Реално, да си ми мене пријателка,а еве на пример си издала моја тајна која што не сакам никој да ја знае, ја не би те шамарала, ја би те направила цела модрици јер си издала тајна, а ти ќе ми се извиниш и научиш за друг пат. Резил .
Мислиш дека ако имаш проблеми, тажен си, нервозен си, тоа ти дава право да тепаш жени? Оууу еј пази, се навредил господинот. Срам да ти е, а жал ми беше за тебе кога те читав. На девојка се силеше? Оди на маж колку тебе сили му се. Или пички сте тогаш. Ти си ми од оние дечковци што мислат дека се предобри, префини, од рај излезени дечковци ама пази само на идиотки налетуваат, леле жртви, кутрите вие. Ама погоди што Не сте толку фини колку што замислувате. Голем к*р ако рекла за брат ти дека бил аутистичен и дека се плаши за гените на своите идни деца. Зрел и воспитан маж прво ќе каже дека тоа го повредило, а потоа ако не можеш да преминеш преку тоа, ако не можете да го решите, ќе раскинеш. А не да се расфрлаш со шамари. И после "ја гледав ко принцеза". Циркуз невиден.
Боже сачувај! Ама ти нели повеќе пати го имаш удрено него. Повеќе тајни кажал? Кога ви е врската до тепање дојдена, зошто не раскинете? И не можам да ве сфатам Многу пати имам прочитано на форумов, Дома ме удрија моите, прелошо ми беше. Јас удрив некого - ама тоа заслужено му беше. Нездрава врска е тоа и барајте чаре. Не туку се шамарајте, на што личи тоа. Во врска треба да растете заедно, не да се доуништувате еден со друг. Он ако направи пак таква грешка, раскини му, кој ти дава право шамар да маваш, како ви пројдува таква мисла дека можете прст на туѓо тело да ставите. Многу, многу сте среќни што налетувате на луѓе што не знаат да се одбранат. Затоа децата се пуштаат на самоодбрана уште од најмали. Да се збуни тој што ќе се дрзне да крене рака, како што се збунал бившиот на @Jana06 . Браво јанче, стварно
Може он да раскине ако не му чини, јас не сум го врзала за мене. Еве јас сакав да раскинам пред некое време...знаеш што ми рече? Неќам да дозволам толку убави моменти да ги фрлиме во вода ради неколку удари од твоја страна и тоа. Он самиот не би ме удрил го знам доволно. А растен е со учење дека женско од љубов те мава (да, сериозно ова му го збореле) , а он треба да биде маж да се извини што згрешил. Али сега е возрасен тип, сам треба да знае дали нешто му одговара или не. Е карактерно што е таков, јас тука не можам да го менувам И не е дека ако некој фати да го тепа пред мене, дека јас ќе седам и ќе се смеам. На еден начин го прифатив тоа што го направив наместо да се јадам одвнатре. Знам дека е грдо да прочиташ дека е во моја корист тоа што он смета дека удар од моја страна е океј. А ако сметаш дека заслужувам да ми врати со боксови како членката што си ја тагнала, слободно пиши го тоа. И толку имам да кажам, барем овде на темава.
Така сите жртви на домашно насилтво викаат. Де, ме удрил, не ме удира веќе. Знам дека ме сака, само некогаш јас многу го нервирам И така... секогаш истата приказна.
Да, сметам дека ако го удриш ти, има и тој потполно право да ти ја акне една. А не да го оправдува твоето насилство. Да прашаше тој овде совет, ќе му го кажев истото што им го викаме на сите жени што се жалат дека се тепани од своите мажи, а тоа е да раскине одма, без размислување.
НЕКОЛКУУУУУ ?????? Моламмммммм Еднаш ајде грешка у афект, втор пат веќе си знаела што правиш, да не зборам за трети или четврти. Јас би те советувала да побараш некаква стручна помош, доколку имаш проблеми со лутината. Немој да ти стане навика. Не знам дали имаш деца, ама што ќе правиш они кога ќе се родат?? Јас знам моите колку пати само во текот на денот сум ги изнервирала или налутила, замисли да ме тепале за секоја глупост?? Он можда слепо те сака, ама некогаш и он ќе се освести од таа љубов и ќе сфати дека колку и да го учеле дека така треба, не е воопшто правилно. Ти посакувам убав ден.
Не знам ама мене ова објаснување зашо и како заслужила да биде удрен/а, ми се само изговори и лаги во кои само вие верувате, за да немате грижа на совест. Или како што кажа другата, се помирила со тоа за да не се јаде одвнатре. Никој не заслужил да биде удрен, посебно не од човекот кој што го љуби. Малку самокритични бидете и признајте дека сте згрешиле.
А, вие што поддржувате шамарење ќе поддржете некој кога вас ќе ви удри шамар? Или тогаш пу, пу не се важи тогаш ќе е сељак. А, другите што ги шамараат-оправдано е што си го добиле.
Ќе го оставам. Од моментот кога ќе крене рака на мене, тој е веќе мртов за мене. Неверство насилство, наметнувања, уцени не простувам.
Нема потреба од шамари не сме 19 век жените кога ги тепале и каменувале кога варале, ако е изневерила ке ја напуште фино лепо, а не да тепа.
Нема ни потреба од нанесување душевни болки, неверства и слично. И тоа боли, повеќе од една шлаканица. Ако и удрил шлаканица ќе го напушти фино лепо. Како и ти што велиш, го изневерила ќе ја напушти фино лепо. Или по твоја логика во 21 век не е дозволено само шамар а нанесување душевна болка и слично тоа може.
Ако земеме душевните болки да ги решаваме со насилство а не со апчиња до сега сите ке бидеа испоубивани.
Сите што имате вакви пештерски размислувања обично завршувате со сељаци кои нема два пати да размислат пред да ти ја закачат една, пошо паметни и зрели дечковци ваква не би ни погледнале ко тебе. Ако те знаев, кога пред мене би ти ја закачил, полиција не викам, ич око не ми трепнува. Ако ти е, заслужено скрос.
Мантуб едно искрено прашање може? Ако видиш девојка да удира дечко на улица дали ќе рипнеш да го браниш или прво ќе помислиш дека е манијак или можеби прв почнал? Пошто може стварно бил рандом манијак што знаеме дека ги има наоколу. За девојка знам дека би ја одбранила.
Со апчиња да решевам болка која ми е нанесена поради неверство? Јаоооо.... Замисли некој си игра курташак со тебе со месеци, те лаже, ти дознаваш и пробуваш на мирен начин да решиш ситуација и на крај тој почнува тебе да те прави виновна да те брука пред сите па уште и да те турка. Не една шамарчина туку две заслужува. Ептен сте површни, ептен. Пахахахахах па муабетов не е само ако дечко залепи шамар на девојка, туку и обратно. Не форсирајте феминизам насекаде. Први сте што би му залепипе една доколку дечко ве изневерува и ви крие, на крај дознавате па уште тој вас ве прави виновна. Да не се лажеме и да не глумиме Исус Христос по форуми.
Од што толку немаш појма од феминизам, едноставно не ти се верува дека постојат многу луѓе што не се насилни и не би удриле никого. Ама отвори некогаш и некоја друга тема на форумов, не мора само темите за густина на сперма да ги читаш, може ќе научиш нешто и за феминизам.