Кроток си како јагне , пу пу да не те урочам па пак да се понашаш како што не треба Те сакам мило мое јагненце
...А знаеш мене колку ме интересира за твоите мајка/татко/баба/сестра/стрина/вујко/другар/другарка/комшија/професор/сосед, А? Дали знаеш?! Оди у три лепе материне, и не ме вознемирувај, вред? ...И, да... Чудно...штета
да знаеш , ке те чувам од сите ,па и од самиот себе, нема да дозволам никој да ја злоуптребува твојата вредност,наивност и добрина,ке се борам како и досега со сите,и при секој пад уште посилна станувам и тоа само за тебе,и никогаш нема да престанам,ке ги научам кај е границата,секој ден се повеќе и повеќе сваќаат дека неможат против мене,ке успееме само имај верба во мене
Ако сакаше да ми биде тешко,верувај ми успеа во тоа.Ако ти требаше време,3 месеци ти беа доста. Секој ден ми е глупав како не сфаќаш.Сакам пак ти и јас,и она спонтаност која можам да ја имам само со тебе.Никогаш не бев во врска со тебе само поради тоа што те знам цел живот,никогаш поради тоа што мислев дека не можам да најдам некој друг.Ти не ми предизвикуваше такво чувство.Да го имав доживеано,веднаш ќе ставев крај.И ти го знаеше тоа. И,сега чувствувам голема потреба за тебе.Оној момент на 19 јануари кога јас целата радосна со купишта миризливи свеќи отидов кај тебе дома.Нашите беа заедно на пат.Тогаш ми предизвика чувство непознато за мене.Јас дојдов порано а ти се тушираше.Незнам што ме поведе кон таа просторија. Те набљудував како излегуваше од туш кабината.Ме виде и само се насмеа.Ми стана непријатно знаеш,мислев дека уште не е време за таков момент. Како целосно да ме разбра.Мојата желба за тебе и срцето кое чукаше ненормално побрзо од кога било. Не ми кажа ништо кога дојде покрај мене.Само ветерот надвор се слушаше.Упорно и упорно ја нарушуваше совршената тишина.Полека сама ти се доближив и иако во тој момент изгледав можеби храбро,верувај треперев целата. Нежното паѓање на твојата наметка ми остана како еден од најубавите моменти. Твојата топла кожа помешана со мирисот на гел за туширање од диња..Просто тоа ми беше неодоливо. Се бакнувавме долго и после ти запре.Ми рече ако не сум доволно спремна ќе прекинеш.Климнав потврдно со глава.После лежевме така,мојата глава врз твоите гради..Зимата надвор,топлата соба и миризливите свеќи од јагода.Сето тоа беше дел од оние совршени моменти. Алек...Кај и да си сега знај дека те чекам.Ќе те чекам на автобуската кога ќе доаѓаш.Знам,дека ќе има втор пат.И ти и јас знаеме дека нема да заврши вака. Би сакала сега да шетам со тебе,да запалиме цигара,да зборуваме многу,многу. И очајно многу би сакала да водам љубов со тебе.Дека тоа време се доближи.Наскоро ќе бидеш тука. Не,не и не.Не е крај.Вакво нешто неможе да има ваков глупав крај. Те сакам Алек.И сакам да ги преспијам тие 10 дена до твоето враќање...
знаев дека вака ке се случат работите машко кое подолго време не било сексуално активно се знае како реагира и после зошто е типот сингл-е зошто де зошто не е важно колку е културен, каде се по светов шетал, како се изразува и сл зошто ме спречи да си го платам сладоледот и фала ти што се понуди да ме вработиш кај тебе во фирмата(во која работиш) ама знам дека се си има своја цена,а јас богами не сум подготвена да се продадам на некој само за да ме вработи не сум јас ниту од вчера ниту од круша падната, и така један доге, други проџе е работава-ништо ново и пак сум си сингл баш ме интересира дали ке има реакција од твоја страна и каква ке биде
знам дека треба рано да стануваш и ти и јас ама ете пуста желба не исчезнува за да се гледаме и зборуваме за нас
Знам дека вечерва не бев баш јас, ко некој друг да беше во мојата кожа а јас стоев од страна немо посматрав и не можев ништо да сторам....ете баш така се чувствував. Имам такви денови, и нема апсолутно никаков повод или причина за тоа-знаеш и сам , едноставно......шугав ден. И тоа е се'. Те сакам душо!
