1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако партнерот се осмели да ви залепи шамар?

Дискусија во 'Врски' започната од lady19, 30 март 2013.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе доволно е и да се обиде, крај и точка. Овоа не треба ни да се дискутриа. Зошто да де да, денеска ми шамар удри и ја ќе го правдам, а утре кога ќе е бокс, ќе ја питам од кој паркет ќе си ги собира забите.
     
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Ќе му залепам бокс,и ќе му го гризнам увото како Тајсон на тој (не ми текнува како му се викаше противникот) :punch:
    Па нека се осмели пак! :muscle:
     
  3. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Ако нкој ти удира шамари, биди благодарна што имаш шанси на време да избегаш од тој човек. Бегај подалеку од него и што побрзо така брзо, колку што нозете те држат. Оди таму каде што те почитуваат. Аако ти прва удираш шамари тогаш оди на психотерапија и барај помош. Кога проблемите би се решавале со ќотек тогаш не би постоел нерешен проблем на светот, за жал.
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    ШТО? МАШКО ДА ПРОБА ДА МЕ УДРИ ?!
    Како прво машко што удира девојка не е машко, очигледно му се згрешиле хормоните нема иксипсилон туку иксикс.
    Второ сигурно си има проблеми човекот, домашни и не знае како да го извади бесот.
    Трето во случај да проба да направи нешто такво, веднаш се става крај на се.
    Четврто ако те удрил, со сета сила меѓу нозе, ќе го здоболи ќе клекни и тогаш со сета сила со клоци
    Никој не смее да удира никого, но ако партнерот ја премине оваа граница заслужува клоца каде што боли најмногу. :)
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Добро е ако само шамар ти удри..а што ако?па се знае.бегај од таков човек,такви силеџии на секој чекор има,а финтата е да не најдеш таков :D
     
  6. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Уште истиот момент престанува да ми биде партнер :)
     
  7. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    52
    Што се трескате од земја не ми е јасно??? Да го остави затоа што и врзал шамар?? Епа зошто таа прва го удрила?? Значи ние можеме да ги вреѓаме,да ги удараме, да ги навредуваме, а они на нас ,,А,, да не ни кажат?? дај ве молам каде има таков совршен маж? Вашите дечковци тооолку ли се совршени што никогаш не ве увредиле, не ви е обратиле со повисок тон?? незнам дали има таква тема ако дечкото се развика, треба да проверам сигурно и таму ке пишувате ако ми се развика крај е хахах ооох што се нема да видам.. Јас сум најмногу против малтертирање, но тоа важи и за ДВАЈЦАТА не само за машкото, и ние знаеме да ја одлепиме и тоа многу често. Затоа најважниот совет : ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ ТАКА КАКО ШТО САКАТЕ ДРУГИТЕ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ СО ВАС !! и престанете да се глупирате ке го оставам заради тоа што вие сте криви оти и на машкото му прекурчува од вас и си викат во себе ,,шо се замислува таа помочла она мене ке ме удира,, а тој да стои хахах свашта.. (мислев дека сте по правилни, знам дека ние женските имаме предност и во никој случај не треба да не маваат,но и ние не треба тоа да го правиме Преиспитајте се малку во главата!

    btw: малку сум вулгарна, но мн се изнервирав :D
     
    На piksooki, Tanjus и Laady994 им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Строго сум против физичко насилство во било кој облик.

    НО !!!

    Што ако женското го удри на машкото ?

    Познавам другарки кои во дадени ситуации биле толку изнервирани, па го зашамариле на партнерот. Да, да !!! И тој не им возвратил назад. Туку им простил, демек, абе жена е, оправдано и е, изнервирана била.

