Твојата рака околу мојата половина. Солзи,илјадници луѓе околу нас.Небото горе.Нокаут со нивните песни.Нашата прошетка по една нова улица. Ти Алек и светот станува најубаво место.Она небо што го гледале многу заљубени пред нас,го гледаме и ние сега. Ти си она што ме тера да го земам најдоброто од животот. Твојот поглед,твоите усни,нашите соништа и нашата младост.Липите и тивкото ветре во нашите коси. Сега си тука.Таму кај што застанавме,пак продолжуваме.Бришеме лоши моменти и на ударот од животот враќаме со дупла среќа.Се имаме еден со друг.Не постојат граници..
Ти благодарам за најпрекрасната вечер и најпрекрасниот ден. Овој пат нашата дата си ја прославивме најубаво. Кога се будам и кога те гледам тебе до мене, тоа ми е најубаво будење. И кога ќе ме пробуди твојот бакнеж, е тогаш уште поубаво. Те сакам многу, многу, најмногу. Нека ни се множат.
Добро беше што се потсетив колку е убаво да заспијам и да се разбудам покрај тебе. Ах, ајде нека се среди тоа побрзо....
Посакувам барем еднаш кога ќе дојдеше кај мене, да го почувствуваше истото гостопримство ко јас кај тебе. Можеби на други не им се допаѓа таа блискост толку рано и со луѓе кои практично не им се ништо, но мене ми годи. Прави да се чувствувам важно. Кога ќе ме викнат на ручек или кога ќе ни купат нешто за јадење. Кога гледам дека не си баш и толкав мамин син и мајка ти некогаш застанува во моја одбрана, а против тебе. Знаат колку патеше поради мене, а сепак ме прифатија. Кога седиме со нив и сфаќам колку се различни од моите. Живеев во средина каде се е според некој ред, сите се принципиелни, се замараат само со работа без одмор, се грижат за мислењето на другите, без да уживаат. И сега некако... чувствувам дека кај тебе припаѓам. Меѓу такви луѓе. Мојата срамежливост, култура, манири, не видов дека досега ме однесоа далеку. А кај тебе е се` толку опуштено... Знаеш дека сабајле татко ти ме ослови со "ќерко"? Зарем мора да е толку нефер? Живеам за денот кога моите ќе сфатат дека ти ме правиш среќна. Тоа што еднаш си ми викнал поминало и не се повторило. Знам дека се грижат за мене, ама не можат да формираат мислење за тебе само според една твоја лоша постапка. Сакам да доаѓаш и да не мрчат зошто е тоа доцна. Дали знаат колку ми е убаво кога заспивам покрај тебе? Сакам да се грижат за тебе како за свој, дали си најаден, наспан... Сакам да покажат жива заинтересираност. Ти благодарам што овие месеци во нас вложи толкав труд и сега веќе не се караме. Всушност јас сум била таа што се карала за небитни работi. Веќе не сум ни љубоморна, ни имам желба да те контролирам, ни живеам во константен страв. Гледам дека ти е убаво со мене и можам само да го подобрувам тоа. Не се лутам ни ако загледуваш други и да бидам искрена, малку ми е чудно тоа. Не сум себична како што знаат луѓето во врска, не барам да бидеш со мене само. Сакам само да бидеш среќен. Ако било тоа со плакнење очи по други, со флертување, не се лутам. Нормално е да те интересираат други освен мене, се` додека не преминеш граница. Не се лутам зашто сфаќам дека некогаш сакаш и друга да ти обрне внимание и да ти го крева егото. Откако ги расчистив овие работи со себеси, се` е полесно, Јас сум мирна, и да сакаш веќе не можеш да ме направиш љубоморна. Ти верувам. И сите ми велат дека многу те реметам. Штом дозволуваш да ти го рушам авторитетот пред други и да се правам паметна, без да ми кажеш збор, си се затрескал Ќе те чувам,не толку себично, ами со голема доза на слобода. Ќе те чувам во ноќите кога го делиме креветот и кога си се оптегнуваш и мене ме истуркуваш Ќе те гушкам, гњавам, стискам, ќе те бакнувам нежно по вратот, ќе ти угодувам...
Ако баш сакаш да знаеш ,Се чувствувам ужасно ,запоставено , несакано !! И тоа не само сега ,од поодамна веќе. Се надевам дека ќе размислиш убаво и ќе ме побараш. Сакам внимание, повеќе отколку што му даваш на другите. А не да се однесувам како исфрустрирана кучка и да држам драма и лутина, кога не е така.Не можам, не сакам. Сакам да ти кажам, грижи се за мене како што и јас го правам тоа за тебе! ..... Потруди се за да опстане ова, зошто Те сакам , толку едноставно и чисто Те сакам... http://www.youtube.com/watch?v=0uREy_Hh ... re=related Еве ти сега поздрав , направи и мене да ме растажи оваа песна !
Во нашата десетмесечна комуникација тоа вчера беше ден за паметење. Тоа беше еден разговор во кој мислам дека и ти се надмина себеси. Сега сме во онаа фаза во која ти се нервираш а јас се ладам. Ситуација која мене многу ми одговара. Многу ли се изнервира некни ? Леле душа тој,се изнервирал, ај да те јадам Добар, ова е добар скоро одличен почеток.
Ми требаш.. Само во твојата прегратка се чувствувам добро. А сега горам од температура и ми требаш ти, да ми кажеш дека се ќе помине. Но не сакам да се жалам, пак и пак и пак. Денес беше толку трпелив, толку добар и нежен.. Денес си ме засакал повеќе, вистина? Сега би заплакала од радост, затоа што премногу ме сакаш. И што беше тоа? Само што те испратив и почнав да се качувам по скалите, пак заѕвони ѕвончето. Кога видов дека си ти помислив дека си заборавил нешто, а ти се врати само да ме бакнеш и да ми кажеш дека ме сакаш.Душа моја.. колку те сакам не можам да ти опишам.. Уште еднаш ти благодарам за се што направи за мене денес. Те сакам.