Што ќе направите ако по грешка завршите во лудница? Како ќе ги убедите сите дека сте психички здрави? Како ќе ги убедите дека не глумите дека сте психички здрави? Дали ако ги убедувате дека сте здрави всушност ги убедувате дека сте нездрави, особено ако се расправате и ве фаќа хистерија? Дали е подобро да си ќутите и да чекате да помине време па да ве пуштат кога тие ќе сметаат дека сте нормални? Дали во тој период вистински ќе се мрднете? Ги повикувам и стручните лица на форумов да дадат мислење од свој аспект. Дали и како може да увидат дека некој по грешка завршил во лудница?!
А зошто да мислам дека по грешка сум завршила во лудница? И јас ќе се замислам. Shutter Island vibes.
Ми засркна кафево Не знам како се игра. Да ми покажете прво Утнав со темава. Требаше да поставам тема Шо ќе прајте КОГА ЌЕ отидете во болница
Како може да завршиш по грешка? Ни едно сценарио немаш напишано. Зарем некој завршил на гинекологија по грешка или на ушно? Со македонско здравство може да ти треба помош, а да не ја добиеш, а да добиеш помош и кога не ти треба тоа малку потешко
Паааа оставив простор за имагинација како би завршиле. Еве неколку примери: 1. Дрво пијан си, се понашаш ко за во болница, заспиваш на тротоар. Поминуваат луѓе мислат дека си умоболен доаѓа екипа и те носи во болница. 2. Те пријавуваат комшиите дека си болен. Им велат на докторите, праи проблеми во комшилукот. Ќе тврди дека е здрав ама уствари не е. Доаѓаат, им велиш здрав сум, то велат нормално дека така ќе кажеш. Влези во комбето да те повозиме. 3. Ти ја згрешуваат дијагнозата. 4. Ти ги грешат резултатите од дијагнозата со болно лице кое има исто име и презиме. Овие ми текнуваат во моментов. Сигурно има и повеќе.