1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би го оддалечило партнерот од вас?

Дискусија во 'Врски' започната од Lepaaa, 7 јуни 2012.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Темава случајно ја сретнав низ други форуми, па ми “падна во очи“.
    Насловот е доволно јасен. :rofl:
    Што мислите?
    Што би го одалечило вашиот партнер сегашен/потенцијал/иден (еден ден кога би го имале) од Вас?
    И што Вас би ве одалечило од него? :wasntme:


    Еве јас да почнам. :lol:

    Мене од него би ме одалечило, мојата тврдоглавост и тоа што сум многу себична кога сум заљубена, па го сакам само за себе. :$
    А него од мене би го одалечило тоа што на моменти знае да е претерано искулиран, со цел да не настане кавга, тој ќути, а мене тоа ужасно ме нервира. :!: Или јас зборам, зборам цело време за на крај да добијам одговор: “ОК, како сакаш ти бе срцка!“ Ееее тоа е врв, збеснувам.... :rofl:
     
    На kikkki, МикиМаус0807, AnGel.fire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Љубомора, хистерии, посесивност, звонење 2567568 пати во денот и контролирање, цмиздрење на секое, шпиунирање...
    Ова се работи што сигурно порано или подоцна ќе го оддалечат :)
     
  3. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Тоа што постојано го замарам со исти работи. :?: Ама што да му правам кога сам си го бара. :^)

    Да беше малце поотворен немаше ич да напињам, епа нека му е !
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Исто малечка, потполно исто!
    Лепааа ма, како ти текна за темава :clap: :*
    И јас постојано го гњавам за исти работи. И сум му рекла: Човеку, кога еднаш ќе добијам одговор и ќе сум сигурна во нештото (од твоја страна) ќе замолчам. А не за некои работи е премногу затворен а ја напињам ли напињам. И тоа не води до расправии, а не е свесен дека да застане отворено да каже што како и да ми даде одговор да не му ја мислам, воопшто нема да се караме.
    Напнувам знам, ама 90% од случаите е со причина. Се лутам за секакви ситници, што да правам, чувствителна сум!

    ЕДИТ
    Не кажав за мене.
    Него од мене би го оддалечило тоа што наместо да збори, молчи додека јас зборам зборам и на крај само е слушнам едно ДОБРО! Е тогаш значи ми иде да си заминам и да го оставам. Би го одалечила љубомората, значи понекогаш многу напнува со таа љубомора и навистина знае да ме задуши.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Може да го одалечам со моите неартикулисано звуци што ги испуштам додека си играм со кучето или кога ќе видам нешто занимливо или онака од чиста мира си пиштам, мјаукам, муукам, хииикам, цвичам.... Тоа го вади од такт. Исто би можела да го загубам ако го штипам (едвај се контролирам) затоа што знам колку најмногу на свет мрази штипење. Ако сум премногу ладна сигурно би го одалечила од мене, а знам да бидам таква. Друго што ми паѓа на памет е тоа што претерано го замарам во врска со една личност, а мислам дека повеќе неможе да го издржи тој притисок па крена раце и испадна на мое :P
    Ако флертувам, а пуста јас едноставно немам лимит, несвесно го правам тоа :tmi:

    Мене би ме одалечило ако е премногу љубоморен, контрол фрик и посесивен. Ако си зема за право да одлучува за мои работи и постојано ме контролира и ми забранува било што. Би ме одалечило ако не внимава на својата хигиена и ако мљацка кога јаде :@
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.541
    Пол:
    Женски
    Нервозата и тоа што не избирам кога и како ја истурам. Некогаш кога сум ладна, не ме интересира никој, ниту пак тој и сум злоба.
    Љубомората, несигурноста и пасивноста.

    Мене од него неискажување на емоции, ладен однос, љубомора и постојано контролирање. Пасивност и легачење по цели денови.
     
