За што да поднесам одговорност. Кога никогаш немам нанесено лично физичка повреда. Но да говорам за иднина, треба да имам преголема самодоверба и да имам кристална топка.
И сега? Зошто монструмот во него? Што не го браниш дека му бил инстинкт? Пошто тоа што го велиш е дека тој може да се правда со "губење контрола". И пак ќе повторам. Зборуваме за себе и контрола врз себе си. Ете не си го запознала доволно, можеби ако била и тазе врска, ама се познаваш себе си. Секој знае колку може да толерира. Ако мислам дека може да ја преминам таа граница, ќе станам и ќе си одам. Буквално тоа. Макар на кратко време, да изладам глава. Нема да се спуштам до ниво на шамари.
Грим се вртиме во круг затоа што не дочитуваш или се правиш дека не сфаќаш. Ти рече дека постапките се случува да не може да се исконтролираат доколку имаш анксиозност. Јас ти кажав дека минувам низ тоа и засега успевам да смирам топка, па дури и во жолти минути да не зашамарам некој. Вториот дел се однесува на тоа ако удриш некој. Не може да се извлекуваме на минати/сегашни искуства, состојби, болести и нарушувања. Тие не се одделен пакет па да не се рачуна ударот кој доаѓа од особа со некој проблем. Сигурна сум дека и мажите кои извршуваат фемициди ќе имаат „разумна“ причина зошто ги сториле. Ама има закони кои велат дека физичко насилство во врска/брак е кривично дело и за истото може да одговараш со лежење затворска казна. И ова не го кажувам јас, туку го определиле некои паметни чичковци и тетки уште во минатото. Значи да сумирам, да, можеш да удриш. Но, исто така и да одговараш за стореното. Можеби во твојот суд нема да бидеш виновна затоа што си имала анксиозност, ама во реалниот суд тоа може само да ти ја намали казната, а не и да ја избрише.
Не ме удрил, да се разбереме. Туку имаше многу краток фитиљ. Ама пишав бивш, нели?! Таков начин на комуникација не ми се допаѓа. Се согласувам дека не би иницирала шамар, но доколку постои, би вратила. Мило за драго.
Грешиш, сама на себе. Не треба да се контролираш, туку да го пуштиш ѕверот од тебе. Дали шамар ќе врзеш, дали ќе удриш во ѕид, дали ќе скршиш чаша е твое. Зошто јас да имам контрола, ако некој друг ја нема. Оттаму и таа анксиозност и голтање кнедли. И му благодарам на мојот психолог што ме научи сопствената агресија насочена према себе, да ја канализирам во надворешниот свет (ќе шутнам камен, ќе скршам пенкало).
Каков е овој психолог, треба бесот да го канализираш, да го смириш тој ѕвер преку соодветни техники. медитација, спортување, хоби некое, ако не ајде сите што сме анксиозни да лупаме да кршиме, да демолираме, да ги тепаме луѓето што ќе ни се најдат на патот оти не можеме да се справиме со сопствените фрустрации.
„Око за око ..“ и понатака знаеш како оди изреката. Не велам јас да премолчуваш и голташ кнедли. Секогаш можеш да искажеш револт и несогласување преку зборови. Впрочем затоа и сме битија со разум, свесност и способност за комуникација. А насилството можеш да го спречиш, макар и со заминување, оддалечување.
Ајде вака. Сум против секоја форма на насилство. За иднина, не можам да говорам за своите акции и реакции. Насилство можеби можеш да превенираш, ако некој е цврсто решен, ќе го изврши актот, верувај.
Не превртувај мои зборови. Како јас ќе се справам со сопствен бес е мое. Има начини, со медитација не се решаваат, но тоа не е муабет за тука. Јас си го најдов мирот во исфрлање на гнев врз предмети. И ми функционира. Не ми вредат лекции за доброто на моето битие.
Па твое си е никој не ти го зима, и никаде нема испревретени зборови убаво си пиша и си го потврди самата тоа што го пиша, ако не сакааш другите да читаат како се справуваш со бесот не ни пишувај и не изнесувај ставови ако не можеш да поднесеш мислења од други членови.