Ми недостигаш во овие доцни вечерни часови и тоа многу. Знаеш ли колку посебно место зафаќаш во моето срце? http://www.youtube.com/watch?v=7ohaMarNbKs Фала ти што ми ја посвети песнава, а и таа пред неа и тие две по неа. Ме разнежни до месечината и назад. Па ти си знаел да покажеш чувства и тоа на твој оригинален начин. Добро е, се движиме напред. Те љубам.
Јас изведувам? Помина тоа време кога можеше да ми кажеш дека е крај на муабетот или да ми спушташ слушалка. Спуштај слободно, ама после не се прави дека ништо не било. Најмалку ми дошло до твоето честитање и искрена да бидам, не ни сакам да се појавиш за да не ми го дорасипеш денот уште толку. Знам дека мамичка мора да ти го планира денот, ама немој никогаш повеќе да си се осмелил да ми кажеш дека моите имаат големо влијание врз моите одлуки. Јас не би дозволила тие да ми наоѓаат други обврски и да ми кажуваат дека не можам да дојдам кај тебе на роденден, зашто имале друг план за мене. Ти кажав дека не се лутам, ама всушност во моите мисли си толку недозреан штом дозволуваш некој битен ден за мене да уништиш со твоето отсуство. Го уништи и со тоа што ме откачи, а сега не се осмелувај да ми глумиш дека се` е во ред. Дај те молам замини веќе еднаш во странство и олесни ми ја работава.
Не би рекла дека ме познаваш.Не се познавам ни јас себеси повеќе.Многу сум тажна, немам надежи немам иднина, немам цели.Сеедно ми е , едноставно се влечкам по овој пат на светот наречен живот,мрзеливо и безволно лутам,се надевам дека се ќе заврши.Дека бурата ќе стивне,невремето кое го создадов еднаш за секогаш ќе се смири.Само на тоа се надевам, дека ќе еден ден ќе го отворам срцето и очите да видам каков пустош оставило зад себе.Се плашам.Несакам веќе вака да живеам.Несакам воопшто да живеам.Криво ми е што се гадам од себеси. Неможам да има дадам повод да другите ја поднесуваат одвратната смрдеа што ја шири мојата покварена душа.Што и да допрам уништувам. Бегај од мене, бегај се додека злото не те допрело па да ти стане сеедно како мене.Мене ми е сеедно.. немам надежи,немам цели,немам иднина.. Немам никој, затоа што не заслужувам да имам!
Нека каже секој- Види ги деца, незнаат уште што смер да одберат за трета година а ми фураат филм заљубени биле. Јас точно знам што чувствувам, и обратно! Се чуваме и не се откажуваме еден од друг колку и да е тешко. Мило ми е за тоа. Во овие неполни две години се сменивме.. учејќи еден од друг, помагајќи си. Се додека ти си сигурен за нас мене ми е и повеќе од доволно. Сакам кога ќе си заседнеме на нашата клупа, се труеме со цигари и си ги тераме нашите филозофски муабети. Сакам кога се закачкаме и покрај тоа што знаеш дека мразам кога ќе ме фатиш за мешлаков нааа толкав, ти упорно го правиш тоа. Сакам кога ќе се насмееш и од левата страна ќе ти изникне дупчето на образот. Сакам кога ќе ме загледаш во очи како да ти е последен пат и ќе ме притиснеш во тебе. Сакам се` што правиме. Сакам да направам и да научам што е можно повеќе со тебе. Заедно си созреваме. Никнуваме во општествово како кокичиња на зима. Јас и Ти. Можеме. Ќе успееме.
не можам да поверувам што се случи вчера-телепатија невидена јас да помислам на тебе, и за некој момент да те видам во мое маало-секако ти незнаеш дека таму живеам јас, и уште се вртиш по мене, а јас сум си ладна
Денес ти е прв ден на работа. Бре, бре, моето вредно детенце. Знам дека ќе се расправаш со идиоти по шалтери и уанаби газди, ама, биди си смирен. Не им се замарај, не ги земај работите при срце и ќе биде весело. Ќе почнам и јас со пракса за неполн месец, па и јас ќе се туфкам, збирај сили да ме тешиш. Евала, и ние да си ја покажеме вредната страна. Него...ќе помине и ова, и се надевам на неколку убави денови у мојот Охрид ,ах, да знајш само колку ми фали.. И сакам гушка, значи гушка со некоја песМа од Битлси. По можност Strawberry Fields Forever. Те сааааааааааааааааакам. Те сакуфкам. Mwa. Kiss4e. П.С. За мало да заборавим http://www.youtube.com/watch?v=BRNoAolL ... re=related