Ајде доволно беше оф топик, кажете нешто смешно или молчете засекогаш. Ако ми беше за тупење, ќе одев во друга тема
Биљо кога некој треска глупости и му посочуваш на тоа некако инстант оди во дополнително трескање глупости и напаѓање како еден вид најјака одбрана. Општо ова пишувам, не конкретно за тебе иако сега ти си главна улога во ова сценарио Ете нешто смешно хаааа хеее хе Прст да кревам да се донасмееш?
кај нас има случај каде што студенти на психологија се договориле дека треба да ги проучуваат пациентите од близина за некоја активност која што требало да пишуваат и секој студент за различен пациент, и што да прават се договриле да глумат лудило по градот почнале да кршат лупшаат да се развикуваат да изиграваат мајмуни, и сл. и ги однеле поседела неколку дена или недела не ми текнува сега, и ги убедувале докторите дека се здрави и додека се убедат, веќе не биле истите тие кога излегле, (е сега може некои од овие што веќе не се истите е твојот психијатар, психолог што ли и да е)
Не било ова кај нас, некаде на др. континент било Читав и јас за ова некогаш, имаа објавено порталите за кликови што пишуваат сенешто, па дали навистина било така или не кој да ги знае. Темава колку и да е целта да не отргне од ''сивилото'' изобилува со стереотипи и некои имагинарни сценарија, бар имагинарни за денешницава.
Искрено, фин персонал ,бесплатно лекување ок храна, голем двор, чат пат на излет/шетња ги носат, башка пуштаат и сам да шетнеш и да се вратиш. Зависи за шо ќе ме сместат, ќе си чекам да се опоравам, ќе си таложам пари од боловање, ќе си одморам од сите. Пааа со нови сили у нови походи #штабуденекабуде
Знам бе душичко, ама ајде малку да се забавуваме, што би било кога би било Докториве по грешка вадат бубрег, јајник, матка, па сега за ова ќе прајме фама
Стварно зезната ситуација како ќе докажеш дека не си луд, ако се налутиш и се однесуваш агресивно одма ќе те стават на седативи значи уште полошо, ако пробаш да им објасниш дека не си луд не пали затоа што лудите не знаат дека се луди, едино да се правам ултра луда, мирно да гледам у една точка и да не зборам со никој да почнат да ме пуштаат во двор и некако да избегам
За мене да си кажам... ќе си ќутам некое време, како што сум уморна, таман ќе ми дојде недела дена да ме остават раат, јадење ќе имам, кревет ќе имам, ќе лежам, ќе се изнаспијам... после ваљда ќе се докаже дека по грешка сум, и на крајот и оштета ќе си побарам за тоа ем одморена ем обесштетена
Не може негативен, кај мене нема дожд, сите има да тресете глупости и да бидете позитивни, јер смеењето било половина здравје, другата половина од најадење шеќер иде.
Поточно од нејадење гурабии Ама одмор ти е пола здравје, пола другово, е за смеењето тоа треба под посебни услови да си за да се смееш на сенешто. Како беше тој смешливиот гас, формула нешто? Темава уште не е во канта фрлена?
Зафркната ситуација, ако кажеш или почнеш да врескаш дека не си луд, ќе ти речат амааа сите истото го велат
Аууу језа ме фати од темава. Сеа се исплашив. Не знам како би докажала, тие би требало да знаат нели?
Искрено , ќе ми дојде како на одмор да сум била . Ќе им правам кафе таму и ќе уживам . Ниту маж да ми досаѓа , ниту деца . Друг ќе ми мисли за храна и се околу тоа . Згора на тоа , ќе најдам таму некој што се разбира у масажи и ќе му досаѓам секој ден да ми го масира грбот , зашо се осеќам како некој да ме тепал со стап . П . С . Сите глумат дека се здрави , јас ќе глумам дека сум болна , што подолго да сум таму да одморам како човек и јас .