Мене најсреќна ме направи дечкото кој ми направи изненадување за роденден..До тогаш незнаев и дека е толку романтичен ^^ А вас?
За мене е среќа да се пробудам наутро и да ги отворам очите. Чувството да ги гледам драгите особи околу мене, и да се допишувам со другите драги особи кои не се околу мене.Секој осмех, радост или тага.Секој паднат лист, дожд или снег.Секој непознат поздрав добиен од некој странец на улица или било каде, да разговарам на разни теми со истиот за животот. Среќен и исполнет на начин на кој ниедна скапа кола нити телефон можат да ме усреќат.
Рано наутро,дождлив ден,топло кафе,тетратката до мене гледам низ прозор и пишувам,мир и тишина,ништо појќе...
Ако се мисли на некој гест од дечко ми што би ме направила најсреќна, не сакам изненадувања, поклони, чоколади. Сакам искреност. Љубов неизмерна, сакам почит, внимание, доверба. Најскапоцени подароци се тоа. Сакам милион прегратки и бакнежи. Сакам да се будиме заедно, да легнуваме заедно. Сакам сигурност, сакам заштита. Е сега настрана сакам едно изненадувачко патување
Среќен ме прави кога луѓето околу мене се среќни и доколку јас придонесувам за таа нивна среќа тогаш сум пресреќен.
Би ме направило среќна секое сабајле да се будам до него и да го гушкам највеќе што може, цел ден и цела ноќ да не се одвоиме. Секогаш да ми биде љубов најголема
Да се разбудам во сопствен дом и да си го погледнам збрчканото лице пред огледало без чувство на каење за минатото
Општо во животот само здравје и среќа за сите мои блиски и за мене. А во овај период да не ми паѓа косата, и брат ми да ја добие работата.