Незнам што би правела... ама не сакам да биде така, а имам размислувано на оваа тема многу пати и кај ја видов незнам, ми се поремети цела вечер...
Не ни сакам да размислувам на оваа тема, но човек треба да биде подготвен на се. Сигурно дека нема да ми биде сеисто и ќе треба многу време да го надминам. А ако сум во брак и имам деца никогаш нема да се премажам.
.. една другарка го има доживеано ова, нејзиниот дечко со кој беше во врска година и неколку месеци го удри воз пред нејзините очи.. можеби некоја од вас слушнала за оваа вест, брзо беше сеа, имаше по вести, секаде.. ии таа случка ме натера да помислам што би се десило ако и мене НЕ ДАЈ БОЖЕ некогаш ми се деси ова, и ств незнам, после толку размислување.. неможев да најдам одговор.. туку да се доврзам за другаркава, до ден денес е под седативи.. греота!! мнгоу лошо, многууу!!
Е па нека му е лесна земја! Ако почине незнам како ќе живеам, како ќе се чуствувам ужасно која болка ќе ја трпам во себеси тоа највеќе боли. Ама на почетокот така ќе биде, после се оладуваш и нормално дека ќе бидеш со друг нема сама да седам поради партнерот што ми скапува во гроб. Никогаш нема да го заборавам ама нема сигурно сама да седам и да тагувам да очајувам да паѓам во депресии да се уништувам...
Не сакам да размислувам за тоа, бидејќи ми доаѓаат солзи на очи од самата помисла. Со дечко ми имам разговарано на оваа тема. Тој ми кажа дека би бил најсреќен доколку би била со нашиот најдобар другар, зошто во него има најголема доверба и знае дека никогаш не би ме извисил. И јас би била доколку тој е со мојата најдобра другарка, но и со било која друга која би го правела среќен, макар некоја што не би ја поднесувала, само тогаш да е среќен.
iako sum na rabot na raskinuvanjeto(bar jas taa mislam) me boli samata pomislla a bi se molela i jas da umram samo za da bidam so nego i na drugiot svet.
Не сум во врска со него, ама ако му се случи нешто ќе умрам со него Иначе и јас имам многу пати помислено на ова.
Искрено немам размислувано на темава дури несакам ни да помислам сигурно би ми било многу тешко и незнам како би се вратила во нормала,физички ќе постојам но психички сигурно ќе биднам некаде далеку,некаде покрај него најверојатно ќе ми се вртат сите случки со него ќе ми се премотува филмот со моментите со него мислам дека никогаш солзите нема да ми престанат по некои мои претпоставки ќе западнам во некоја тешка депресија, ќе бидам изолирано од целиот свет па можеби во такви ситуации да посегнам и по мојот живот бидејќи сум премногу поврзана за него
неам размислувано на оваа тема , сеа ме растаживте ептен јас мислам дека би се пореметила дефинитивно да се случи такво нешто не дај боже
Дел од душата не мора да ди со оние кои ги сакаме.Ако тогаш го сочуваме делот кој нив им припаѓа,и покрај болката која разбива,тие секогаш ќе бидат тука.во секоја наша насмевка,во секој успех,во секој нов ден. Сето она што со денови го вградувале во нас љубов,топлина,насмевка,знаење,нежност...и понатаму е тука во нас.Мораме да тргнеме напред,не е природно да застанеме,враќаме.Да се помине потполно низ тагата,болката,брановите емоции.Мораме да пуштиме времето да ги зацели раните.И да се даде на себе доволно време.Задржете во себе ни малку огорченост,повреденост,чувството на вина,неправда ,жал за она што би можело да биде.И тогаш кога ќе прифатиме дека тие се дел од нас,имаме причина да бидеме радосни,храбри.Да бидеме тоа за нив.
Навистина жална тема, ама и ова се случува.... Е, сега има разлика дали починал пред свадба, после свадба, на старост...итн. Познавам многу случаеви од околината, и навистина е тешко закрепнувањето после ваква ситуација, ама времето лечи се. Мора да се продолжи напред.
неможам ни да го замислам тоа..... само ке се помолам на господ нека ме земе мене пред него бидејки јас би умрела од болка по него...вака ако отидам пред него нема ништо да ме боли и да осетам а на него да му се случи нешто јас мислам дека ке спобудалам...му се случи една несрека скоро незнам како да ја нарчам дали мала или голема но мн беше опасно јас бев полу жива...затоа секој ден му се молам на господ да ми гу чува моето ангелче така и мене ме чува господ..кога тој ми е жив и здрав јас сум пресреќна поголема срека од тоа за мене нема .
секако дека би биле тешко но живото мора да продолжи, би било убаво кога би умирале сите на старост но за жал не е така, јас партнерот не го изгубив но изгубив многу драги и млади личности
неодамна сонував еден сон и во него ми кажаја дека имам рак незнам на сшо беше ама и ми кажаја дата демек до тогаш ке умрам ...јас ништо се си функционирам нормално....после ден два ми кажува дека мојот тест и тестот од мажот ми се помешани односно дека јас сум здравата а тој болен и него деноите му се изброени....неможам да се помирам со ова зошто тој зошто не јас помислата дека би го изгубила би била многу тешка за мене...неколку дена не функционирав како што треба од самиот сон а не па на јаве да ми се случи мислам дека пред него че ме закопат....
Многу е тешка загубата на сакана линост што многу ни значи, но животот е таков, секој што се родил и ќе умре, и ужасно боли кога тоа се случува непредвидливо, а не во длабока старост. Јас останав сама со моето дете и што сега , да се предадам ли? Морам да гледам напред и да одам напред заради моето дете и заради мојата вера во Бога која не ја изгубив, А БОЛКАТА, СПОМЕНИТЕ И СКРИШНИТЕ СОЛЗИ ОСТАНУВААТ ДОДЕКА ЌЕ ДИШАМ.
Многу болно нешто. И колку и да сакаш да заборавиш,тоа многу тешко би одело. Си замислувал дека со таа личност ќе бидеш цел живот и оп одеднаш исчезнува. Не знаеш дали е на сон дали е на јаве.Повеќе би сакал некој да те штипне,да те разбуди од кошмарот,но сепак си свесен дека си буден и дека сето тоа е вистина. Не можам и не сакам да замислам како е.Како ни е пишано така.Само Господ знае што и како. После губењето на саканата личност закрепнувањето нема никогаш да го дочекате. Колку и да мислите дека полека заборавате и дека научивте да живеете и без таа личност,сепак тука се спомените и солзата ќе остане вечна во вашето срце.