Те сакам знаеш колку? Јас се изнајадов бурек за тебе, а ти си ми подготвувал изненадување. Фала што ми го разубави денот и фала за целиот труд, многу ми значи.
Те сакам, ми недостасуваш толку многу што веќе не може да се опише со зборови. Копнеам по тебе секој ден се повеќе и повеќе. Не барам ништо повеќе од тоа да знам дека си добар, да те видам тебе наместо твоите другари, барем и од далеку.
Има многу момци у градов,а јас се секирам и се трудам тебе да те изведам на прав пат,знаеш,тоа треба да го цениш!Се борам против сите муабети што ги слушам и верувам во тебе,зошто во очите ти се гледа колку си искрен и каква намера имаш.Ало,23 години имаш,значи 7 години си постар од мене.Не се ни потруди да ме бакнеш или да ми се приближиш.Но од се највеќе го ценам банкежот во чело.И знам дека е искрен,до тебе сум,со тебе сум.Тајно ке се гледаме,зошто знам дека се чувствуваш многу подобро кога ке ме видиш.Спиј убаво и не се нервирај за муабетите - рекла-казала.Тоа е наше секојдневие.Тоа е во крвта на нашите сограѓани.. И не плаши се,нема да ме изгубиш!! Пред тебе е животот,а ти допрва ке го живееш.Ке се извлечеш од дрогата,ке стане човек од тебе!!
Милам дека беше доста ... ахам, знам по кој пат ... уствари се знам, ти си си фин ама за друга, едноставно сфатив конечно, ти дечко стварно не си за мене, не те разбирам, барам нешто друго а ти тоа нема да ми го дадеш, ако ти се вратам пак ке те сакам на некој мој глупав начин али за кратко, ТИ НИКОГАШ НЕМА ДА МЕ УСРЕЌИШ ОНАКА КАКО ШТО ЈАС САКАМ ... епа после ова ајде како да ти се вратам, кога секој нов почеток смрди на крај ?! Твојата љубов онака како што ја даваш, мене не ми значи и нема никогаш да ми значи, утепавме неколку години заедно а од се има само едно : да, тој ме сакаше но јас никогаш не ја добив љубовта што ја барав... мислиш дека има нешто полошо од ова?????
сакам да се вратиш ти...сакам да се вратат нашите најубави денови, сакам да ме сакаш, да ме љубиш, да ме гушкаш...те сакам тебе, мии фалиш да ме допреш...
Уште неколку дена.. Реков дека сакам да ги преспијам,а го правам спротивното.Не ме фаќа сон,ми доаѓаат илјадници спомени,многу нежности и сакам да го замислувам денот кога ќе те чекам да дојдеш.Знам дека ќе разбереш.Можеби си мислел и кога ќе се вратиш да ме побараш.Сепак моето трпение е многу мало,ќе те побарам тој ден.Можам да изгубам,можам и да те вратам пак. Сонцето овде пече немилосрдно,луѓето ги гледам низ прозор,брзаат,нема ни една крива линија на нивното лице.Без насмевка се.Свирев вчера и на гитара.И да свирев лошо немаше кој да ми даде критика.Ги чекам моите да се вратат,те чекам тебе.Моето постоење овој пат е сведено на зборот чекам. Имам многу работи да ти кажувам.Чудно е како се менувам рапидно,но тоа делче од мене што е за тебе останува исто.Кога помислувам на тебе го имам истото чувство,повторно и повторно. Те чекам да дојдеш,да ми кажуваш за нови искуства,да ми кажеш што се сменило во тебе за овие три месеци,дали ти недостигав.Знаеш,јас и ти не бевме разделени никогаш толку време.Од мали нозе па до пред 3 месеци секогаш беше тука негде. Улиците преку ноќ се толку осамени и пусти.Чекаат на нас. Не сакам да звучам патетично,ама незнам друг начин како да ти опишам колку ми фалиш. Проклето многу. Открив една многу добра песна.Да можев вчера би ти ја пеела на скалите покрај кејот,покрај онаа река која сеуште мириса на ѓубриште,покрај оној ладен воздух.Нема да ти кажам дека те сакам,доста е од тоа веќе.Сакам да ти го докажам тоа Алек.Повеќе од се на свет. http://www.youtube.com/watch?v=i6dn3hNQycM
Ти у бизнис аутфит и мојов мозок прснува на милион парчиња. И не само мозокот Не знам кој кого бејб, така да, не ме предупредувај многу многу Отидов да купам затки за ушите на комшиите, за нивно добро
Пред еден месец некаде ова време си реков "Готово е јас нема да преживеам,нема да го преболам" Сакаш да знаеш како се чувствувам денес? ете жива сум уште,поубаво ми е од било кога, уствари јас и ти воопшто не сме биле еден за друг,а тоа еве го сваќам откако сме раскинати,е зошто не го сватив ова порано бе? Пу !
http://www.youtube.com/watch?v=-zzP29emgpg I’ve asked about you and they told me things, but my mind didn’t change and I still feel the same. Ах,зошто не ги послушав сите кога ми зборуваа арно,да се тргнам од тебе на време,а не сега тука крајот неможам да си го најдам. Пичка ти мајчина,сакам да те видам! (минатиот пат овака пишав во темата,па одма вечерта те видов,ајде да видиме дали вечерва ќе се исполни)
Ти си тука секогаш кога јас ќе посакам но тоа така не оди. Посебно не сека кога се е комплицирано. Одлучи се веќе.
ај нека дојде Сабота-да си одиш за Црна гора-ти ке си уживаш, ама и јас на мој начин како што поминува секој ден, свакам дека ти не си она што го барам од еден партнер, па токму затоа и не сакам да го споменуваш зборот врска-јас не споменувам ти ми споменуваш, абе со кое право сватив јас каков си уште првиот ден кога те видов-таквите ко тебе НЕ се менуваат(волкот влакното го менува, ама карактерот не) па додека трае ок, после секој на своја страна-ништо сериозно
Ме вадиш од памет , ме загрижуваш зошто знам што си способен да направиш и после ќе се насмееш ааааааахахахахха а јас веќе сум мртва