат 2 мали дечиња,полошо од ова нема,јас се осеќав разочарана а пак неа како и е само она си знае,нема утеха(
Се согасувам дека доколу сме во брак и имаме деца тешко е птоа да се најде пофторно родител на тие деца кој ке ги прифати како свои. Еве јас сум во таква ситуација само то со таа разлика што мојот сопруг не е починат туку сме разведени но за мене тој е мртов човек. Јас никогаш не се премажив заради децата, но верувајте ми дека е многу тешко да им бидеш и мајка, и татко на сопствените деца да немаш на кого да се потпреш, но најтешко е кога ке си легнеш навечер сама кога нема кој да те гушне и утеши. Секако тука се и они потреби кои ги има секоја нормална жена да бидеш со некого само поради секс ке те прават курва, да се премажиш е тешко дали, и како ке бидат прифатени тие деца и понекогаш се прашувам дали сето тоа вредеше, но кога ке ги погледнам моите 2 Анѓелчоња, кои се сега веке големи девојки свакам дека вредело и те како. Но доколку се работи за врска сето тоа се заборава ке се појави нова љубов и после пар години нема ниту да се секаваш на него иако гледам сега има секаво коментари но во суштина дололку немаш нешто што секојдневно ке те потсеќа на него се останато ке избледи, како впрочем кога некого сакаме и тој ке замине со друга, нормално е дека пофторно ке сакаме некого и дека пофторно ке бидеме среќни никогаш неможеме да кажеме дека ете тоа е тоа и дека после него нема никогаш да сакаме некој друг, како што неможене да кажеме дека некого ке го сакаме до крајот на животот се е тоа релативна работа и љубовта може да си замине како и што дошла и обратно.
не дај господе до тоа да биде зивотот нуди се и сесто..сто сакаме и не сакаме-на крај го прифајкаме тоа со болка а тоа сто сме го сакале сме биле пресрејкни... доколку биде такво несто би ми било премногу теско и болно..на некој нацин зивотот мој заврсува со него,,,он ми е прв за се,па сега и сопруг скоро ми е....не би мозела да го поднесам тоа,,би седела во едно место би плацела и така би се унистила....а мозеби и би отисла со него...многу го сакам мојата иднина е со него..GO NEMA NEGO ME NEMA I MENE!!!!.. иако знаеме да се караме и нервирам...каков таков го сакам...... NE BI MOZELA DA PODNESAM!!...GO NEMA ME NEMA
Пред некоја година почина дечкото ( во несреќен случај ) на една моја пријателка. На почеток беше ко изгубена, сите се плашевме за неа но после некое време ( немаше ни пола година од смртта на момчето ) кај неа се слушнаа тапани СРЕЌНО СИ СЕ ОМАЖИ а со починатиот беа во долга врска, пред веридба
Ааааааааааааааууууууу . Пу пу пу пу пу пу пу пу пупу пу пу пу пу пу пу ....Скраја да е.. Без него не ќе можам..
Со самата помисла ми доваѓаат солзи ... не сакам да размислувам на такви теми, и многу ми е тешко кога ке се замислам не сакам никогаш да се деси тоа
Ме заинригира темава Синоќа кога се враќавме од дуќан накај дома одевме со такси и за сосен малку ќе се судревме некако одвај закочи таксистот,јас се стаписав беше толку морничаво што јас не би можела понатаму не би знаела како. Мојот живот би се срушил како кула од карти
Што би било доколку се случи такво нешто, не сакам да размислувам на таа тема. Но не ретки се и таквите случаеви. Има период на болка на скршеност,страв од дополнителна загуба на уште некој близок. Но едно е сигурно и докажано низ целата човечка пишана и непишана историја. Времето ги лекува дури и најдлабоките рани. Не кај сите е исто и не за секого важи истото, познавам личности кој што го изгубиле партнерот. Некој за многу брзо време си нашле друг и го потиснале во сеќавањата стариот, други знам што сами растеле деца од најмала возраст, и не им ни паѓало на памет за друг партнер. Мојот брат загина 2001, снаата долго долго време од работа дома, од дома на работа ( не ме сваќајте погрешно) дури и беше охрабрувана од страна на мајака ми да си излегува да си се дружи да не се затвара дома. 2007 се запозна со еден фин човек господин ја прифати и нејзе и детето, сега живеат заедно. Снаата редовно доаѓа кај нас на гости, скоро секојдневно живеат на стотина метри од нас. Никој никој никогаш не ни посмислил да и рече нешто поради тоа што сега е со друг, јас лично дури и се радувам поради тоа ( не дека не сум го сакала мојот брат ) Се радувам за неа прекрасна душичка ми е снаата,но ете брат ми го нема не значи тоа дека таа треба да остане сама целиот живот. Човекот со кој што живее сега беше доволно културен да дојде кај нас дома за да го запознаеме, да видиме со кого ке живее нивното внуче. Освен тој еден пат не дошол повеќе, не од срам туку од почит и не сакајки да го валка споменот на братми. Поентата ми беше кога тогаш се навикнуваш со текот на времето кон нечие отсуство,а никој ама никој не заслужува да биде сам во животот.
Не сакам да размислувам за темава. Но, ете татко ми починал после 4 години брак. За мајка ми животот застанал, сме и останале само ние и целосно се насочила кон нас. Често знам да ја прекорам поради тоа, животот продолжува понатаму, мора човек да живее, да се дружи. Болката останува, со тек на време ќе се намали, но мртвиот е мртов, а живиот жив.
Што би било кога би било ? Што да пишам,ќе ме боли,ќе се затворам во себе,ќе плачам,ќе бидам лута на животот,ќе се мрднам и од паметот,но еден ден ќе морам да решам да го продолжам животот напред. Нема полоша работа од смртта.. Кај ја отворив темава кај прочитав кај почнав да пишувам
Не дај Боже да се случи прерано. Не дај Боже. Не знам со кои сили би продолжила понатаму... Нека си оде Дедо Боже по ред, по старост...
Баш размислував на темава пред некој ден...моето решение е дека животот сепак треба да продолжи колку и да е тежок и болен тој факт. животот на тој што останал не може да заврши во моментот кога ќе го напушти партнерот... целосно се согласувам со DebbieLegg