Те сакам најмногу сончко! Конечно утре по долго време асално да се видиме, ова полагањава не уништија. Немој да мислиш дека не те сакам, и дека се што ти изнакажав е вистина. Како можам да мислам лошо за тебе, кога ти си совршениот за мене и не би можела без тебе? Како можеше да помислиш дека ќе срушам се во момент? Ми иделе такви идеи, но... бргу ми го напуштале умот. Никогаш нема да се случи тоа. И да, едвај чекам да одиме на одмор, будалче зар стварно помисли дека нема? Ах, те сфаќам... и јас на твое место би помислила. И убаво рече си ми го зел срцето, а уште поубаво ти возвратив: „па затоа и се однесувам така!“ Со среќа утре, и тебе и мене. А потоа да се видиме и да си јадеме заедно низ лептокарија како порано. Ај лав ју д моуст, хев ај толд ју?
Оф, многу ми е жал за вечерва, навистина се чудам како тоа претрпе се Се потруди многу, многу, многуууууу! Правдата е задоволена Мило ми е што успеав Ти, ти си... све во едно, затоа и те сакам.
Тоа последното сабајле, кога ме разбуди алармот, или некаде после тоа, не се ни сеќавам, знаеш оти по 100 пати се вртам кога спијам и се расонувам , е во еден момент, така некако си ги беше поставил рацете околу лицето, жими се, беше посладок од тоа кучето што стално го гледам и му зборувам на автобуска. Те погледав 10 секунди, се насмеав, и да не ми се спиеше толку, ќе продолжев да те гледам. Ова не значи дека уште не сум минимално налутена. Кај најде инат да водиш со мене теле, али ај, знам оти ќе те стигнам до утре, па после ќе видиме. И да, ја оставив сликата во новчаник, нека ја видат.
Да беше сега тука ќе ти кажев дека успеавме. Воопшто не направивме погрешен избор кога ти ми ја зеде раката и ми рече да одам во она школо каде што ме влече срцето. Ми рече да не се грижам дека сосема брзо ќе се прилагодам. Ти велам сега благодарам,затоа што толку добро ме познаваше и знаеше каде точно ме носат желбите. Тоа лето кога заедно учевме хемија бидејќи сакавме во средно да влеземе сосема спремни. Во тоа лето и нашите долги прошетки по кејот,разговори за иднината,за тоа како и во кој правец ќе се сменат нашите животи.Јас и ти со нашите желби и ладниот воздух околу реката. Од кога почна школото се поретко се гледавме,но некако знаев дека тоа нема да се одрази на твојот и мојот однос.Ми беше како прибежиште.После секојдневното враќање и одење во Скопје,часовите,знаев дека сепак тука тебе те имам.Бевме многу радосни кога ги земавме првите оценки,кога споделувавме искуства,нови работи.И јас и ти се менувавме,но не и нашиот однос. Се чудев на моите другарки,и нивниот однос кон дечковците..Секојдневно барање по телефони,префрлање,љубомора..Неможев да верувам дека си блиску до совршен. Ми текнува кога бевме заедно минатото лето на заеднички викенд.Ми рече дека се чувствуваш повозрасен во начинот на размислување.Ти беше потребна тишина.Исто се чувстував и јас. Не ги разбиравме секојдневните глупости на нашето друштво,пијаните ноќи и сите глупости. Бевме многу свесни какви последици носи тоа.Можеби требаше да се поминат и тие работи,но од друга страна ми беше мило што не се однесуваме како дел од таа толпа на млади кои шетаат без правец. Слушнав сабајлево дека си заминал на тоа патување.Незнаеш колку ми е мило,и би сакала во тој момент да бев покрај тебе.И јас почнувам со мојата пракса од утре,а подоцна цело лето и ќе работам.Го работам она што го сакам.Чувстувам дека животов оди во правилна насока,ама проклето ми требаш ти.Имаше и други дечковци.Нивни понуди.Но само јас знам дека неможам да се замислам со друг после тебе.И времето минува многу брзо.Никој не чека.Купив и гитара.Кога ја купував го слушав твојот глас како ми вели дека никогаш не е доцна за неисполнети соништа. 3 месеци те немам видено.Ако те видам повторно нема да можам да кажам ниту збор. Тоа би било тоа ..Ти си сега на местото каде што треба да бидеш,запознаваш нови личности.И јас продолжувам.Преку ден нормално,со дружење,но после во доцните саати по полноќ одам на нашите места.Залудно го барам твојот мирис тука,залудно е се.Времето ли лечи раните.Останува да видиме.Да се препуштиме на она што се вика живот. Те сакам и те носам во себе...
лажеш злато, лажеш душо, лажеш вештеру не сум повеќе глупавата јас да верувам на лагите згрешив што ти дадов шанса п.м како си се истерал цел на мајка ти. пехар за лажење треба да ви доделат, само не знам дали златниот тебе - сребро на мајка ти или обратно сеедно за пофалби сте
Од денес па натаму ќе се правам дека не ме интересира а ниту ќе те прашувам, буквално ништо нема да ме интересира, па прави како што ти одговара, несакам да те притискам, нема смисла.
Мило ми е што повторно покрај се се разбравме и успеавме да го надминиме ова се надевам.Јас имам вина признавам,но исто така и ти,но не е важно кој е прав,кој е крив битно го решивме проблемот и се надевам дека нема да ни е вака уште еднаш бидејќи е неподносливо. Јас ќе направам се за да не те нервирам со моите каприци и желби и се че биде во ред љубов моја,јас верувам во тоа. Те Сакам Најбескрајно
Знам дека се очекуваш ама : - да бидам уште поубава - да бидам уште позгодна - да бидам уште по јака е со ова ќе ти ја скинам сенката
Премногу ме плаши помислата дека за една година ќе одиш надвор од земјава да учиш. Ме плаши тоа што нема да имам можност да те гледам. А всушност не знам зошто се плашам кога и вака и така, без разлика што си тука уште една цела година јас нема да те гледам, ниту да зборувам со тебе. Ама сепак, поинаку е. Друго е да знам дека си тука и дека има шанси да те видам, а друго е да знам дека си предалеку, на друг континент.