Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако партнерот се осмели да ви залепи шамар?

Дискусија во 'Врски' започната од lady19, 30 март 2013.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.979
    Јас да сум она ќе те тужам, па кој сакаш биди.
    Ниеден збор не оправдува користење насилство.
     
    На theowndemon и ladyySi им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    19.612
    Пол:
    Машки

    Не си, се извини и рече го заслужив.


    А знаеш зошто?
    Затоа што ја начекав во еден куп лаги, правење лице, манипулации и капак на се, да ми го деградира семејството т.е на нешто што сум најмногу осетлив.


    Доволно е на темава, ќе се вознемирам повеќе.
     
  3. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869

    За да постои институтот самоодбрана треба да постои еднаквост на оружјето. Ако јас те турнам, твојата самоодбрана е да ме турнеш, ако јас пукам твојата е да пукаш. Секое пречекорување над таа еднаквост не се смета за самоодбрана туку за напад.

    @Stark Многу луѓе во текот на животот ќе ти го прават тоа, треба да научиш како да ја контролираш лутината и едноставно да ги оставиш да зворуваат. На крајот на краиштата секој има право на слободен говор.
     
  4. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Повикајте полиција веднаш и тужба. Партнер или партнерка, тужба.
     
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Молам? Настрана од тоа дека удрил шамар, конкретно твоето ќе го коментирам. Како би ти било тебе, партнерот кој што си го избрала, со кој што треба да градиш иднина, да имате доверба еден во друг, е истиот тој што ти кажува погрдни работи и тоа за твоето семејство. Да оставам да зборуваат и да трпам, мхм обавезно. Можеби нема да удрам шамар, ама толку јако ќе го удрам у психа, да не знае ни кој е ни што е после тоа. Уште па право на слободен говор викаш.. свашта.
     
    На tinka-mace и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    И што да му речам "Дечко ми шамар ми удри" и да ми припаднат од смеење нашиве "полицајци".
     
    На Veta, tinka-mace и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Ако прочита ова е за шамар, психички не ме интересира.

    А јас да се спуштам на нечие ниво, не фала.
     
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Па ако прочита и ти што пишав јас, ќе видиш дека два пати го спомнав шамарот. Ти му кажа да слуша и да трпи дур некој му го пцуе најмилото. Психички не те интересира, значи оперирана си ти од емпатија секаква, нема потреба ич да дискутираш ни за шамари.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Хахахах не разбираш или не сакаш да разбереш. Епа вака да ти упростам. Физичка пресметка не е решение. Психичка одмазда реков дека во оваа тема не ме интересира. Иначе за твоја информација бидена сум во иста ваква случка и од другар и од дечко и што требеше? Да им лепам шамари? Не, исто како тебе, психички, оди види како поминуваат со спуштена глава покрај мене.
    Тоа што реков дека психичкото не ме интересира беше зато што психички како ќе си ги решат работите е нивно/негово, само шамарот не е океј.

    Ај се надевам разбра.

    И ќе дискутирам за што ми сака душава.
     
    Последна измена: 25 октомври 2020
  10. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Адвокат ќе си реши тоа, и за односот од нивна страна и за сѐ.
     
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Гледам колку ти ме сфаќаш мене па уште ќе ми упростуваш :). Јас многу добро те разбрав, затоа и те коментирам. Нема логика да реплицирам на коментари што не ги сфаќам, нели?
    И друг пат пиши дека насилство не е решение кога те понижуваат, наместо да пишеш дека треба да оставиш некој да те пцуе у фаца. Или во твои зборови, упрости кога ќе пишеш нешто следен пат, за да сите "те разбереме" :D.
     
  12. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Прочита некаде пцуење У фаца во случајов?
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Добив шамар од бивши дечко, бевме раскинати неколку месеци и едноставно не можеше да се помири. После секакви очајни обиди за смирување не знаеше веќе што да направи од бес и ме удри. Не сум насилна, но следното што го направив ден денеска ме ежи од задоволство. Такви боксови му удрив што не можеа да ме тргнат од него, како мачка некоја кога ќе се закачи за нешто. Целиот гнев што го имав во таа 5-годишна врска го истурив во тие неколку секунди. Не можеше да ми врати зашто беше збунет и не можеше да се освести дека јас му вратив, таа што ќутеше и трпеше со години. Нормално прво нешто после тоа ги станав од спиење моите (беше сабота вечер после искачање), татко ми ме однесе во полиција и го пријавив. Не му поднесов приватна тужба зашто немав никаква видлива повреда и не сакав да си го губам времето.
    Накратко, тој доби казна за нарушување јавен ред и мир и одрекол се што кажав јас, па завршивме на суд. Заради нашето гнасно судство тој помина со казната за јавен ред и мир и забрана за доближување. Во меѓувреме се ожени и дознав дека и трудна ја тепал жена му, и забранува да излезе од дома и да комуницира со луѓе. Си мислам бар една година да ја поминеше во затвор, жена му сега немаше да трпи насилство.
     
