Не знам која ви била таа голема тајна со сопругот да он заработи шамар. Ако на секое издавање тајни или недоразбирање летаат шамари не знам до кај ќе стигнеме како нација. Во ЕУ сигурно не. Лош пример за малите деца. 1) издаде тајна - шамар. 2) ме бутна - шамар. 3) си истражувал за мене и мојата фамилија - шамар. Страшно..
Како? Машките не осеќаат болка при удар? Дебелокожци се? Немаат мозок и не допира ништо до нивната свест и потсвест?
Се надевам дека сите што оправдувате влепување шамар (и не го сметате за насилство) ќе го имате во предвид и прагот на толеранција од другата страна. Од кај знаеш како на некого ќе му влијае твојот шамар и од кај знаеш дека нема да му го загрозиш животот, да не си видовита? Насилство е насилство без разилка дали е шамар или ќотек, за се постои начин да го решиш проблемот на мирен начин, а тие што имаат низок праг на толеранција и за тоа има начин (институции).
Јас мислам дека треба да се шамараат,а победник ќе е оној кој повеќе издржал т е има помалце модрици.
Дечко, не сопруг. Не можам да кажам, ама дефинитвно не ми беше сеедно да дознаам дека им кажал. Ама океј е, не ни можам да го истепам посериозно и да сакам, така да полошо од шамар не може да премине. А и он е свесен за тоа и не го држам со сила во врската.
Абе остави, до кај сѐ не ќе се отиде за да се оправдаат сопствените постапки. Пострашно од самото насилство е кога нема ни трошка срам и каење за стореното. Ама океј било, не можело посериозно да го повреди, само со некое шамарче.
Види, тоа се инстинкти, некогаш не можеш да ги контролираш, доколку настане ситуација каде зборот боли како удар. Како членот погоре. Да имам брат со аутизам и да дознаам дека најмилото зборува лошо за моја крв и јас би изреагирала. Со шамар, можеби и не, а можеби и да, но тоа ќе биде жестока и долга караница. Морално и етички не е во ред, но секој има праг на толеранција. Финтата е кој и како ќе го пречекори за да се послужиш со физички акт. Очигледно сеуште не го пречекориле твојот за да би изреагирала. Не се работи за цивилизираност, култура, внимание, туку момент на слабост на погрешно место, во погрешно време.
За болење боли. Ама од машка страна тој шамар ќе премине во полошо, Од женска, нема. А и ретко кое машко ќе прекине врска ради шамар. Ќе го добие и тера ко ништо да не се случило. А дали е тоа добро или лошо, друг муабет е тоа. Ако мој партнер смета дека му е океј тоа, немам јас намера да го превоспитувам.
Страшна е темава. Размислувам од сега да барам да си размениме CV за дејтање. Критериуми на шамарање, кога е оправдано, а кога не. Мислам дека гордо треба секој да ги истакне своите шамарачки моменти. Како инаку ќе се воодушеват потенцијалните кандидати за дејтање? Ако некој ме навреди толку лошо или ми залепи шамар, едноставно ќе биде крај. Станувам, си одам и понатаму ги бришам од живите.
Никогаш не би удрила некого, НИКОГАШ, за мене тоа е многу ниско и понижувачко и за мене и за другата страна, без разлика, а да и така сум воспитана.
Навистина страшноо, не можам да верувам на очиве што читам, дека е во ред некого да го исшамараш зошто не можеш да си ги смириш фрустрациите, па и начинот на кој се оправдува е навистина страшно.
Така де, супер поента си извлекла од стореното. Шамарајте си ги женски партнерите, без гајле, нема шанси да ве напуштат. Колку и грубо да звучи, се надевам дека дечко ти ќе сфати со кого си има работа што поскоро. Не го заслужуваш ти него.
Фала ама супер ни оди врската, башка доволно е возрасен да знае што треба да направи. Ако не му чинеше, одамна ќе заминеше. А и навикнат е од претходно да биде удиран. Во реален живот олку никој не го жали колку ти овде.
Не сум се довела досега во таква ситуација, за некој да ме нападне физички, а доколку се случи тоа, за мене таа личност веќе е заборавена, особено па ако станува збор за дечко, сопруг, пријател/ка.
Абе многу буквално ги сфаќате работите.Никој никаде не оправдува тепање туку друга е поентата. Тоа значи дека во одредени ситуации имаме однесувања кои се наталожуваат и се редат едни по едни кои кога ќе ги разгледаш се многу поболни од шамарот и самите доведуваат до таа кулминација.Имаме многу психички и емоционални малтретирања преправени во секојдневна комуникација, потоа имаме разни манипулации со удирање во најболната точка на личноста итн итн.Сето тоа заедно еден ден ја прелива чашата. Не го оправдувам насилството но некогаш ги разбирам причините кои довеле до тој еден шамар затоа што често инстинктот знае да преовлада. Ниту вие ниту јас не знаеме во каква ситуација би се нашле во животот и она што го викате "јас така никогаш" ви е преценето, бидете сигурни. Додека го напишам мислењево сте изнапишале и други, во главно сакав да се надоврзам на тоа @GrimTheReaper што го напишала.
Па ни јас не сум се нашла во ситуација да шамарам. Но, оставам простор. За иднина не можам да говорам. Како ни ти, затоа што не можеш да предвидиш ситуации и како истите би те афектирале.
Како мислиш самоодбрана? Ако некој сака да ме убие, во смисла крвнички да ме тепа...да, ќе се бранам. Ама од шамар или навреда не се умира. Не ми е прифатливо тоа инстинкти биле да залепиш шамар. Луѓе и убиства вршат во афект. Не значи дека тоа е прифатливо.