Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако партнерот се осмели да ви залепи шамар?

Дискусија во 'Врски' започната од lady19, 30 март 2013.

  1. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    @Stark Како не ти беше проблем, а во сите постови е пишано дека е проблем и ради то бил шамарот, а сега магично ти си жртвата?

    И шо врска има нејзиното минато? Очеквеше да ти се клањат за то шо си бил добар со неа па не го доби и ти се срона бисерот? Егото ти се повреди?

    Ако си добар со некој тоа е затоа што си таков и немаш никакви други очекувања а не вака.
    Никој не ти должи ништо па ни таја што ја нарекуваш мивка( и за ќерка да си дочекаш).

    Типично "насилникот глуми жртва и бара оправдување".
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Машки
    Глупости, ја претерувате.
     
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Никој не поддржува физичко насилство. Но, доколку веќе постои, ќе се одбранам како знам и умеам. Како што беше случајот што го опиша членката. Anger issues доколку постојат ќе бидат видливи од сам почеток.
    Патем јас одев на психолог поради моите anger issues. Ми беа насочени према себе. And guess what? Со постојани сесии, дознав дека не треба да ги чувам, туку да ги исфрлам надвор. Има еден типичен филм за тоа ,,Anger Management". И во самиот филм, се обработува истата тематика. Колку ќе ми згреши некој, толку ќе вратам.
    Девојката покажувала сила, си го добила. Повеќе би рекла за неа дека има anger issues, него за типот.
     
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.119
    Допаѓања:
    27.026
    Девојката го навредила за болеста, не го зашлакала.
    Друго е самоодбрана. Во случајот кој го коментираме девојката го навредела, тој и врзал шамар, таа рекла дека си го заслужила. Океј е ова?
    Ако имаш anger issues значи треба да ги насочиш кон шлакање луѓе?
     
    На theowndemon и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Јас коментирав за првиот случај.
    Ќе шлакам, ако ме шлакаат или се послужат со било каква физичка пресметка. Сакав да ти укажам за зборот anger issues, дека нема правилно објаснување. И да ти кажам полесно е, кога наместо да наведнеш глава и ќутиш, ќе се одбраниш себе. Цивилизација во нецивилизиран свет, не барај.
     
  6. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Океј е се тоа. Ама еве пример не постои првичен напад врз тебе, некој само вербално те провоцира, што би направила, ќе го исфрлиш бесот со тоа што ќе ја удриш особата или тоа "исфрлање" не се однесува на луѓе туку на некој друг начин?

    Не те разбрав во тој дел ич.
     
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Зависи што ќе ми каже, колку силно ќе ме повреди, зависно со која цел, милион ,,зависи". Ако ти е партнер, не значи дека треба да толерираш секакви срања. На крај краева, дали останатите сметаат дека нештото не е правилно, мене не ме допира. Ако сметам дека целта е оправдана според лична проценка, не ми вредат морални лекции.
     
    На ladyySi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Пред да речете нема разлика машко/ женско, запрашајте се ВИЕ како ќе реагирате ако на улица начекате како дечко удира девојка и обратното. Во првиов случај, ќе ја одбраните девојката, сигурна сум. Во вториот нема. Ќе помислите овој е сигурно некој манијак, може прв почнал итн итн.
    И океј е, и јас исто би помислила.
    Се најдов еднаш сведок на вториов случај, ништо не направив баш зашто мислев дека сам си е крив.
     
  9. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Сум била сведок на таков ужасен призор меѓу партнери (тогашни мои блиски пријатели) што дури не ми се веруваше што гледам пред себе. Таа го бутка, тој ѝ удира шамар, после таа му удира шамар, катастрофа. Ако ова им се дешава пред народ, што останува зад затворени врати? И знаете што беше после муабетот? Он ми е се на свет, таа ми е се на свет, не можеме да се замислиме со други, многу се сакаме. Ме зеза ли некој овде?

    Единствена вистина од целата прича е дека ми се згади и од двајцата, таа ноќ сум си отишла толку исплашена дома што на крај памет не ми дојде да останам во исти односи со нив како до сега. Испод мое ниво се и секој нареден пар кој ќе се понаша како нив. Ете имам и од поширокото семејство примери - згрозена сум. Поентата ми е: небитно дали удира машко или женско - луѓе, многу ниско е.

    Секако дека постојат посмирени и потемпераментни личности ама и тоа не е оправдување. Пример, јас сум посмирена личност, но по не знам каква случајност бирам партнери кои се баш спротивно од мене, па никогаш не се случило да дојде до вакво нешто. Оставете ги на страна ваквите провокации и ниски потези, не сме животни, ниту сме од некое си племе.
     
