Сите ние сме чувствувале душевна болка во некој период од животот па не ни дошло до памет со шамари да решаваме проблеми. Душевната болка не се решава со шамари, ќе се чувствуваш бедно што си дозволила да паднеш на ниско ниво. Реши го проблемот на зрел начин, не со насилство.
Не сме сите исти. Интересно ми е како сте против физичко насилство а никој ништо не кажа против душевна болка и слично. Ма да малце и претерување е шамар да се нарече физичко насилство ама ајде. Ако јас би се чувствувала полесно и подобро ако му мавнам заслужена шлаканица јас тоа ќе го направам. Кој може дипломатски нека решава дипломатски, немам ништо против.
Зошто да не е исто? Нели сме еднакви? Тоа што сме жени не е оправдување дека не можеме да се најдеме во ситуација каде би заслужиле шлаканица.
Имав 2 години душевна болка од бивш партнер. Немаш поим како ги поминував деновите во депресија, не ми се живееше, имав црни мисли ама никогаш не посакав да му мавам шамари, напротив.. се издигнав, победив, и го пребродив тоа. Тоа што ме повредил свесно и си играл со мене кажува каква личност е тој, ама тоа веќе е друга тема, да не забегуваме многу од темата. Душевната болка ми помина со тоа што времето ме излечи, работев на себе, се фокусирав на други работи. Сепак сметам дека секое насилство започнува од шамар.
Aбе во право си, ама до утре може да се лажеме дека е потполно исто. Јас не сум чула некоја да го здроби дечкото од ќотек, а обратни случаи има илјадници. Така да шамар од страна на девојка ќе остане на шамар, нема да премине кон ништо полошо, за разлика од шамар од страна на дечко.
Ако ти можеш така секоја чест. Јас не би можела. Јас се согласувам потполно ама денес општеството ни налага дека сме еднакви па според тоа кажав дека сме еднакви. Ама од шлаканица до кршење од ќотек има разлика нели? Правиме муабет за шлаканица. Од шлаканица би требало да почне совеста да го боли човека и да се происпита зошто ја добил. Ништо не бива од шлаканица и не боли толку за да се нарече физичко насилство.
А кој фактор е тој да ја удри ако го изневерувала? Ја направил ли, ја родил ли, кој фактор е не разбирам? Вакви „причини“ воошто не се причини за насилство. Има многу потешки работи во животот. Да му силуваат дете некому (пример давам), па да го сокрши од ќотек - ќе го разберам тотално и браво ќе добие од мене. Но за вакви смешки автоматски паѓа ваквиот човек во моите очи.
Па ок, има разлика во тежината. Зборот ми е последиците од тој шамар се различни кај машко и кај женско.
A кој фактор е она курташак со месеци да си игра со него? Да го брука пред сите и да го турка? Реши работата со него, раскрсти фино лепо на мирен начин па терај со 5 души у исто време ако сакаш.
Не ја оправдувам што го изневерувала. Но, факт е дека не смее да дигне рака врз неа. Прејак маж испаднал со потегов.
Кога она смеела да си игра со него со месеци смее да дигне рака и тој. Нема да умре од таа шлаканица ниту инвалид ќе остане немај гајле. Тоа што е жена не е лишена од ништо. Еднакви сме нели? Или феминизам ви е изговор само кога имаме корист?
И да им се заменат улогите, коментарот ми останува ист. Насилството не е решение. 21 век сме побогу, тргни од таму што постојат санкции и мерки околу такви случаи.
Што има врска машко, женско. Колку клише муабет ми е тој во 21 век, во 2020 година. Воопшто не се чувствувам дека сум инфериорна во однос на машкиот пол. Ај да го правиме муабетов во Иран, да разберам. Зошто двојни аршини? Женско ако удри ок е, ама машко боже свашта. Некој погоре пишал, различен е ударот, демек само на шамар ќе остане. Мене со месеци да ме вара, има прво од една страна, па од друга страна да го шлакам. На шофершајбна ќе му нацртам к*р со клуч, ќе го мавнам меѓу нозе, еден месец боловање да земе и тоа ќе биде последно што ќе ме види. Да ми троши време, нерви, живот, тој филм не. Колку што прочитав, девојката му се дерела и го буткала, што има да го бутка, ем шуто ем боде. Самоодбрана важи за машки пол или не?!
Абе јебига сега, на крајот се зависи од културата на човек, домашното воспитување, средината итн. Не можам да се замислам јас како женско (понежен пол) да кренам рака врз партнерот, ниту пак тој да крене рака врз мене. Сум имала караници и караници, никогаш не сум била во ваква ситуација. Болно нешто.