Ако по грешка се најдам со врзани ракави позади грб, значи во лудачка кошула, тогаш ќе му се молам на Бога да има на тоа одделение нормален др.психијатар,кој ќе установи дека не сум опасна за околина, ниту самата за својот живот и ќе ми пише отпусно писмо со дијагноза сосема нормална, способна да јаде бурек на Фемина форум......инаку, повеќе будали има на улица отколку во болница, а и психијатрите имаат професионално заболување, малкуцка се дртнати
За никое од овие сценарија нема да завршиш во психијатриска болница по грешка. За првото - не работат медицинарите на погодување, дали си пијан или умоболен. Знаат да проценат кое е од тие две во 30 секунди. За второто - комшиите не одлучуваат дали некој ќе заврши во болница или не. Ако те пријават, те прегледуваат доктори. Ако проценат дека си здрав, полицијата и болницата многу нормално дека ќе го земат во предвид фактот дека некој те пријавил од инает. За третото - можеш да побараш второ мислење ко што можеш да побараш за секоја медицинска дијагноза. Плус тоа, на поставување дијагноза не влијае само еден доктор, обично е вклучен тим од различни професионалци и за да се постави дијагноза треба целиот тим да се согласи. Малку веројатно е дека целиот тим ќе згреши. Четвротото - постои нешто што се вика МАТИЧЕН БРОЈ. Предлагам темава да оди во канта пошто не е убаво во 21 век да негуваме стигма кон ментални болести и да тераме заебанции. Многу луѓе со ментални болести ниту се хоспитализирани, ниту прават проблеми. Ниту па шета комбето и собира луѓе на повик. Мислам, ништо лично кон тебе друже, темава ти е лошо поставена и предизвикува неетични коментари. @RainBow
https://www.usnews.com/news/us/arti...-identity-lands-man-in-hawaii-mental-hospital Всушност има такви примери, не е дека не се случува. Тоа е прва работа. А втора работа, темата нема цел да навреди некого или да исмејува. Има цел да нѐ забавува и да ни ги оттргне мислите од секојдневното сивило на интернет просторот па малку и да се насмееме. Идејата за темата е украдена од еден куп форуми на кои се развиваат интересни и забавни дискусии. Но за жал кај нас не функционираат работите на ист начин како во други земји, па мора све да се разбере лошо/навредливо или со предрасуди. Немам ништо против тебе. Нити пак сум емоционално врзан за темава. Само не сфаќам што е проблемот. Едит: Да сфатев дека толку сериозно ја разбра темава немаше да ти реплицирам на првото мислење на начинот на кој реплицирав, се извинувам ако те навреди нешто.
Баш деновиве прочитав за извесна новинарка, што по ,,намерна грешка,, влегла во психијатриска болница, заради истражувачка сторија за лошите услови во истата. Треба да прочачкам како ги убедила дека не е за таму, за да излезе.
Чек, ми текна. Ќе им кажам дека ќе ме бараат на работа. Стварно ќе ме бараат на работа. Дерман да се немало
На кратко кажано, смислете појаки зафрканции, нема зошто да ги тргнувате мислите од секојдневното сивило со зафрканции на ментално здравје. Ако нешто имаш чуено не значи дека е точно. За ментални болести има еден куп глупости во кои веруваат луѓето, а немаат врска со реалноста, многу се од гледање хорор филмови кај што луѓе со ментална болест одат со секири по улици и убиваат луѓе. Никој доктор не ризикува да изгуби лиценца за работа, парична или затворска казна затоа што сака да пополни квота со лажно делење дијагнози пошто на суд тие ситуации се чист случај. Многу има врска матичниот број и уште неколку сигурни начини на докажување идентитет така што и да се случи таква грешка, се исправува во најкраток можен рок.
Ама кој овде исмејуваше стереотип, во кој момент отиде натаму темата? За тоа кој доктор што ризикува, не би дискутирала, јер е исто као па кој министер би ризикувал затвор со правење кривично дело...итн,итн.
@Mantub абе не е толку од тој карактер темата, да беше ќе беше во психологија не во кафе муабет. Мислам дека не е ни намерата ни темата тоа, да деградираат менталните болести или било што. Искрено, малце преку се од таа коректност што се фура насекаде, некад стварно и треба да се насмееме, еден е животов.
Брзо нека се префрли во “другата” наука за да не оди во Канта, таму темите заштитени се со закон. Инаку темава е баш интересна, ама и да те замисли малку и сметам дека авторот немал ill intention. Баш на редит читав нешто слично пред некој ден.
Ок може само јас мислам дека темава е несензитивна, ама може само сум тмурна и нехумористична личност, не го исклучувам и тоа, продолжете дечки
Виц таков им кажував. Спојлер Оди еден човек во лудница. Во дворот гледа сите луѓе скокаат, а еден седи на столче. Се приближува до седнатиот човек и го прашува.. Посетител: Зошто сите скокаат? Седнат човек: Си играат пуканки. Посетител: А ти зошто седиш тогаш? Седнат човек: Епа јас се залепив за тенџерето. На тема - ќе си барам кошули на Али Експрес.
..ахх...кога ќе ми текне само пред многу години кога докторите за подебела сума на пари делеа психијатриски дијагнози за здрави прави момци да не идат у војска... Дали некој нешто рече за докторите,?
Не дека е легално, само тоа е ствар на договор. Значи младиот момак потполно знае дека ќе добие дијагноза. Темава е за добивање дијагноза ПО ГРЕШКА.