    На Veta и raww им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Шамар и удрил па уште таа се извинила.
    Е таа да си ја чуваш.
    Ќе ја кршиш од ќотек, ќе кажуваш дека пак би ја удрил и таа уште дома со ручек ќе те чека.

    Секој пред брак или сериозна врска заслужува да знае дали и какви болести има во семејството на партнерот.
    Е сега ако се потсмева или навредува тоа значи одма треба да ги оставиш малоумниот, а не насилство да употребиш врз него и уште со гордост да кажуваш дека пак би го повторил истото.

    Не е проблем аутизмот кај близок, туку таквите изливи на бес се страшни.
     
    На glosipgirl, noteforself, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    16.596
    Пол:
    Женски
    Силата на мажот и на жената не се исти, не е исто маж да удри шлаканица и жена да удри.
     
  12. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    20.967
    Пол:
    Женски
    Тоа не и дава за право на жена да удри маж, само бидејќи мажот е 'посилен'.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    16.596
    Пол:
    Женски
    Не постои оправдување за физичко насилство, не поддржувам насилство никакво, не знаеш што може да предизвика тоа физичко насилство кај некого, луѓе што поддржуваат насилство се насилници, за се има достоинствен начин да го решиш проблемот, а луѓе што поддржуваат насилство очигледно го земале како пример додека биле растени па го практикуваат тоа врз другите луѓе, деца, животни. Денес шамар , утре ќотек, друг ден може ќе отепаш човек.
     
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Машки
    Жал ми е што така ја протумачивте сета таа ситуација и ја истеравте до не знам каде.

    Тоа да ми го кажеше мене во лице, пошто е лекарка, а воедно и моја најблиска личност (барем цел живот така ја сметам) да ми речи вака и вака мојте зборуваат за тебе, а и ти можно е да си носител на тој ген. Воопшто немаше да ме повреди доколку ми го кажи во лице, отколку да зборува на сосем трети лица дека брат му негов е аутистичен, сместен и не сакам такво дете јас да имам. Цитирам леле бившиот мој какви гени има па тој човече.

    А тој истиот ја забремени и ја остави како партал... и мораше да абортира. Што беше подобро да ја скршам со зборови или да и влепам шамар и да се свести на кој начин размислува?


    Шо мислите јас сум глупав идиот и немам размислувано дека можеби и јас би имал такво дете? Се ставивте ли во мои чевли и да размислите што ми се случувало досега и колку ми значи брат ми каков и да е, и било која и да е макар и оваа шо ја гледав како принцеза, да ми зборува на тој начин?

    Со шо заслужив така? Дека ја направив да се почувствува посакувано, почитувано и ценето на највисоко можно ниво? Ете тој Старк сиромашкио работеше месеци за да купи за роденденот нејзин подарок од 100-150 евра, а таа истиот ден да договара цитирам ДУПЕЊЕ од бившиот?


    Има некои работи што ми создале голема омраза и хејт, али пак на крајот на денот ми значела личност и ми е криво што ми ги разочара некои параметри и очекувања. Најмногу јас жалам што и приуштив толку. А ниту сум насилен, ниту пак ќе бидам во иднина, али за шамарот не жалам е така да знајте. :)


    Само јас сум будала што пишувам овде на форум и се објаснувам и се доразранувам сам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    16.596
    Пол:
    Женски
    Одговорив на членката во врска со тоа што имаше пишано, никаде не пишав дека оправдувам не ми ги вади од контекст зборовите.
     
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    20.967
    Пол:
    Женски
    Се надоврзав јас на твоето, не се возбудувај одма :).
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    16.596
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа си машкото што мава шамари, па кажуваш демек за некоја, сакаш да се оправдаш тука па и да не убедуваш дека е во ред, ако имаш изливи на бес да маваш шамари. Има друга установа за тоа психијатрија се вика, ќе те смират.
     
    Последна измена: 26 октомври 2020
    На FVP и Veta им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    16.596
    Пол:
    Женски
    Не си во право воопшто, според твјот став, јас тебе еве да те провоцирам вербално, ти ќе ми удриш шамар, ама јас сум посилна физички од тебе па можам да те скршам од ќотек и во болница да те пратам со скршеници и серозни повреди. Може вака? Како ти изгледа?
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не е исто, ама не само ради силата туку и поради последиците.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не сум на дугме, имам праг на толеранција, дури поголем од што треба. Се работи за хипотетичка ситуација. Не знам како ќе реагирам. Она што ти го пишуваш е кривично дело, за кое може да се крене законска постапка. Шамарот од друга страна, не е живото загрозувачки акт. Дали е во ред, нема јас да судам, ама доколку покажувам сила, очекувам да ми биде вратена. Тоа е реалноста. Понатака што исход ќе има ситуацијата, ќе се одговара според тежината на нанесената повреда.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.