Мои другарки имаа лоши случки. Едната беше влечена за коса и допирана на јавно место од тогашниот нејзин дечко, а пак тогашен дечко на друга другарка и ја има удрено главата во ѕид и заврши во болница, па се влечеа на суд. Мене никој никогаш не ме удрил, а мислам дека не би ни пробале(ме знаат убаво).
Насилник ненасилник на моја сестра да и' се случи вакво нешто ќе го сачекам у некое темно сокаче па да видиме колкав маж е чим може да крене рака на жена.
Неќам да се правам жртва ама тоа машко женско има разлика а тоа е следно. Шамар од страна на машко неретко преминува во полошо тепање. Шамар од страна на женско останува на шамар. Не дека нема исклучоци, ама најчесто е така. Да, шамар е шамар, ама тоа што следи потоа и последиците не се исти.
Ќе биде дефинитивен крај. Ова е едно од нештата што никогаш, ама никогаш не би го толерирала во врската.
Ниту од женска, ниту од машка страна поддржувам насилство. Не постои нешто по понижително од тоа да удриш некој.
Зависи за што. Имам пријателка која сакаше да седи на две столчиња. Имаше дечко со кој беше во врска и постојано го изневеруваше и се гледаше со друг без да ја прекине врската. Бевме собрани заедно, предновогодишно, правевме план. Дечково некако дозна, ја тргна на страна, цел се тресеше се вознемири ептен но проба да разговара нормално, девојкава уште силна почна да му се дере и да го турка, почна да зборува како тој бил за се виновен. Дечково ни две ни три мавање шлаканица, ни се извини нам и си замина. Заслужено. Јас да се најдам во ваква ситуација не шамар со што ми стигне при рака би мавала. Сите сте против тој шамар демек физичко насилсто, никому не му е битно по која заслуга е тој шамар и која внатрешна болка го тера човека да направи такво нешто.
Нема оправдување за физичко насилство. Ниедна причина не е изговор за шамар. Значи сум била изневерена, и на други начини повредена, еднаш не ми текнало да дигнам рака на тој што ме повредил. Ништо нема да постигнам со тоа. Само да се срамам од себеси што сум се спуштила толку ниско. Ако сум одбрала партнер што би се осмелил да дигне рака - ќе сфатам дека сум згрешила и нема веќе очи да ми види. Каква сака нека биде причината за ударот, нема оправдување.
Да не може човек веќе онака драматично да удри шамар со солзи во очи за сторена неправда и демонстративно да замине...засекогаш. Ех.
Аха, а за душевна болка има оправдување? Зошто само физичкото ви е битно толку баш ме интересира? Ниту инвалид ќе остане од шамар ниту цел живот ќе ја носи таа болката од шамарот за разлика од душевна болка. Можа да замислам како му било кога дознал дека девојката за која правеше се со месеци го изневерувала па уште и пошчна да го брука пред сите нас. Но сепак твој став твое мислење, ако можеш така секоја чест.
Ако добијам шамар - тоа е крајот, па нека ме боли колку сака што нема да сум со него. Еднаш кренал рака- ќе крени пак.
Не сум го прашала. Лично мене барем би ми било полесно. Не би пуштила туку така некој кој со месеци на пример си играл курташак со мене.