Јас немам сопруг, ниту планирам да имам во блиска иднина (колку поради годините, толку поради проблемот по кој е насловена темава.) поради тоа што сопруг и кариера не ми се на исто рамниште. Со други зборови, ако сакаш кариера, откажи се од семејство, ако сакаш семејство подготви се да бидеш жена-домаќинка до крајот на животот која не постигнала ништо повеќе од тоа што прочитала неколку книги за кулинарски рецепти за да го усреќи своето семејство. Нормално, има и исклучоци кога може да се дојде до брак, а да не се загрози кариерата, единствено кога и мажот и жената се целосно посветени на своите кариери и се согласуваат околу прашањето деца. Ако сопругот не ве поддржува во напредување во кариерата, а тоа е она што вие го сакате, зошто тогаш воопшто ви е сопруг? Сигурно бил таков и кога се уште сте биле во врска. Јас сакам кариера. Јас сум креативец и не можам да седам во канцеларија по цели денови и да работам рутински. Сакам да истражувам, да запознавам, постојано да учам. Тоа може да значи дека би имала подолго работно време од другите, можеби би патувала често или би била изложена на јавни коментари. Не можам, едноставно не можам некому да му ја наметнам таа комплексност на мојата кариера и мојот начин на живот. Никогаш не се знае што луѓето ќе направат за и од љубов, но пред да се донесе одлука брак, треба да се знае дека тогаш станувате заедница со сопругот и треба да има високо ниво на компромис меѓу вас двајцата, разбирање, почитување, а пред се и слични интереси. Ако го нема ова, ќе има конфликти. Многу мажи не сакаат жената да напредува од таа причина што беше спомната погоре - да не ја изгубат. Но, ако и тие се успешни мажи (би требало да ве привлекуваат такви штом вие сакате да бидете успешни жени) тогаш би требало да го има тоа разбирање, почитување и компромис меѓу двајцата. Кариера и брак не ми одат заедно, им подавам рака на среќните исклучоци, а на другите совет - ако сакате и брак и кариера, прво изградете ја кариерата, а после запливајте во брачните води. Кога си жена со кариера во моментот кога ќе се запознаеш со твојот потенцијален сопруг, има многу поголеми шанси да те прифати како таква отколку ако напредуваш во текот на вашиот заеднички живот.
сопругот и кога ми беше дечко ме подржуваше во мојата кариера која во почетокот на нашата 4 годишна врска почнав да ја создавам ...само што завршив со факултетот сакав да одам во странство малку да се стекнам со искуство..тој во ниту еден момент не ми рече не оди!само ми кажа јас не можам и несакам да те спречам ..оди рече пробај...јас заминав и ја имав најголемата подршка од него... работев таму 6 месеци.. си идев за мкд секој месец по 5 6 дена...ако не отидев да пробам сега ќе ми беше криво вистина...таму супер поминав...тоа искуство ми беше голема отскочна даска за работата која сега ја работам...мм ми вика секогаш јас се гордеам со мојата успешна жена!..ја имав таа среќа да веднаш штом завршив почнав да работам ... и еве оттогаш наваму работам континуирано 4 години...во почетокот беше тешко додека да стекнеш искуство ама како поминува времето е се подобро! можеби ја имав таа среќа да сум заедно со човек кој ме разбира и го разбирам и со кој безрезервно се подржуваме
Нека ме издржува со сите удобности кои си ги дозволувам и сега додека работам, и со мерак ќе си седам дома
Нова сум на форумов. Ститистиката говори дека потешко опстануваат браковите кога жената е со повисоко образование отколку да е обратна ситуацијата. Сепак мислам дека е лично чувство на неуспешност на мажот. Во брак сум 4 години. Сопругот има средно 3 степен образование, додека јас пак имам факултет. Во мојот случај немаме никакви проблеми , тој е задоволен со мене, битно му е како семејство да имаме доволно примања дури и кога ќе добијам по некој бонус е горделив, ме фали мене на сите наокулу. Тоа го нема во неговата кариера. Не знам каков совет би дала на тие што имаат проблеми, бидејќи не сум направила јас ништо за да биде таква ситуацијата. Едноставно сметам дека мажот или знае или не знае да се носи со успешна, образована и свесна жена. Од друга страна истиот човек го имал тој проблем во претходната врска. На некој начин постојано му било сугерирано неговото да го наречам необразование, посебно од родителите на неговата бивша. Додека пак моето семејство апсолутно не им е најбитно дали е тој или било кој друг образован или не , се додека е добар човек.
