Ако те удри еднаш, ќе го направи тоа и втор и трет пат. Ќе си рече: Оваа еднаш ми прости пак ќе го направи тоа.
Запрепастена сум какви коментари прочитав на темава, и тоа од жени. Кутриот тој, кај бил крајно „воспитан“ и „културен“ на зборови со девојка му, не бил од улица собран, му се разнишало од мајка нахранетото егце, а и сигурно бил на работ на животна опасност од нејзината шлаканица, би умрел, па, морал да врати Добро бе вие, разликувате машка од женска конституција, обем на дланка, тупаница, whatever? Мислите цел свет полудел што се водат кампањи против насилство врз жената како понежен пол, тоа само така, без причина им паднало на памет да го прават? Траорен е овој мкд менталитет.
I don't see the big deal, Мирка има отежнато движење. Познавав една жена, покрупна од сопругот. Се збореше дека ја малтретира.
Ќе го прекичмам на спиење Шала на страна вероватно би добил една повратна и ќе престане да ми биде партнер.
Тогаш не е вреден за нашата љубов, посветеност и време. Прво што треба да го направиш е да му го вртиш грбот, му го бришиш бројот, фрлаш се што те потсетува на него, кога ќе го сретнеш на улица го одминуваш... ќе мине време ќе заборавиш, ќе преболиш ќе си најдеш некој што ќе те сака милува и опсипува со бакнежи, а не со шамари!
Ако ептен го чепнам на болна тема и ме мавне во афект можеби и ќе му простам бидејќи сум го оредизвикала (стварно не знам да преќутам некогаш и зборам без да размислам). А да е пример пијан, нервозен од друго нешто или не знам од љубомора да ме мавне. Ќе му остаам пет прсти на лице и нема да ме види веќе.
Еден шамар е само навестување на шамарите што следуваат. Затоа девојки ако партнерот еднаш крене рака на вас раскид у најкраток можен рок е единствениот спас.
Шамарот (треба да) значи крај на врска. Всушност е еден вид освестување со каква личност си имаш фатено работа, и ако еднаш се случи шамар голема е веројатноста во иднина да се случува уште поголемо насилство. Јас сум повеќе од сигурна дека либе никогаш не би се осмелил да крене рака на мене, каква и да е ситуацијата, иако никогаш сме немале толку вжештени караници.
Сметам дека никој не треба да трпи насилство.Имам сретнето случаи каде што жената останува во семејството само поради децата.Јас не го оправдувам тоа.Точно е дека сите родители гледат најдобро за своето дете но ако тој партнер денес дигне рака на тебе утре ќе дигне на твоето дете.Во вакви случаеви мислам дека е најдобро одман да се прекине секаков контакт со личноста.Ние не сме овде за некој нас да не малтретира.А тие што креваат раце на својот партнер не заслужуваат да бидат дел од нивниот живот.Смешното е само што некои луѓе ќе ти кажат тој/таа крена рака на мене но сепак ме сака.Луѓе сватете дека насилството и љубовта неможат да бидат на исто ниво.
Имам добиено шамар од бивш и му простив оти бев наивна.ќе се сменел и полошо стана но нејќам да се присетувам.Ако ве удри еднаш или повреди не е за вас заминете засекогаш
Убаво пиша @Dream-Girl за црвеното знаменце. Тоа е границата до која можам да простувам и давам шанси, па и да толерирам... ама од таа црвена зона натака - ја преминеш, нема враќање. Ќе си останеш во минатото запечатен. Истото важи и за неверство, ама ова е поригорозно за мене.
Прво ти наредува. Па ти удрил шамар. Се надевам дека се уште не сте во врска 6 години. Раскинавте конечно?