    Дали тогаш требало дечкото одма да ги откачи ???
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Ниту удирам ниту сакам да бидам удрена. Па пар сме, не се наоѓаме на бојно поле овде. :^) Се може со разговор да се реши, е ако и тогаш не може се знае што следува.. крај. :) Има нешто што се вика взаемна почит. Без неа ништо не праиме. :x
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Ако партнерот се осмели да ти залепи шамар, ако е во Америка, Австралија или високоразвиена европска земја, тогаш ќе си оди во затвор или ќе плати казна и ќе му биде забранет пристапот дома за отприлика 6 месеци, а тебе парите ќе ти доаѓаат на сметка. Доста интелигентно, нели ! А ако си тука и имаш кај да си одиш ќе го оставиш одма или ќе си јадеш ќотек магарешки, ако си решила да трпиш или да се надеваш дека ќе се смени.НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СМЕНИ, НЕГО СМЕНИ СИ ЈА ТИ СУДБИНАТА, ДУРИ НЕ ТИ Е СКРШЕНО НЕКОЕ РЕБРО, НЕЈКОЈ ЗАБ И УНИШТЕНИ НЕРВИТЕ.Никој таков не вреди да го трпиш за било што, па ако треба да се шивее, барем 3 дена како човек со достоинство, наместо 3000 со хулиган.Сите такви сами нека останат!
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    "Ја удрил, па што, заслужила, е не, она на него ќе му вика. Кој е маж во куќа? А?"... :clap: Така, така, само строго, нема лабаво.. е не, ќе се зафркаваме... :rofl:

    Јас искрена да бидам постов твој го препрочитав три пати, зашто прво си мислев дека е нешто иронично напишан и дека е чиста зафрканција. Просто не можев да поверувам дека има девојки со вакво размислување. Јас останав без зборови.

    Друга работа, затоа што премногу си зачудена и за тебе шамарот не е ништо, ај наведи ми една добра причина заради која ТИ би го оставила дечко ти... Ако физичкиот удар од машко не е доволна причина да го оставиш не знам што друго би било поголема причина. И дали ти кога си му се развикала на дечко ти те удрил?

    Машкото е машко и секогаш физички ќе биде посилно од било која девојка и во ниеден случај не оправдувам да ја удри. Дури и она него да му се има развикано и да го има удрено, како прав џентлмен треба да се заврти и да ја остави, а не да ја тепа со изговор дека она него го удрила и му се развикала. По сељачко, помизерно, понекултурно, поневоспитано и по долно нешто од тоа нема. Се згрозувам од такви машки, не можам ни да ги опишам чувствата кои ги имам кон тие суштества (не ни можам да ги наречам луѓе), а уште повеќе се згрозувам пак од вакви постови што се целосно олицетворение на балканштинава наша никаква. Јас се чудам на вакви постови, најискрено. Ова е страшно како некои девојки размислуваат.
    Ова ми е исто како кога за силувана девојка на нашиов скапан, одвратен Балкан ќе речат дека самата си барала. :puke: :puke: :puke:
    Инаку да ти одговорам на прашањето односно на болдот. Јас имам до мене совршен маж. Да, и тоа го тврдам и можам со двете раце да потпишам одма сега. И да, до сега НИКОГАШ дечко ми не ми повишил тон, НИКОГАШ. И НИКОГАШ, буквално НИКОГАШ не ме навредил, со ниеден, никаков погрден збор, ниту пак јас него. Се случило да се законтраме, да дојде до недоразбирање ама секогаш СЕ' сме решавале со смирен разговор и до сега во таквите моменти најлошо што ми се има обратено е моето име, и тоа беше само еднаш. Прво и основно тоа е основна култура, основно домашно воспитување, прво немаме ни такво речник за да се навредуваме, второ, не можам да замислам личноста што ја сакам повеќе од самата себе да ја навредувам и да го видам навреден заради моите зборови, па не знам што би си направила и обратно.
    Немој да мислиш дека ако тебе дечко ти те навредува, ти се развикува, ти повишува тон итн дека тоа е нормално и дека сите тоа го прават. Не, не е нормално и не, не го прават тоа сите.
     
    На S.J.Parker, ilipili, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    ХАхахахх ... ајде бе шо збоувате вие? Јас и дечко ми се тепаме.. И не само шамари, него боксови, тупаници, клоциии.. и уште сме си злато, срце, душо.. Добро ај малку претерав, јас го имам удрено а он не ми вратил. Ама затоа ми ја лепна, помала си и не размислуваш како што треба. И нормално јас сум 16 а он 20. Инаку и на шала си се пласкаме, ама после .. ух ух ух.
     
