Знајте шо ќе прајте во психијатриска болница во Мк? Ќе бидете 'издрогирани' и поќе од времето ќе спиете.
Зошто на ова ми текна? Плот твист над сите плот твистови:Сите сме веќе во психијатриска болница звана планета Земја,некој лекар, друг пациент,трет и едно и друго, дал е грешка тешка, дал смешка останете со нас ќе дознаеме по рекламите...
Жална вистина ..издрогирани, ем врзани за кревет...жално.. Во право беше @Mantub .. веќе не ми е до шала. Јаднии луѓе за греота се.
По грешка тешко дека ќе завршиш во болница оно и тие што се за таму не ги примат . На повеќето и те како им е згрешена дијагнозата, еве на мојот бивши свекор му пишале шизофренија а човекот има биполарно растројство т.е. секоја година цело лето лежи и е во тешка депресија а зимата неможат да го преберат лом прави низ град. Еднаш и јас отидов ги прашав зошто така ми рњкоа да не се мешам. . Кога прави лом , не доаѓат они да го преберат , викат ако сакате да лежи тука ќе си го донесете . Светот забега оти сите здрави се внатре а лудите надвор.
Нема грешка. Во психијатриска болница од полуотворен или затворен тип се знае луѓе со какви растројства лежат.Шизофренија, шизоафективно, биполарно,склони кон самоубиство. Тука не ги сметам оние со зависности алкохол и дрога.Со еден збор лежат тие што моментално се опасни за себе си или за околината.
Да ама ај не го "отруј" со лекови шизофреничар кој сака да се самоубие и сите домашни да ги убие. Не бива човек тоа така.
Јадни луѓе, за греота се, да тие што си филмаат вакви сценарија, уште темава отиде во насмевки ццц... Ништо требаше да отиде во оваа категорија, за да не се сфати како шала, ако е во др. категорија па намерно се сфаќа како шала
Тие што се внатре се "здрави". Ние надвор што се шетаме што не бараме помош сме за внатре. Ама и да побараш помош уште толку ќе те разболат.
Темава навистина ме насмеа, порано во шпанските серии често се случуваа вакви ситуации негативецот некако да го смести главниот лик во лудница за да му го превземе на раат партнерот, детето или да го изманипулира со имотот. Ако размислиш подобро зезната работа е, плус под претпоставка да немаш никој кој би ти помогнал и сите да се против тебе тешко дека ќе се докажеш. За среќа ова го има само на филм.
Ууу, добивам One flew over the cokoo's nest вајбс! Јас ќе бидам Jack Nicholson! Кој не го гледал еве ви сцени од филмот:
После се во животот, мислам дека ќе си останам таму да се одморам никому ништо нема да докажувам Ама моите ќе ме бараат
Ќе си седам. Ако почнам да се убедуем само полошо. Само ќе замолам за некој книги да не скренам стварно
Нема да се буним, ќе одморим малу барем. Е сеа проблем ќе биде шо најверојатно ќе сакаа да ми даваа апчиња ама ќе се снајдем некако... ваљда нема да ме фата дека не ги пием
Оние што имаат потреба не завршуваат таму углавном, за жал, не пак грешки По грешка не знам дали некој некогаш завршил, освен можеби луге со полесни дијагнози, но моќни роднини со интерес да ги сместат во институција. Но тоа е намерно, не грешка. Ќе се одмарам јас, и ќе посматрам.
јас може намерно да завршам..погрешка тешко а не знам како би ги убедила..психолошка проверка некоја? да ми извадат зелен картон (јас сега така си го крстив) дека нели има и жут.
Пред 25 години по грешка штркот ме донесе во Македонија, така да мачкина кашлица...исто му се фаќа, ќе си трпам и ќутам, ќе се издржи некако. Или, ако не можиш да ги победиш, придружи им се.