Мојот сопруг никогаш не ме сопрел да напредувам во кариерата на пример додека бев новинар секогаш беше со она негово ок мегутоа кога решивме да имаме нешто свое кога го отворивме дуканот бев исплашена потоа толку го засакав дуќанот и со негова помош професионално си работам само во дуќанов сама декодирам некогаш и сервисирам,секако тој ме научи затоа сум благодарна што за се е покрај мене
Ако не те поддржува тоа значи дека е време да ја смениш професијата. Ако не пригледнува дете, не се грижи подеднакво за домот колку и јас, тоа значи дека немам поддршка. Немам потреба од аплаузи и пофалби туку од конкретни чекори за поддршка. Зависи и колку придонесувам, дали моето остсутво од дома е издржано да го компензираме со финансии, т.е. дали има смисол да градам кариера а да нема финансиски бенефит од тоа. Понекогаш и ние жените знаеме да се занесуваме, да талкаме наоколу колку да се рече дека градиме кариера и се усовршуваме на професинално поле, ама таквата кариера ако нема фидбек во домашната каса, после извесно време ќе резултира со недостиг на интерес од страна на сопругот, што значи дека поддршката ќе сопре. Горе напишаново важи и за мажи и за жени.
Да.Сериозно. Место да поставуваш прашања, не е на одмет да напишеш пост дека не се сложуваш и зошто не се сложуваш Мора да има ЗОШТО не те поддржува. Можеби му пречи нешто Или професијата или партнерот..нешто нечини
Мојот сипруг ме подржува во се. Јас момемтално не работам, ама сакам да почнам нешто свое. Иако искрено јас немам некоја голема самодоверба, тој цело време ме турка да пробувам, да не се откажувам, да не се плашам како ќе биде прифатено. Сака да работам она што ме исполнува, она што сум способна да го работам. И се би направил и би ми помогнал колку треба на градење на мојата кариера.
Како да почнам.. Пред да одбереш животен сопатник си имала живот, си се имала себе од која не треба да се одрекнеш заради туѓа замисла за тоа како требало да биде. Си се школувала, си вложувала во себе, си бдеела над книги до 5 сабајле, си дипломирала, си се борела со х други особи, понеспособни и поспособни од тебе за едно работно место - и конечно си го добила. Пресреќна си - го имаш работното место од соништата. Идеш со полн елан, се трудиш, да се подобриш, да оставиш добар впечаток, имаш ебено добар работен ден, идеш дома, пресреќна пошто имаш со кого да споделиш каков ти бил денот, како си допринела на работното место. Те слуша внимателно, кимнува со главата и ти вика сето тоа убаво, не се ни сомневав во тебе, АМА зошто носиш сукња на работа ? Не придаваш толку важност, не гледаш задна намера и ајде првпат било. Соопштуваш убави вести по втор пат. Добиваш одговор ќе те фалат нормално, види што убава си. Преминува во 'добронамерна ' критика, не шминкај се толку за на работа, лоши сигнали испраќаш. ( иако си нашминкана најминимално можно ). Ќе добиеш пофалница, место заедничко прославување, добиваш честитка во вид на прашање, кој ти е шеф, машко е ?! Ќе идете на прослава заради постигнатите резултати сите колеги, добиваш прашање колку мажи се, колку жени и до колку ќе се задржиш ? Ќе добиеш бонус, ќе те праша м добро си се покажала кога остана прекувремено ? Ќе се деси мал инцидент на работа - ќе ти каже како е загрижен за тебе и смета дека таа работа не е за тебе и како не можеш да просперираш и не те ценат.Менувај работа. Под тоа едно нешто - менувај работа, се кријат триста подствари и несигурности. Еве ти една приказна од реалниот живот Забораваш дека партнерот треба да те подржи во сите твои настојувања за личен и професионален напредок.Твојот партнер треба да е сигурна личност која ја има надминато фазата на љубомора и цврсто стоите заедно. Секој твој успех го сфаќа и како негов и обратно. После секој твој лош ден, се труди да заборавиш на истиот, a добриот ден го прави уште подобар. Не може он да знае подобро од тебе дали тебе ти одговара одредено работно место, дали те исполнува и прави да се осеќаш корисно. Позади се поинаку од ова - стојат малициозни разлози. Така да заборави на твоето, ако на партнерот не му се свиѓа вашата професија - менувајте професија. Пре би рекла - менувајте партнер.
