Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако партнерот се осмели да ви залепи шамар?

Дискусија во 'Врски' започната од lady19, 30 март 2013.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Тоа за шамарот ќе го пишеш на членката. Јас знам дека шамарот не е со смртна последица. Не го оправдувам, но не ја исклучувам можноста во иднина, што би би, кад би би.
     
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Дај Танче, сериозно го мислиш тоа што го пишуваш?
    Па според сопствено искуство треба да знаеш подобро од тоа да злоупотребуваш нешто, или полошо- некој.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    И пак во оваа ситуација сум на страната на твојот дечко,сопруг затоа што им кажал тајна на твоите родители.
    Родители се тука за добро,лошо, блам, радост ... ако они не не подржат нема сигурно Петкана,ама нејсе.
    Навикнат да биде удиран - толку цинична и насилна фраза. Во стил демек ај бе сите го шамарале шо и јас да останам покусо. Хааааа.....
    Веруј ми овој ќе ти наплати за тоа макар и по години кога ќе сте немоќни, а заедно. Ќе најде начин, немора да е вербален. Памти ми го зборов.
    Нема човек на светов што простил и заборавил шамар или некој навредлив збор.
    Може да прости темпорално,но не и да заборави.
     
    На candy.cane и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ни јас нигде не оправдав ама кажав дека во таков случај тоа е помало зло ако веќе споредуваме.
    А тоа што ја издаде таа тајна, не сакам да почнам да кажувам во какви нервози бев со месеци зашто дознаа, заради него. Трпев дома секакви зборови и удари,. Поголема штета јас претрпев зашто кажа отколку он од шамарот.
    Под тоа навикнат мислев дека од неговите трпел исто како де, па со мојот шамар или без - нема разлика.
    Сакав јас да раскинам зашто ме гризеше совест и ми рече - не сакам. Толку убава врска вели имаме, нема еден момент да го расипе сето тоа.
    Крај крајова 22 годишен маж е. Може сам да направи нов чекор ако сака. Кој ќе му помогне ако не тој сам, ако мисли дека треба нели.
    Не се објаснувам повеќе. Толку од мене.
     
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Ни јас не знам дали ќе ми се спојат жиците до тој степен во иднина, ама ако се случи такво нешто нема да се тешам или фалам наоколу. Да си дозволам да отидам до тој степен, треба да се скријам во пештера.

    Ако ми се случило нешто такво и си го рационализирам за себе, не значи дека објективно е во ред.
     
    На Annath, candy.cane и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    А зошто се правдаш? Ако некој треба да ти суди, тоа е тој на кого си извршила физички напад. Све морализатори.
    Единствено не се согласувам за споредбата, шамар е шамар, шамарот нема пол, туку болка од среден род.
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не е тоа дали ТИ ќе си дозволиш, ситуации не можеш да предвидиш.
    Никој не сака намерно да влегува во напад. Освен ако си Нострадамус, само тогаш можеш во целост да тврдиш за твоите акции во иднина. Ти нема да бидеш ТИ, за 10 години од сега. Таа во иднината само знае како би постапила за одредена ситуација.
     
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    16.480
    Пол:
    Женски
    Со шамар почнува секое насилство.
     
    На Annath и Purplelilac им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Е добро де, во право си. Како си ти афектирана од шамарот на членката или членот?! Што сака нека си прават по дома, по надвор, нивни проблем.
     
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    16.480
    Пол:
    Женски
    Па не дискутираме тука, како некој би постапил за 10 години, дискутираме за сегашно време а не за некое идно, точно знам како би постапила сега, а не да си препоставувам за некоја идна јас, што нема да бидам, се познава човекот по карактерот, манирите, културата, воспитувањето, во која ситуација и да се најде како би постапил и како би изреагирал, ти си се знаш себеси си и си кажуваш за себе ти си таа и сега и за 10 години, карактерот на човекот не се менува.
     
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    16.480
    Пол:
    Женски
    Темава и форумов е отворен за дискусија, ако не ти одговара кој што пишува не мораш да читаш и да реплицираш.
     
    На Mantub и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Добро тогаш. Ако зборувам за сега и овде. Нема шанса да влепам шамар на некој, толку сум чил со звуци на море пуштени на најако. Верувај дека во моментов не сакам на никој да удрам шамар.
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Тајна кажа, ме навреди, ме изневери, ја/го гледав ко капка на дланка...и тоа за дечковци со кои сте месеци или некоја година. Ами тие во брак што се, со години, децении, деца, кредити, дом, треба да се кршат од ќотек при секој лош збор или неверство. Али...млади сте, драматизирате, емоции на најјако и се случуваат вакви шамари и мавање, многу повеќе отколку што се признава.
     
    На DAngel, candy.cane, Veta и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Ситуациите зависат од околностите, луѓето, местото, времето и ред други променливи.
    Единствена константа и субјект врз кој имаме контрола сме самите ние.

    Точно е дека никоја од нас тука не може да предвиди дали некогаш ќе удри.
    Но она за кое сум сигурна е дека после тоа би посетила стручно лице за anger management issues, а уште побитно е дека ќе се извинам на лицето кое сум го повредила.
    Гордеењето со ваков акт насочува на оддалечување од човечкото.
     
    На Annath, raww, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам.

    Прво ситуации најчесто можат да се предвидат. Особено кога се во прашање луѓе што ги знаеме.

    Како не е дали јас ќе си дозволам? Па јас имам контрола врз себе. Ако некој се брани со губење контрола, тогаш дефинитивно му треба стручна помош.

    На крај темава е "Што ако партнерот се осмели да ви залепи шамар?".
    Мој одговор на тоа секогаш ќе биде "Оди си". Чим еднаш удрил шамар, сосема е можно да се повтори тоа.

    Секој обид за оправдување ми нема смисла. Не можам да замислам како би функционирала една врска потоа. Да знам дека некој се смета толку супериорно во однос на мене за да си даде таква дозвола да ме заќутува со шамари.
     
    На Yowannty, Annath, raww и 3 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Зборувај за контрола на личност со мината анксиозност. It's all about контрола врз себе и врз ситуации. Реалноста е дека немаш контрола на никого и ништо. Константа е твоето постоење, добро до некаде, не е вечно.
     
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Уште ова само ќе кажам.
    Никој на ова не ми одговори
    Знам дека нема да рипнете одма да го браните машкото.
    Мене криво би ми било да го одбранам а после да дознаам дека бил манијак.
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ситуации не можеш да предвидиш ни од луѓе кои ги познаваш. Видиш, бившиот ми беше бајче, пеперутка. Еден ден го видов монструмот во него. Ме ,,удри" како гром од ведро небо.
     
  19. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Се справувам со анксиозност и панични напади веќе неколку години.
    Некогаш поизразени, некогаш поисконтролирани.
    И не сум затепала никој досега.

    Навистина е тешко понекогаш да се признае и понесе одговорност за стореното.
    Но ако сте подготвени да барате одговорност од други, потребно е истото да го насочите и кон себе кога треба.
     
    На Bezimenka90 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    16.480
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се напишаното, обично тој што се осудува да крене еднаш рака, и го смета тоа како not a big deal, при секоја наредна караница ќе следи шамар, затоа што тие луѓе не можат да се справат со бесот на поинаков начин и им треба стручна помош, а не тука да убедуваат се живо и диво дека тоа е сосема во ред, а да не спомнувам па колку е дрско и безобразно врз некого да кренеш рака, од кај таа сила и право.
     
    На raww и Bezimenka90 им се допаѓа ова.