  7. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Мојот начин на комуникација со другите момци би можел да го оддалечи :worried:
    бидејки изгледа како постојано со сите да флертувам, не можам поинаку. :devil:
    Сјајот кој го имам во очите кога разговарам со било кој дечко кој не ми згрешил нешто. :x
    Често ми правел проблеми во врските иако сум била најверна .
    Исто така и мојата потреба да го испровоцирам кога било се мирно,
    само за да осетам живост во врската . :tmi:
    Инатот мој, кој ако ме прифати или ќе му вртам сто пати за да му кажам уште нешто,
    за ако сум нервозна и тој да биде, или да не кревам , и да се убедувам дека не ми е важен,
    да го откачам иако сакам да сум со него заради најглупи причини . :x
    Мојата потреба постојано да бидам негде во движење меѓу луѓе,
    и навиката да не кажам кај сум и што правам,
    туку да му речам има работа нешто во град или карпош итн...
    Последново од скоро ми беше укажано, и сега ќе се трудам да го изменам :) .

    Мене дечко би ме оддалечил од себе ако се однесува недоволно посветено, себично,
    ако не прави да се чувствувам сакано, ако не покажува љубомора,
    ако ми забранува нешто и е озбилен во тоа,
    ако е без трошка романтика, ако е невнимателен кон блиските,
    ако не ме бара постојано , ако се однесува како женкар,
    ако кога сме заедно се загледува по други женски,
    ако е ФБ зависник , од оние што боцкаат постојано :swear:
    ако се посомневам во неговата искреност........
     
  8. Mr.Nobody

    Mr.Nobody Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    мн сте контрадикторни значи за темава :) али генерално гледам дека сите(освен свит25) неќете љувомора.. guess what.. нема логика да има и машко кое би сакало да има љубоморна девојка... или пак, мене највише што ме нервира... ЕКЦЕНТРИЧНА !!!!! -_- ама во принцип, овие две особини искачаат највеќе на виделина таму .. после 32+ :D :D :D имате време уште .. ;)

    Од мене, значи прво ако ја приближи случајно нешто, ќе ја оттргне, евентуално хмм, незаинтересираноста кон кафе-шемите и дискачите.. јбга, не за џабе учев да играм 5год..или идам да играм кај што има место и асален народ или боље ќе шетнам кино,театар,парк,кеј ... мразам гужви .. А од др страна, ако не и се свиѓаат моите хобија > танц и гејминг.. јбга, останува само уште спортски активности. Се сметам за флексибилен ама и за доволно храбар да кажам НЕ, терај ти со другарките ти и убав помин..со ПАМЕТ у ГЛАВА.. него да се досадувам на место кај што не би сакал да бидам.. Тврдоглавоста ми е слабост како и Зборењето(уста не затварам/ што произлегува од , боље ја да зборам за 2ца него , 2цата да ќутиме ко странци..)

    Од др страна, ко што кажав погоре, мене би ме оддалечила примарно со тие 2 ...интересни особини > екцентричност и љубомора... немора да спомнувам посесивност пошто голем дел од неа спаѓа во претходните 2 ... . ЛАЖЕЊЕ... тоа ми е исто ко непочитување и тоа ме повредува инстантно.. евентуално ете, да речеме флертот.. ако е доека е у мое присуство.. наравно, на само би и укажал одма, ако не се смени, идеме на варијантата и ја малце флерт..да види и она како е .. ако не .. јбга, пак би се вратиле на погорното, непочитување = помалце почит и од моја страна ... па знаеме како идат тие работи..

    П.С чудо.. ниедна не го спомна изневерувањето ко опција ..или тоа ви се подразбира онака, ОДМА :)))
     
  9. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Мене би ме одалечило губењето на доверба во него......зошто мислам дека тоа е најбитно во една врска и на тоа не мислам доверба поврзана со др жени туку довербата околу секојдневните работи......
    А него дефинитивно мојот инаат оти е многу зоооллл ]:) :lol: што да правам таква сум сакам да се сменам ама тое е внетре нешто и копа дали копа.........исто како ова :bug: ;)
     
  10. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    ^ се сложувам. Довербата ми е најважна во врската, а исто и него. Јас знам некогаш да го испровоцирам со муабети за други дечки, но само колку да видам реакција "колку му значам". :lol:
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мојот партнер би се оддалечил од мене, т.е. би ме оставил ако го изневерам, ако станам посесивна, опасно љубоморна, почнам да го уценувам, односно уцените да звучат како наредби...
    "Ако одиш таму и таму, јас ќе одам онаму и онаму", итн, итн. Тоа не пали кај мојот дечко и дефинитивно е добра основа за збогум.