  13. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    8.736
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не би трпела. Нема оправдувања бев нервозен, пијан ова она. Мене татко ми никогаш во живот ме нема удрено, добро мајка ми ме има шлапкано :lol: , ќе дозволам некој невоспитан дивјак да си лечи комплекси на мене. Имав еден бивши кој што одоколу си раскажа како ја удрил бившата и како демек он бил во право. Кога ми го кажа тоа си сфатив колку е часот си велам што таа, што јас, еден ден да не зажалам, да си фатам возот додека е време, со такви нема разбирачка :!: . Наидете ли на таков шпринт патот под нозе и да ве нема, да ви е сопруг замислете што ќе се деси. Мајка ми имаше една колешка и сопругот ја тепал секогаш кога задоцнувала од работа, лудак :@ , што се не гази по светот, на таквите само млатење бе, да осетат што е ќотек а не да покажуваат сила таму кај што можат и тоа на жена :envy: .
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Боже |( .
    Ниедна врска ,ниеден брак не е совршен.Ама да летаат шамари,клоци навредливи зборови...Па што останува утре за брак?Јас сум 16 години во брак и пред него сум имала врски,никогаш ама никогаш не сум дозволила себе си да дигнам рака на некого.А не дај боже некој на мене.А ако ме нараче со погрдни зборови тоа има да му биде последно,без разлика за кого се однесува.
    Утре,за тие кои сега се во врска ако стапат во брак,што треба?Да го направат домот ринг за боксирање?[​IMG]
    Колку се разочарувам кога ќе прочитам вакво нешто.А мислев дека вие младите направени сте од поцврст материјал.
    И да,ако дигне рака на мене без размислување би го оставила.Никој не умрел од самотија нема ни јас.
     
    На tessie, LalitaGrosa, Schmetterling4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Кога жената ќе му мавне шамар на мажот = ок , нема проблем, сигурно заслужило копилето.
    Кога мажот ќе и удри шамар на жената = ЗАТВОР !
     
    На tessie и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Јас имам изгледа непопуларен став за ова прашање :worried:
    Ако насред жолчна кагва, каде летаат навреди и терања во пм дечко ми ми плесна една, тоа е знак за тревога и за мене тоа е доволна причина за крај на таа врска - секое семејно насилство почнува од нешто помало а завршува страшно! Се знам себе си, јас многу ретко избувнувам и пред се избегнувам конфронтации така да одговорно тврдам дека не би удрила никогаш, само би се завртела и би си отишла засекогаш ако работата дојде до толку да почнам да губам контрола - штом некој успеал до толку да ми згреши, од мене има само едно чао
    Но, ако јас прва го удрам немам право да очекувам, само бидејќи сум женско, он да седи како мисир додека јас го млатам. Џабе ни е феминизам, џабе ни е еманципација и рамноправност ако се вадиме на картата `ама ние сме девојчиња` кога нас тоа ни одговара. И не сакам никој, во било која ситуација, да ми го правда однесувањето зошто сум женско, ниту сакам некој да ми попушта поради полот.
     
    На ilipili и Hipster им се допаѓа ова.
  17. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    348
    Дефинитивно треба да ја остави или таа него да го остави.
    Колку и да има заслужено да ја удри, требал да се исконтролира, но прво девојката не требала да го удри. А тоа дали е полека или посилно не менува премногу. Шамар е шамар. Не е битно кој кого има ударено таква врска не треба да продолжи.
    Денеска се повеќе има семејно насилство, се повеќе има жени кои ги малтретираат мажите, така да девојката во примеров е најголемиот кривец, а веднаш по неа и машкото.
     
  18. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Женско да удри машко ДА! Али машко да удри женско бре? Во тоа ли е машкоста? Па и колку да се скараат и да се лутат и незнам што несмее да ја удри,така ли се покажува машкост ако веке се покажуваме? И силата не е иста на женско и машко...Мој совет да се тргне од него,ако пробал еднаш и ја удрил сигурно ке има и друг пат :)
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам дека на женско му е дозволено да удара машко, па колку и да е згрешил. Не сме дивјаци, се се решава со разговор. Ако некому не е погодено чао, пријатно, нема потреба од шамари.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Па чим еднаш те удри 99% ќе те удари пак. Само што има некои кои не се свесни дека вистинскиот маж никогаш не удира жена. Животно не се тепа а не пак човек. Инаку кога мене би ме удрил би го оставила и никогаш повеќе во очи нема да го погледнам, не сум јас на улица најдена за мене некој да ме удира.