Ќе завршам со него засекогаш а секако и ќе си ја добие казната на апарати во болница ќе заврши, јас на никого не простувам
Насилството раѓа насилство, а може и поскапо да се плати Јас во самоодбрана што имам возвратено ќе платев со живот. Почна да ме дави на отворено сите гледаа и никој не притрча, арно алфите што видоа и изреагираа инаку немаше да пишувам сега и овде во жививе.
Еве јас ти кажав само што се одбранив можеби ќе платев со живот, тогаш по се тоа платив со анксиозност која кога и да го видам на јаве повремено ми се пали, така да тоа е во мојов случај.
Тоа што ти си имала негативно искуство не значи дека треба да престанеш да користиш самоодбрана ако некој те напаѓа.
Во право си, ама по моево искуство мислам дека од страв ќе замрзнам на следно такво нешто. По таква преживеана траума се поинаку се доживува.
Ми се има случено да ми залепи шамар и друга онака силно од седење да ме удри по колено силно со рака. Различни особи беа, али за прв пат ме видоа како е кога сум лут и ги фати страв. Затоа што им реков фрустрациите или нервозата што ја имаат да не се обидат повторно со удирање да ја изнесуваат. Може со збор, викање да се разбериме некако али со ќотек не. Затоа што во животов немам удрено девојче, ниту пак ќе удрам, али да не се осмелат повторно.
Не гледаш на кого го цитирав? Девојката пишала дека му вратила на некого во самоодбрана и јадела дупло и сега го кажува тоа како да не треба да се користи самоодбрана. Читај, полека
Кога ти залепила шамар си требало и ти нејзе. Нема тука женско машко. Некои се толку идиотки се прават жртви ако им вратиш. Самоодбрана е самоодбрана и важи за секого.
Имав еднаш искочено со еден дечко на обичен дејт прв пат и ми влепи шамар за ништо, буквално се здрвив не сакав ништо да пробам да направам плус типот беше џин а чим од ништо се осуди да ме удри, може ќе ме здрвеше на лице место ако му вратев. Сега ако некој ме удри ќе пробам да се тргнам некако од него и да избегам затоа што ме плаши што би можело да направи понатака, иако идеално би било да му ја рогнам една меѓу јајца па на раат да си киднам.
Го памтам денот како вчера, и реков залепи уште еден шамар на другиов образ барем и да не те видам неколку саати во собава, пуфло една. Инаку не знам, немам срце да вратам на женска особа....
Една црнка ја запрела полиција во Америка и типкава плаче на твитер за полициска бруталност врз црнци и добива милионска поддршка. Толку популарен стана твитот што стига и до полициската станица каде работи овој полицаец што ја запрел. Е арно ама полицаецов си имал камера уклучена и станицата го објавува видеото кај што се гледа дека полицаецов скрос најкултурно само и бара документи и ја пушта и посакува убав ден. Лом ја направија идиотката Ме потсети на случкава пошо обично многу се провлекуваат низ призмата на жртви пошо нели маж да удри жена како така Ама на секоја што ќе те удри, ќе ја спукаш со иста сила пошо тоа е самоодбрана не е напад па нека и текне дали ќе удира следниот пат, пошо ако е женска особа не и се достапни ексклузивни права да нанесува болка
Не мислев баш да не се користи самоодбрана, жал ми е ако така поделував, ама да се има во предвид дека последиците може да се многу полоши од тоа само да му ставиш до знаење дека се самоодбрануваш и сакаш крај на агресијата. Од моево искуство научив дека после можен изгубен живот ништо друго нема да се направи. А за другата страна ќе се најде чаре, само за тој под земја чарето го нема. Нажалост, ова е мое многу лошо искуство. Не сакам да е демотиваторско, чисто да земете се во предвид што може да се случи, не дај Боже.