    На sunshinebabe, honey.11, Mantub и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    :D
    Па сега ти кој случај го коментираш? Ја се' мислам за @Stark збориме. И да, да ми понижува некој/а член од семејство поради тоа што е лице со посебни потреби (а и цело семејство можеби, ако добро сфатив), според мене е пцуење У фаца.
     
  15. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Грозно, психопатски и ужасно :( треба да добие пријава дека ја малтретира жената. Пореметен.
     
    На eliesaab и Jana06 им се допаѓа ова.
  16. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Јас колку што прочитав тој напиша дека разбрал од други дека женска му велела ако се тие заедно и ако имаат дете тоа можело да биде со аутизам или дислексично.
    Е сега ако има повеќе во муабетов може било навредување, ама вака како што е напишано ми изгледа само како претпоставување од нејзина страна. Можда не било во таа конотација ама тој сам си знае.

    Ова не е океј, во никој случај јас неа не ја бранам ама не го оправдувам и него што и залепил шамар. Можел многу поинаку да постапи и тоа цел живот да ја боли за разлика од шамарот што е минлив.
     
    На IRBBB и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Генетски наследни болести постојат, дали, како, од кој на кој се пренесува во случајов не знам и не ме интересира, ама дека има право да се распрашува и да се сомнева -има. Шамар си и залепил затоа што била загрижена за свои деца во иднина. Секоја со која ќе бидеш ќе го помисли истото, не можеш на сите шамари да им маваш. Твое е да се информираш што повеќе за болеста и да ги информираш твоите идни партнерки во иднина, на фин и културен начин.
    @Stark
     
    На x.Daisy.x, Avery, Different7 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Имам удрено поради тоа што на моите кажа нешто за мене кое не смееше да го каже, никогаш.
    Прво бев смирена ама кога очи во очи се видовме, ми рече мислел дека веќе знаат и овде не се воздржав. После тоа се извини. За тој ден многу немаме зборено, ден денес не знам точно како се осеќа. И како дете за сѐ и сешто добивал шамар. Мислам дека и тоа има удел
    Од негова страна се нема случено. Премногу е мирен за да ме удри. Еднаш кога бев лута му кажав стварно грди зборови за кои сама не си верувам дека ги кажав ради што сакаше да раскине, ама не ме удри. А ако се случи, дали би простила, не знам. Ќе зависи од неколку фактори.
     
    Последна измена: 25 октомври 2020
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.927
    Допаѓања:
    177.515
    Пол:
    Женски
    А зошто не е ок?
    Јас со маж ми пред да се земеме разговаравме за наследни болести и општо болести во фамилија. Ако партнерот ти скрие такво инфо, имаш легално право да се разведеш според закон.

    Не е лесно да чуеш коментар верувам, ама секој треба да е свесен со кого стапува во врска/брак и што може понатака да произлезе од истиот.

    Уште се извинила душата. Македонче напатено. Ќе те тепаат и ќе се извинуваш. Во друго не навлагам. Ама коментарот околу можното идно дете апсолутно не е за шамар, уште помалку па заслужен. За тие што не знаат да си контролираат бес, си постојат начини и методи, чак и институции.
     
    На Alisa22, x.Daisy.x, Avery и 15 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.979
    Тоа што тепате луѓе, па макар и шамар да е доста зборува за вас како личности.
    Може да си се оправдувате колку сакате и сами да се тешете со секакви прикаски.
    Да дигнеш рака на некој кој го сакаш или ти бил нешто битно е доста нечовечно.
    Ако земевме вака да се шамараме сите при секоја караница каде ќе ни беше крајот?
    Доколку некој ме навреди може да си заминам или пак да вратам со иста мера.
    А, ако некој дигнал рака еднаш, сигурно ќе дигне рака пак.
    Доколку имате anger issues, има лица кои ќе ви помогнат за тоа.
    А, доколку мислите дека со шамарот некој „ќе опаметите“ тогаш ве жалам, пошто со шамарот си правите автогол.
    Се надевам длабоко дека тие што ги шамарате еден ден ќе сфатат какви личности сте и ќе ве остават for good.
     
    На 1209, Celltica, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.