А шо ке реше шамарот ако тоа веке се десило? Чао и готово, ако подржуваш еден вид насилство ке подржуваш и друг.
Затоа постои нешто што се вика РАСКИНУВАЊЕ. Намерно пишувам со големи букви бидејќи гледам дека не сфаќаш. Ако му удриш шлаканица, не си ништо поразлична од него. Ниту се лажам, а уште помалку глумам Исус Христос, туку ги решавам работите на цивилизиран начин. Пишав погоре дека и неверството е нешто што никогаш не би го простила, па ако се случи ситуацијата погоре, ќе оставам и тоа е тоа. Ако толку сака да „работи“ на страна, слободен е. Не постои причина за јас поради таков да паѓам ниско, а притоа да пропуштам шанса за љубов со човек што ќе ме сака и почитува. Тепањето е нешто што би го употребила исклучиво во самоодбрана или ако се натпреварувам во боречки вештини. Кога го спомена феминизмот, те прашав во темата што ја отворив пред околу два месеца и ќе го повторам прашањето бидејќи одговор од тебе не добив. Зошто жестоко го критикуваш феминизмот, а притоа се жалиш дека си била наречена „лесна женска“ поради твојот начин на облекување? Ова беше моето прашање до тебе во темата што ја отворив јас. Љубезно те молам да ми одговориш на прашањето, без да се расправаш. И уште нешто: среди си го правописот зашто гледам дека немаш основни познавања.
Ти како матичар. Сите знаеш што читаат. Тоа ме интересирало тоа сум читала. Јас би се чувствувала олеснето. Ако ти сметаш дека тоа не е добро немој да креваш рака. И тоа ако подржувам ова ќе подржувам и друго не ти пали. Шамар и кршење од ќотек не е исто. Како прво шамар не би удрила со цел да нанесам физички трауми туку со цел да се замисли што довело тоа да се случи. Не правам муабет за шлаканица од пети извадена очи да му испаднат од удар, туку нешто со кое би се засрамил и би се запрашал што навистина направил за да дојде до тоа. Ти не си таа која треба да ме учи на правопис. Не дискутирај со мене доколку сметаш дека немам основни познавања и барај твоја марка на луѓе.
Сè уште не ми одговори на прашањето што ти го поставив. Ако не сакаш, твое си е. Да не бидам надвор од темата, кога ти, не дај Боже, ќе бидеш удрена од страна на твојот дечко, немој да се жалиш на форумот, те молам. Поддржувај си ти шамари, тоа многу зборува за тебе, а не за мене или друг/а членка на форумот. Прави што сакаш. Толку од мене.
@SugarHoney ако мислиш со шамари се решава, повели. Дели ги како гума за џвакање, само за да се чувствуваш подобро. Проблемот нема да се реши, нема да исчезне, неверството се случило и така ќе остане. Шамарот ништо нема да промени освен краткотрајна душевна сатисфакција. Ако сакаш и употреби ќотек, никој не ти забранува ама немој да се изненадиш ако соговорникот ти возврати што не го оправдувам посекако, ама некој нема да толерира шамари. #justsaying
И сами кажавте погоре. Има куп жени по темиве што се жалат дека се тепани. Одете нив помогнете им, наместо тука да се убедуваме зошто некое курле бил плеснат од девојче и дека некоја заслужила да биде истепана. Јас друг човек немам удрено, нити пак ќе удрам
Нема филозофија на темава. Еден одговор е и ја сумира сета суштина на проблемот: Моментот кога партнерот ќе дигне рака на вас, е моментот кога врската е убиена. Толку.
Не знам какви ви се тие врски со шамарење и омаловажување, курле бил. Ќе го распарчеа дечко ти да дојдеше тука и да пишеше 'Ја ишамарав девојка ми пошо ми издаде тајна' или 'Удрив едно пиче'. И на машките не им е лесно, ако ја удриш насилник си, ако се повлечеш курле си.
Драга @SugarHoney едното не го исклучува другото. Ни шамар, ни нанесување емоционална болка не е добро и решение и постоење на едното не оправдува постоење на другото. Прво затоа што повредуваме друго живо суштество, второ тоа влијае лошо и по нашето ментално здравје нахнадно. Така да на темава никој кој е против тепање, не е за нанесување душевна болка. И двете повреди спаѓаат под насилство и нема "ова сакам, ама ова неќам".
@SugarHoney дали ти ако некогаш изневериш ќе очекуваш (и оправдаш) шамар од дечко ти за да те замисли?
Јас сум за шамарање, ако тоа предизвикува возбуда кај обата партнери. Што ви пречи ако некој се шамара во врска. Во темава, од она што прочитав, никој не побара помош, туку даде став како изреагирале или би реагирале во дадена ситуација. Што прави некој во својот дом и круг, не треба нам да не засега. За вас е лошо и не сакате да го правите, за некого е инстинкт, возбуда, рефлекс итн. Остајте ги луѓето на раат да си лепат шамари, не штетат на вас, туку на своите партнери. Ама ако на нив не им пречи, што има на нас да ни пречи?!
Не ни пречи. Ама не зборуваме за сексуална преференција во темава, туку за насилство. Насилството ми пречи.