Кога ќе ја видам темава ми навираат солзи, недај боже да се случи такво нешто, нема да можам да издржам ДЕФИНИТИВНО. еднаш изгубив другарка која ми беше како сестра,и сеуште ме боли кога ќе се сетам на неа, многу сум емотивна, НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА се случи такво нешто. Нема да можам да преживеам!
Единствената работа во која рацете ни се врзани - смртта. Никад не би сакала да размислувам за вакво нешто и не дај боже да ми се случи нити некому да му се случи. Многу е тешко дури и претешко, за животот по тоа.
Шок! Леле ќутам не коментирам ништо ама мислењево како да е пишано во тема: Што ако дечко ви отиде до продавница без вас? Скапува во гроб?! Иако е ова тема шта би било кад би било како може некој да каже вакво нешто за било кого а не па за партнер еј. Скапува во гроб? Омг Добро и јас па се чудам, свашта има... Не дај боже, јас година дена не можев да се оправам кога почина моја многу блиска личност, вакво нешто да се деси, не знам стварно.
хаххахаха ,ова виц е или што? Стварно свашта ќе прочиташ Под хитно, форумов над 18 год да биде,ПОД ХИТНОООО
Ама страшно е што и да го стаиш над 18 они ке си лупаат дека имаат 18 и ке се зачленуваат. А уште пострашно е што има и луѓе што имаат далеку поише од 18 години али немаат мозок, а ни душа...
Спојлер Многу ми е мило кога ќе видам вака дека некој успева, секоја чест жено, ти спуштам капа за твојата храброст А јас ? Во моја кожа да не влезе никоја, на најголемиот душман не му го поскаувам ова. Морав да се искажам, морав. Не можам повеќе да се стегам, не разговарам со никој, во темница сум. Спојлер Беше тој грозен 21 Ноември. Утрото станав рано и подготвив појадок, па отидов да го разбудам. За инает не стануваше. Мојот спанко секогаш ми правеше проблеми наутро кога го будев, го обожаваше тоа. Само се заврте насмеан и ме повлече крај него, па почна да ме скокотка. Дојде 13 часот, кога тој отиде на тренинг (беше фудбалер). Во меѓувреме ја средив собата и си слушав музика. Тој се врати во 16 часот и рече дека во 19 часот имале утакмица, па легна да се одмори. Така дојде и 18 часот, тој излезе од дома. За последен пат ме бакна, и ја затвори вратата. Дојде 21 часот, па 22, а него го немаше. Му звонев, но беше недостапен. Тогаш загрижена му се јавив на негов другар. Се обидуваше нешто да ми каже, липаше, ништо не го разбирав. Разбрав само како ми рече да појдам во болницата ***** ****** ******. Бев во паника, се тресев, знаев дека се случило нешто. За конец избегнав сообраќајка, ете Бог ме чувал. Кога стигнав во болницата на најбрз можен начин се качив на вториот спрат. Каде глетката беше ужасна. Ги видов неговите соиграчи и тренерот. Некои беа седнати, некои стоеја, а некои се гушкаа за утеха. Плачеа, липаа, викаа дека тоа не е можно. Нозеве ми се пресекоа, срцево ми застана. ги прашав што се случило, почнав да викам, да плачам. Како одговор добив само: Бог да го прости!. Доживеав шок. Паднав на коленици и почнав толку силно да плачам, толку болно.. Не ме утешија ниту прегратките, ниту зборовите, не ме интересираше како се случило, сакав само да го видам мојот ангел, сакав тоа да биде само скриена камера. Ама следниот момент ја влоши мојата ситуација. Го извадија мојот најмил во кревет-количка, покриен со бел чаршав од глава до пети. Се здрвив, почнав да викам „Деки, разбуди се! Ова не е вистина, ти си жив!“ Ми дадоа да го видам, го открија само лицето. Тоа бледо лице, невино, ладно. Понатаму не се сеќавам. Знам само дека ми дадоа апче за спиење. Следното утро се разбудив во мојот кревет. Немав сила да станам, со очи го барав мојот ангел, ама го немаше. Кога се освестив го повикав неговиот тренер за да ми раскаже што се случило. После 15 минути тој дојде, и почна со најгорчливи зборови да објаснува : „Рече... Рече дека му е лошо.. Му реков да не игра ако не може, ама не ме послуша. Цело време играше како пијан. А знаев, имав претчувство дека ќе се случи нешто лошо. Во еден момент, тој почна да се тетерави. Падна. Многумина мислеа дека се сопнал, и дека ќе стане. Ама не стана... Со Брза Помош го однесовме на болница. А таму докторот го кажа тоа што никој не сакаше да го слушне- „Примете сочувство, Бог нека го прости!“. Потоа се јави ти, баш во тој момент.. Натаму знаеш.“ Не можев повеќе да издржам, повторно заплакав. Му реков да си оди, сакав да останам сама. Дојдоа неговите родители и роднини, па и моите. Отидовме заедно во капела. Најгрозно чувство, кога ја гледаш мајката како пати за своето чедо, како сите плачат, го молат да стане. Натаму не можам да објаснам. Дојде утрешниот ден. Ден кога засекогаш се збогувавме со него. Додека другите беа крај неговото тело, јас бев сама во соба, и плачев. Си викав во себе „Толку беше. Повеќе го нема. Нема да се смее, да плаче, да се радува, да се нервира, да се кара, да лаже, да ме гушка, да ме бакнува, да ме скокотка. Го нема веќе. Умре.“ Дојде попот, ја испеа молитвата, отидовме во црква. И таму следеше молитва. Чувството кога го гушкаш за последен пат и се збогуваш со него не е толку болно како чувството кога гледаш како неговото тело го ставаат во таа црна, мрачна дупка. И го покриваат со капак. Во тој момент и јас умрев со него, се уништив. Овој филм секој ден ми се повторува. Не можам, сеуште сум под шок, не можам вака да живеам. Спијам во неговите пижами, а под перницата ги чувам нашите заеднички слики. Тој сега мирно почива во својот гроб, додека ветрот нежно го милува. Тој е сега меѓу Ангелите, ме гледа од горе, и ми се смее.