Затоа што ти си човек за самиот себе не за другиот. Ти можеш себеси да се контролираш, твоите акции и реакции а не на другиот. Ако некој не се грижи за себеси дали тоа значи дека и ти не треба? Бидејки нели зошто ти да се грижиш ако некој друг не се грижи. Бесмислено ти е ова. Има различни техники за справување со бес, агресивност, стрес, анкзиосност. Техники кои постојат со векови. Земи јога вежбај, медитирај, запиши спорт, а не да кршиш предмети, едноставно на долг рок тоа е нефункционално. Нормално резултатите нема да дојдат преку вечер како што моментално ќе скршиш нешто и одма ти е подобро. Овие решенија што ти ги понудив се на долг рок, што ќе почнеш да размислуеш свесно па нема ништо да те допира. Сите тука што оправдувате насилство затоа што некој ве изневерил, рекол нешто болно за вас или па некоја трета причина, извинете ама мора да научете да не ве афектираат зборовите. Ако јас знам што сум и која сум многу ми е гајле кој што зборува и што ми прави зад грб. Едноставно не може да ме повреди. Се знае ја отфрлаш личноста од животот и готово, нема потреба да се шамариме. Мажот ми кажа тајна па го зашамарив, не можам да поверувам што читам. Па не знам што не зема да во убиеш знаеш што им прават на тајните агенти кога ќе ги кажат тајните. И од кога го зашамари подобро ли ти беше? Да не исчезна тајната? Твоите престанаа да те замараат за проблемот? Или само ти се почуствува убаво во тој момент? Ова малце не ти личи на психопатски? @Tan4ence
Нештото што е успешно за тебе, за мене не е. Никого не повредувам ако исфрлам бес на предмети, освен мојот џеб. Пробував разни техники, за мене тоа е најефективно и беше најдоброто нешто што можев да го направам за себе. Тоа не значи дека јас редовно одам и кршам се пред мене. Напротив, поминав тежок пат и сега сум буквално како будист на зелена полјана. Имаме право да судиме за туѓите постапки, но не сме во туѓа кожа за да знаеме како еден збор, реченица, боли. Не сме биле присутни на настаните, можеме само да создаваме хипербола на ситуацијата, што тоа говори за нашата бујна фантазија. На крајот од краиштата, што мене ми реплицирате, кога јас не сум извршила никаков физички напад на лице, за сега. Понатака, што ќе донесе животот, не знам. Дали е тоа болен збор, дали е тоа самоодбрана, дали е тоа афект, никој, ама буквално никој не знае што може да направи во дадена ситуација. Пример, ми се запали рерната, јас знам дека треба со влажна крпа да го угушам огнот, но со цел памет ја фатив фолијата која гореше да ја носам на чешма, рацете партал ги направив. Она што сакам да кажам со примерот е дека, во дадена ситуација, конкрено за темава, скоро никогаш не се раководиш според своите правила и прописи, туку се раководиш според непромислени инстинкти. Колку пати, во лутина сте кажале нешто што не треба. Самиот бес формира нерационалност и погрешна проценка. Да, и јас слободно можам да говорам дека нема шанси да постапам со физички напад во одредена ситуација, затоа што и јас не сум таков човек, но не ја исклучувам можноста за тоа, во иднина. Животот е непредвидлив, а и самиот човек. Со текот на животот, се среќаваш со милион ситуации, те афектираат на различни начини, се случуваат разни непогоди кои можат да те сменат од корен. Јас не сум јас од пред 10 години. Различни гледишта, различни постапки.
Не, не треба човек да се контролира, зошто? Треба да спадне на ниво на животно и слични организми, зошто му е и мозокот не знам... Сакам да верувам дека некои тука пишувате глупости во кои не верувате, ама не ќе да е така.
Јас не знам што е толку тешко да се сфати. Ако ме удри некој јас со тој бришам се и крај. Не сум толку со големо срце па да опростувам се, а уште помалку да го оправдам. А, себеси добро се знам дека никогаш не би удрила куче или маче, а уште помалку човек кој го сакам и со кој сум заедно.
Oва е последна реплика од мене затоа што се вртиш во лавиринт со коментариве. Кога ќе ја скришиш чинијата и и се извиниш водена од сопестениот инстинкт дали таа чинија ќе се состави и ќе биде иста? Нема. Епа истото е и со човекот, ако водена од моментален инстинкт отепам човек во афект, дали ќе можам тој човек повторно да го оживеам? Нема секако. Ние сме разумни луѓе, паметни и не треба да бидеме водени од инстинкт, едно животинче е па кога ќе го скараш знае дека не треба нешто да направи.
Не исчезна, ниту тие престанаа. Ама он си научи што ќе следува ако направи пак таква или слична грешка. Сега сме океј, не се повторило ни од негова ни од моја страна. Он самиот си рече дека заслужил. Јас тука не можам да го убедувам дали треба да трпи или не. Друга личност немам удрено и не би можела да удрам.
Нареден пат ќотекот не му бега, шо не е јасно , арно си вика па и тој ако му е арно нека си ќути . Драма
Се гледа зашто човекот криел и чувал тајни, чим толку бурно реагира. Не знам за вас, али јас не сум била никогаш толку гневна да удрам некој. Без разлика, дали е на брат/сестра или пак партнер, не можам ни да се замислам да удрам некој што го сакам. Сме се шалеле, сме се закачалле. Сметам дека за да сакаш некој, мораш и неговата страна да ја гледаш. За секоја постапка си има и причина. Јесте он криел, ама зашто криел? Не е само он крив. Кривицата најпрво во себе треба да ја пронајдеш. А во никој случај не си смеела рака да кренеш на некој.
Па шамарот е и најмал проблем во врска кај што има манипулација и едниот партнер си зима за право психички да го уништува другиот, само затоа што така е растен т.е затоа што е толку скршен што мисли дека е нормално такво третирање. Нешто како Стокхолм синдром. Ќе го реметиш и на најмал знак на љубов и внимание ќе се осеќаш сакано, па дури и ќе си преземеш кривица за ќотекот и лошиот третман. Не знам само како после вакви мислења, одите во теми како Маж ми ме удри и зборите дека е насилник и да си оди жената или во темата Ќотекот како воспитна мерка и зборите како тој остава траги и не е правилен метод, со такви зборови што човек да си помисли дека стварно го мислите тоа.