Никој од мене не би се оддалечил. Не дека се преценувам или фалам, ама стварно ништо не ми фали во врска. Го гледам и досегашното искуство, некогаш навистина знаев да претерам со љубомора, но веќе не. А јас би се оддалечила доколку е премногу љубоморен па почне да ми забранува нешта, доколку почне да ме ограничува, ако не ги почитува моите зборови или не ме прифати целосно таква каква што сум.
Јас би се оддалечила од партнерот ако почувствувам дека постојано ме контролира, ако постојано има потреба да знае што правам, каде сум, со кој сум. Би се оддалечила ако почувствувам дека лаже постојано. Партнерот би се оддалечил од мене заради мојата сериозност и сериозните намери, заради тоа што не сакам да си играм детски игри и заради тоа што бурно реагирам.
Од мене би се оддалечил заради моите саркастични говори не знаејќи кога сум сериозна а кога се шалам и ако се налути за моите pranks што ги правам. А јас би се оддалечила ако не го почитува она што го кажувам, ако не ги почитува моите блиски, ако е вулгарен и насилен, ако лаже, ако е премногу љубоморен, ако сака да наредува.
Би го оддалечила со својата искреност, независност, горделивост, сомневање, немање доверба во него и љубомора. Би ме оддалечил со ладно, арогантно однесување, доколку не ме почитува, ме изневерува, не ме прави среќна, прави да се чувствувам лошо во своја кожа,ме омаловажува, ме навредува, ме понижува итн.
Би го оддалечила со соменвање, лажење, изневерување,со навредување, со лошо однесување итн. Би ме оддалечил со лажење, изневерување, не почитување, да ме малтретира, навредува, понижува и ред други работи.
Ako nema kompromis vo vrskata nisto od nea Ne da se menuvaat partnerite karakterno, da se sakaat takvi kakvi sto se Neverstvo ne bi prostila
Dobro..nitu jas ne bi prostila. no ako toj nekoj saka vas da ve smeni oti nemu ne mu odgovara taka toa treba li da se prosti ?