Ако на било кој начин партнерот ве попречува да напредувате во животот, тогаш запрашајте се дали тоа е вистинскиот партнер за вас. Напротив, човек што те сака, сака да бидеш успешна. Мислев како и повеќето тука, дека мажите се плашат да бидат со пообразувани и поуспешни жени, но го сменив мислењето откако осетив на своја кожа. Кога се омажив(а се омажив млада) уште студирав. Во втора година доживеав страшни стресови поради здравствени проблеми на блиска личност, и успеав да НЕ ПОЛОЖАМ НИТУ ЕДЕН ИСПИТ од цел семестар. Секако решив да се откажам, да не учам, но маж ми беше единствениот кој не ми дозволи. Сите други дури и татко ми мислеше дека нема да успеам, но маж ми веруваше во мене и буквално ме туркаше напред. Денес ми е завршен факултетот и тоа го завршив во рокот само благодарение на него. Затоа од лично искуство можам да кажам дека поддршката е многу важна, а ако партнерот не ве поддржува тогаш нема што да барате со него.
Ако не ме поддржува во кариерата секако нема ни да се мажам за него, еден ден ке ми рече домакинка да бидам ке бидам па и тоа нема да му се допадне, ако му се удоволувам па ке му смета и обична разголена маичка ако облечам .Така да некој да ме турка кон дното за душичката да му е мирнаа а мојата да се распаѓа нее. Поарнобарајте партнери што се на ваше ниво исто образование, исти визии. Немојте ако сте образована и ако имате пари да се мажите за некој што зима минимална плата машката љубомора е многу опасна.
Што научив знаете? Од кариера едино побитни се здравје родители и деца. Мажи, не мал дел, се програмирани да се преправаат и убедуваат дури и самите себеси дека сакаат и се грижат додека ситуацијата ним им одговара. Во прв период ни самите не се свесни мислам, самите веруваат дека сакаат. Можда сакаат, можда машкото сакање е такво, помалку безусловно, штознам бре. Од обврски, во голем дел од случаи уплав ги фаќа. Има и мажи со огромно М, ама како што квалитетни жени се ретки, така и квалитетни мажи се ретки. Ние жените сме многу поспособни за сакање во огромен број од случаите. Не ги напаѓам, едноставно у голем дел вера во нив не ми остана. Не дека нема исклучоци, ама како што викам, исклучоци за кои е ризично да ставаш битен адут као што е кариера на коцка. Не е фер ни према самиот маж да се откажеш од саканата кариера заради него, си отвараш пат за емотивни уцени кон него.
Тешко да замислам комуникација, а не па брачен однос со некој што не поддржува независност, успех и интелектуалност. А и не разбирам зошто некој, без разлика дали е маж или жена, не би сакал/а успешна личност до себе Погоре напишаното дека треба да сменам професија ми е смешно. Каква е таа љубов заради која треба да се откажуваш од соништата?