    Јас би се оддалечила од него исто во случај на неверство, ако увидам дека е тешко мамино галениче, кое потајно уште сака да се држи до фустанот на мама, ако престане да биде моја поддршка и ако сексуално не ме задоволува.
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Со тоа не би ме оддалечил. Со тоа би ме ИЗГУБИЛ во истиот момент!
     
  13. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Најчесто оддалечуваат љубомората,посесивноста,кога се мешате во сегменти од неговиот живот кои не треба да ве засегаат,кога вашиот лош ден го манифестирате истурајќи му се на партнерот,кога сте незадоволни од се па него го буцкате-зајадливоста е доста голем непријател,потоа навредите кои оставаат белег кој кога тогаш ќе ве оддалечи,полека но сигурно..Љубовта не трпи посесивност,вреѓање,наредување,контролирање,како и најчестата грешка-МЕНУВАЊЕ т.е.ОБЛИКУВАЊЕ на партнерот како нас ни одговара,менување на навики,начин на живот,кратко кажано,кога му го КРЕИРАТЕ ЖИВОТОТ.
     
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Срцето ќе му го скршам ако го изневерам. На било каков начин. И плус можно е да ги задоволам очекувањата на другите пошо во очите на моето семејство, другарките, неговите другари, па и во познаниците јас сум неговата бичеста девојка, без влакна на јазикот и шо не брои до три пред да лепне шамар, а тој е кутрото, невино момче кое немилосрдно паднало во моите канџи ииии преку глава ми е од тоа! И, ако ова толку површно мислење испадне точно, мислам дека би го загубила засекогаш иако би останал со мене.

    Ако не си ја гледа својата работа, не напредува на ниедно поле и нема други желби и потреби, освен оние за мене, си остане статичен и одеднаш го удрат хипи боите во главата... ќе имаме проблем. Само јас нема да останам со него, пошо не сум тај карактер да се барам кај што ме нема. Среќа го познавам добро и не верувам дека ова ќе се случи, затоа и го сакам :inlove:
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Од понеригорозните причини, би навела промена на карактер, односно старото она-не те познавам повеќе или не си човекот во кој се вљубив и такви клишеа. До сега како најефективно ова се докажало во моиве врски. Впрочем, во последнава тоа и беше причината за крај. Јас се променив сакајќи да докажам некои мои глупости, а тој се промени како последица на мојата промена, со разлика што моето беше глума а неговото беше неповратно. Така јас се оддалечив од него, а и тој од мене, и на крај пукна.

    Други работи како удирање, неверство, непочитување или понижување, не ни мора да ги споменувам, како што кажа Ричи погоре, во тој момент би ме изгубил, не го чекам да се оддалечи.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Немањето време,на меѓусебно незадоволство.
    Живот.

    А мене ме одалечува,гунџање глупости и себичност,инаетење. Ама себичност ми е прво. Значи не поднесувам такви створења и крај. Неразумност, непронајденост, не знам,такви неодредени работи кои ми предизвикуваат несигурност и страв. Сакам да газам на сигурно тло.

    Епа од коњ на прле не бива. Само сега не знам кај да си најдам некој липицанер,ептен ме размазија,помалце не прифаќам. :D
     
    На crazylady и sweet25 им се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Веќе почна да се оддалчува...Неговата љубомора и тоа што нема цврст карактер.
    А, и што не сака да го види тоа што е пред него............... :/
     
  18. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    3.198
    Пол:
    Женски
    Пред се ако не ми верува .. Ако немаш доверба џабе е се
    Неверство никогаш не би простила
    После тоа премногу љубоморен да се јавува по 100 пати кога нема да бидам искочена со него
    За секоја ситница да лаже
     
  19. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    :D :D :D евентуално ако продолжам да трошам толку пари на спортска :D :D
    :* :* ЈАС ОД НЕГО НЕ СЕ ОДДАЛЕЧУВАМ :* :*
     
  20. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Љубомора, Непристојно однесување, затоа што почнувам расправии за секоја ситница..