Ме расплака, навистина ми е жал. Знам дека секогаш ќе имаш празнина во срцето, дури и повторно да се заљубиш. Лоша судбина.... Тој сега живее во тебе. Нека му е лесна земја.
Маца-Свисс навистина ми е жал за твојата загуба. Колку потресно е ова што си го напишала,читам и плачам ,такво нешто на никого да не му се случи.За жал животот продолжува,а болката и празнината засекогаш остануваат.Се надевам дека со тек на време ке научиш да живееш со таа болка
Не можам да престанам да плачам... само едно нешто ќе ти кажам- никогаш не го заборавај и отсакувај, само така ќе продолжи да живее споменот за него во тебе и за тебе. јас да го доживеам ова (да не даде Бог никому и никогаш) не знам дали ќе се опоравам.. никогаш нема да бидам истата
Maca-Swiss ме расплака со твојот пост и навистина ми е многу жал можам да те разберам многу добро бидејќи и јас си го изгубив саканиот кој што бевме заедно од 14 год до 17 потоа почина но никогаш не го заборавам и не можам да го преболам и кога и да помислам на него ми се насолзуваат очите но ете сега сум омажена и така животот иде понатаму со починатиот не се почива и грев е многу да жалиш бидејќи му се лутиш на Господ што ти го зел
Мацо што и да кажеме ние, џабе е. Само ти си знаеш како ти е Истрај, биди јака и продолжи со животот, твојот Деки би го сакал тоа.
Маца,знам дека ти е тешко,ама земи си период колку што ти треба,плачи,викај,крши,истури ја болката,не ја собирај во себе.Времето ќе ти ги исцели раните,дел по дел,никогаш нема да го заборавиш,ама пак ќе бидеш среќна..
Маца, мене ми е многу криво, исто како што ми е криво и за сите останати слични случаеви, убаво некој напиша погоре, смртта е дел од животот кога ни се врзани рацете, али буквално ни се врзани, тогаш сме најограничени, ограничени колку што би можеле да бидеме за сиот наш живот, за жал. Ти посакувам од се срце успешно надминување(колку што се може, нели...) на тој настан... Потребна ти е добра мисла и добра волја само, и се повторно ќе биде во ред, затоа што едноставно мора да биде. Таков е животот, глупав и непредвидлив често... Гушкам!
MaCa-Swiss Неколку пати го прочитав твојот пост и се расплакав.Мене ми беше тешко што воопшто не те ни познавам,а не пак тебе.Знам дека ти е тешко.Ама не си сама.Ние сме со тебе.За жал тоа е животот,никогаш не знаеме утре што ке се случи.Размислувај позитивно.Твојот е горе на небото,сега тој е ангел и верувај многу сака да си ти среќна.Плачи,викај за да ти олесни,не собирај ништо во себе,бидејки ако се собираш во себе ке ти биде потешко. Пред се биди при себе.Размислувај позтивно.Поради него.Тој те чува,тој е со тебе иако повеке не е на овој свет.И не ја губи вербата во Бог.Верувај,тој ке ти даде сила да продолжиш понатаму. Доколку ти е потребно да разговараш со него,пиши ми. Те гушкам и ти посакувам се најубаво.
Маца, немам коментар навистина, немам збор, постапка што би те утешил... Некогаш животот не е фер и праведен.... Убаво кажа Лана, дај му време на времето.... Те гушкам мила
Иако незнам што се случува со нас моментално,плачам додека пишувам.Не би можела да го издржам тоа! Душата моја би заминала со него 2 метри под земја.Нема да сакам да станам доколку знам дека го нема. Незнам како би издржала знаејќи дека повеќе нема да го видам,нема да му чујам глас,јас да излегувам,да живеам а тој да трули под земја оуу не не не Тој ако оди скраја да е,јас по него! Леле не можам да се смирам леејјј!Утре го барам да му кажам дека го сакам покрај мене,цел живот