Човек неможе ниту поштено да се налути на тебе бре, со таа позитивност, со таа насмевка и најтажните би ги развеселил, а јас па, глупава, при толку огромни работи што правиш за мене, за некои ситници сум се фатила, луда глава При такво прекрасно суштество како тебе не би требало ништо наоколу да ме загрижува најмалку безвредните ситници, иако се правам дека не ми е гајле пак ми е, ама одам до крај, ете така од инат Чаос-пријатнос Спојлер Мочко еден!
Пропаѓаш, пропаѓаш, се подлабоко и подлабоко пропаѓаш душо. Ти сеуште мислиш дека јас секоја глупост намерно направена, ќе ја трпам. Аххх, колку се лажеш бе буцко, ми треба само да сретнам некој што ќе ми обрне повеќе внимание и да те избришам. Со цела душа го чекам денот кога ќе пропаднеш најниско и без некоја тага ќе можам да ти кажам да ми се изгубиш ... Али еднаш засекогаш! Тогаш ќе ми олесне, ова не е врска.
Не знам зошто но страв ми е ,се исплашив,не сум сигурна дека сакам да одам на одмор со тебе :'( а со душа го чекав денот кога ќе можеме да си бидеме само ние двајца заедно далеку од сите .
Ај белки еднаш ќе се договориме и ќе ни излезат планојте за да одиме на одморче.Еден период ти не можиш,другиот јас охххх ако не прифатиш екстра паричките ни ојдоја јабана,а ако прифатиш пак нема да можиме да одиме кога ќе можам јас и ај сега нзс. Знам,ќе најдиш ти некое решение паметно детенце си ,ќе си се договориме и ќе бидиме сами и ќе уживаме во благодетите на летото.Одвај чекам да дојди тој период
За првпат сме разделени подолго од 24 часа откако почнавме да живееме заедно. Ми недостигаш, не ми е лесно, како некоја празнина да чувствувам. Ми рече „Ако ти биде тешко да не одам“ Но, како можам да те лишам од себеусовршување?! Ти мене не ме лиши од тоа иако тогаш тоа беше потешко изводливо и бараше одредени жртви. Секогаш ми беше поддршка, дури и кога никој друг не ми беше...и како да ти речев да останеш...Знаењата кои ќе ги усвоиш таму ќе ти користат во кариерата и тука не можам да се мешам. Не смеам, не е човечки. Те сакам, сакам да успееш, сакам да се чувствуваш исполнето од сопствените успеси. Ама да чувствуваш е човечки и веќе ми недостигаш...
Јас сум крива што ти чувствуваш пеперутки во стомакот? Ма, нема проблем бе душо, ќе ти дадам инсектицид ако треба. Имам јас решение за се’. Се шалам, љубави. Сакам да те видам, ми недостигаш. Ни 45 минутното зборење преку телефон не може да надокнаде се’. Те сакам. Се каам за сите глупости што сум ги правела со други во меѓувреме. Нема да дозволам уште една таква глупост. И, знаеш, да беше овде, ќе отидев кај тебе уште истиот миг. А, тогаш..
Не знам дали сум во ПМС ама ме нервираш некогаш. Ако не си сигурен во ова дај да прекратиме, а не одиш еден чекор напред, а потоа ме враќаш назад. Од друга страна убаво беше денес, ми се допадна како се однесуваше со сестра ми, како се однесуваше на ручечето и после него. Знам дека и тебе ти беше убаво, те осеќам, хрчиш! Ах, ќе бегам во друга соба
Јас само се надевам дека си среќен исто толку колку што си и глуп... значи види колку многу среќа ти посакувам....
16.06.2011-16.06.2012 Една година помина откако те знам, а вечерва јас и ти не сме заедно. Не ги сакам скришните погледи кои си ги праќавме од маса на маса. НЕ !!! Се сеќаваш каков план имавме за овој викенд. За нашата годишнина. Се сеќаваш каде требаше во моментов да бидеме. Криво ти е што не сме, само тоа сакам да го знам. Дали ти е жал што ме изгуби. Дали ти е жал што една година од твојот живот помина со мене. Многу прашања имам да ти поставам, а одговорот каде е? Го проголта тишината во оваа темна ноќ. Веќе една недела никој не успева да примами насмевка на моево лице од се срце, само ти успеваше во тоа. Веќе не се смеам така Деновиве на лицево има само една крива линија за да ги залажувам тие околу мене дека сум среќна. Незнам колку ми веруваат. А ти, верувај дека сакам барем уште еднаш така да се насмеам. Среќно, задоволно, од се срце, со љубов...но не ми успева откако тебе те нема. А вечерва, ноќта која толку долго ја очекувавме, толку многу ја планиравме, ќе ја поминеме сами. Вечерва јас и ти сме далеку некаде, сами со задоволството
Идиот еден веќе си ми дојден преку глава што ќе експлодирам... Само нешто ти фали тебе,за се само се караш а знаеш да вреѓаш! И што да не мислеше дека овој пат нема да си одам...е не не сакаш да ме испратиш ОК!Убаво направив што ти ја треснав вратата и сама си отидов!Уфф ќе пукнам више!
" Now you're just somebody that I used to know " " I need you right infront of me " I miss you, I think I love you