И врзав шамар и не жалам за тоа и никогаш нема да се извинам. Ме повреди мене како личност со тоа што индиректно рече дека најголеми се шансите да се добие такво дете т.е аутистично поради брат ми шо бил таков, па и дислексично.
Не е караница, туку изневерување. Што сум јас должна да го трпам тоа. Па уште да плаќам вртоглави суми за тестови за проверка на полово преносливи болести. Не е до култура, туку излив на агресија поради душевна болка. Во случајот повеќе ќе се сакам и ценам себе, отколку тој што решил будала да ме прави. Инстинкти се тоа, јас не верувам доколку некој толку силно те повреди ќе останеш присебен. Да се осмели да ми влепи шамар од чиста мира, од банална караница е за судење, но кога некој друг провоцира, нормално дека на секоја акција ќе има реакција.
Јас ја гледав како капка во дланка со сите нејзини каприци. Ја начекав каде зборувала и пишувала вакви работи.
Тука не би се согласила со тебе, затоа што сметам дека шамарот не е начин за решавање на работите, ами едно сељачко однесување. Возрасни,разбрани луѓе сето тоа можат да го решат со разговор. Ако пријателката е таква океј, она мисли дека тоа е исправно и така си сака, кој е тој да и мава шамар бе?? Он ја раѓал,чувал, воспитувал !?? Слабоста го раѓа насилството,а насилството е најлошто нешто било од машка, било од женска страна.
Aууууу ако пријателката така си е таква тоа е океј и ако смета дека е исправно тоа и така си сака е океј тогаш зошто мавање шамар да не е океј? Може и он така сака. Значи нанесување душевна болка и играње курташак со месеци е исправно бидејќи девојката така си сака а мавање шамар не е исправно? Зарем она го родила израснала чувала и воспитувала да му прави така? Ти грми логикава еј. Првин прочитај што сум пишала. Дечкото ја тргна на страна и смирено тивко почна да ја прашува, таа се накурчи почна да му се дере дека тој е виновен и почна да го турка. Не еден шамар, два заслужуваше. Со разговор можеш да решиш нешто со чесен човек. А не со човек кој со месеци те изневерува и те лаже, па уште кога ќе дознаеш да те брука пред сите и да те турка. Е шуто ем боде што рече членката погоре.
Не ја оправдувам пријателката,меѓутоа во овој случај би ја одбранила. Таа мисли дека тоа што го прави е исправно (за изневеруваењето), а кога веќе почнала да го бутка другар ти зошто тогаш он не напуштил просторија туку ја зашамарал,а ?? Да - не во оваа ситуација он сакал да биде тој мачо мен? Јас колку што знам паметните напуштаат без расправии,овој почнал и вербално да се пресметува. Крива е пријателката шо го лажела и праела будала неспорно, ама шамар да јаде ?? Па каде е неговата машкост ? - Тука сигурно не. И јас сум била изневерена и шо треба да праам, да му урлам и праам сцени или пак да му ја гребам колата со клуч ? Дај не ме зезај...глеаш шо праи и напушти,нема шо да се докажуваш со такви,а ни расправаш , затоа што не вреди.
Што? Кај го варала со месеци па дознал и проба со добро да ја реши и на крај му се дереше у сред фаца почна да го турка па уште да напушти просторија тој? Ти свесна си што збориш?? Тоа што таа е девојка нима никакви привилегии во однос на него. Кај он жртва па уште и просторија да напуштел.
Не зборам за привилегии, туку во оваа ситуација за машкост и манири. Таа може да се дере до сабајле, овој требало во тој момент колку и да му биле споени жичките да ја баталиса да си излезе надвор некаде... Вака реално, јас да бев гостинка на таа забава и да видев со свои очи како он и удира шамар на таа пријателката, мене дечкото ќе ми станеше во истата секунда одбивен,ма колку и пред тоа да бил фин,добар, затоа што еднаш крената рака, автоматски повлекува и следни такви ,,незгодни,, ситуации.
Вета и си во право и не си. Доколку беа две лезбејки во прашање, немаше да се крева прашина така. Во секој случај е подобро да нема физичка пресметка. Но, кога еден ја почнува, нека не очекува дека другиот нема да ја заврши. Јас ако не сакам да сум удрена, нема да се служам примарно со физички напад. Доколку била смирена ситуацијата, разговарале цивилизирано, јас не верувам дека би се послужил со шамар. Ама и мене некој да ми се дере во фаца и да ме бутка, ќе му покажам и јас сила. Ако така гледаме, па и мене мајка ми не ме родила, за некој утре да ме прави будала, да ме изневерува и згора на се да ми се дере и да ме бутка.
Можеби јас грешам што одам со таа мисла, меѓутоа нема да отстапам од тоа да најпрвин да решам со разговор,насилство во никој случај без разлика што и да се работи. Насилство раѓа насилство. Во иднина ете некој така да ми се дере не би решила со шамар дефинитивно затоа што мене ми е ниско тоа, јас би се спуштила на ниедно ниво.
Насилство раѓа насилство. Значи нејзиното буткање го иницирало неговиот шамар. Сепак примарната вина е нејзина. Иако сум жена, но понекогаш претеруваме во смисла на тоа дека маж не смее да крене рака. Дали тоа ни дава за право, да ги малтретираме, удираме, туркаме мажите и после кога ќе ни вратат, да ги набедиме дека они се криви. Никој не сака да биде удрен и секој удар е болен, без разлика на пол.
И? На секој што така ќе рече шамар ќе му лепиш? Еве и јас истото го мислам и истото ќе ти го речам "индиректно" па повели ако имаш толку муда. Бог да чува, научете се дека физички напади не се решение за вие да си ги лечите фрустрациите. Или направи муабет како човек, ако не може замини си. Тоа што таа немала култура ниту почитување кон тебе не ти дава ама ни 0,0000001% право да и залепиш шамар. @SugarHoney Јас можам ако сакам со 100 души да одам ако сакам дур имам дечко, а тој може само да си замине и ни тон нема право да ми повиши, а не пак шамар да ми удри зашто ќе си одговара кривично. ....... Еден совет до сите од вакви што имате добиено шамар, поднесете си тужби, извадете си лекарски потврди, ем досие ке му отворите ем оштета ќе ви плати и сите ќе го знаат.
Без разлика на полот, насилство е насилство. Факт е дека почеста е појавата мажот да посегне на жената, што не ја оправдува ни обратната ситуација. Во секој случај е одвратно и не треба да се толерира. Луѓе сме, можеме да згрешиме но можеме и да се разбереме човечки. Ако еднаш простите шамар, голема е веројатноста дека ќе се случи пак.. и пак. И оттука се влегува во маѓепсаниот круг.
На кој основ? Само дека маж врзал шамар? Ок, тогаш, и тој нека извади лекарско од туркањето. Кога сведоците ќе се изјаснат дека нападот бил извршен од нејзината страна примарно, тогаш тужбата ќе отиде во негова полза, на основа самоодбрана. Доколку не постоела физичка закана од нејзина страна, само во тој случај може слободно да тужи.