Знаеш во една секунда ми помина целосна рекапитулација на нашата приказна. Се сеќавам на почетокот, тогаш ти беше моето верно кученце кое го влечев наоколу,ти ми угодуваше,ти мене тогаш многу ме сакаше. Но како времето одминуваше со преголемата приврзаност се случи голем заплет на нештата, ти почна постепено да се менуваш за јас да неможам да те препознаам. Да знам и сигурна сум дека ме сакаше искрено. Да знам и сигурна сум дека изгледа се презаситивме еден од друг,и подоцна си преминавме во навика. Некој пред тоа да ми кажеше дека љубовта може да премине во навика ќе го стрелав,богами ќе го стрелав,но сега јас потврдувам,љубовта преминува во навика. Незнам како е кај останатите,но кај нас влогот беше огромен за на крај секој да си тргне по својот пат. Не не ми недостасуваш ти. Понекогаш ми недостасува човекот со кој имав сигурност и кој ме сакаше. Оној истиот кој трепереше пред мене,тој кој беше избезумен по мене. Сега те нема ни крај мене ни близу до мене. Понекогаш си размислувам дека е подобро што е така,бидејќи после нас сватив дека не ми е потребен никој повторно во животот барем не за сега. После нас сватив дека во врска не се почнува со одредена цел,јас нашата ја започнав со цел да заборавам некој друг на кој сега не се ни сеќавам. Сватив дека за она вистинското треба нешто повеќе,јас барам повеќе. Ти немаше,барем со мене немаше. Можеби некоја друга би се борела за тебе,би посакала пак назад. Но јас не. Знаеш зошто? Бидејќи од кога ти ќе се вратиш од Америка јас можам да бидам со тебе кога јас ќе посакам,и секој пат кога би сакала назад кога би ми требало лапање или секс би ме примил назад. Но кога јас би посакала целосна контрола на нештата ќе останеш глув и слеп. Што пишувам глупости јас веќе пола саат. Можеби ќе се вратиш со некоја манекенка од таму. Кој знае.
Знаеш, кога ми предложуваш такво нешто, да си имаме заедничка касичка, за мене сме налик на едно мало семејство. Не ми е гајле кој ќе ја полни, битно е да имаме нешто заедничко. Додуша, позаедничко од љубовта нема.
Уф најпрво би го плукнала во лице толку сум бесна...што можам да почнам чашава да ја јадам немам солзи повеќе вечерва сите ми појдоја за малку ке се онесвестев го видов со друга ааа пред мој очи тој замина со НЕА а од секогаш ми викаше дека не е негов тип леле ми се иди да го убијам да го испукам вчело би му кажала дека не мораше 8 месеци да ме влечи за нос да не знам на што сум.. ! и би го прашала зошто се разделивме без причина без збор без збогум 4 месеци само другари секој ден пишување а бивши ебати другарството
Денес денов добар ни пројде,ама не значи дека од утре не сме пак во војна...само чекам нешто пак да преречеш и ете ни тргнало...
ме исплаши,ме потресе,вилиците и колената ми заиграа...Љубов моја утре на лекар под итно,проверка на крв и се по ред.Неможе вака,сон не ми иде. те сакам премногу за да те изгубам.
Денес е еден од деновите во кои НЕ САКАМ ДА МИСЛАМ НА ТЕБЕ!!! Сакам да те заборавам Ти безобразен, безобзирен, неподнослив, толку фин, мил , уффф ТЕ МРАЗАМ!!! Или бар сакам да те замразам За сите што ги откачувам ти ли ќе ми наплатиш? Се нервирам што дозволив да се сврти кругот А што беше убаво кога ти се нервираше , а мене ме немаше Вака не иде..... Или биди ко што треба, или исчезни !!!!!
Ај секој ден да ни е ваков како претходните неколку,кога се смееме до бесвест и сме најсреќни.Правиш повторно пеперутки да ми летаат во стомачето и да се радувам на секој миг поминат со тебе.Пак се вративме на старите денови кога немавме никакви грижи и проблеми и кога се разбиравме совршено.Ај да ни е вака вечно и да не се караме повеќе,ајјјјјјј Премногу сум среќна поради тоа мило мое сонце. И ај побрзо да дојди сабота за да те видам.Кај баш петок децата полагаат матура,не можеше друг ден .Не за нешто друго,туку за да те видам побрзо дека ми фалиш премногу и сакам да те гушнам и гушниш многу силно и да ти кажам срценцеее ми ги извај ѕврцките ,сакам да тонам во твоите прегратки и да те чувсствувам до мене Ах те сакам брливо мое
се случи тоа што се случи-на задоволство на двајцата (со презервативи секако, јас се погрижив за тоа) ти се изјасна, ама јас си молчев ме испочитува навистина, кавер си секоја чест мене ми е збунка, но можам да те поднесам, ми недостистигаш-што ли ми се случува ни самата незнам, а ти бе ко детенце во пубертет си дефинитивно јас мислам да оладам после денешниов настан, па ти бе брат ако сакаш сечи вени во црна гора и никогаш да не те видам, ама баш ми е гајле ова прв пат ми се случува, наместо да се врзам повеке за некој после се знае што, јас се ладам-па ништо чудно, треперев ко лист на дланка, бе инфаркт мислев ке добијам, од тоа што срцето толку силно ми чукаше, рацете ми се тресеа самата се блокирам, кој ми е крив, ама вака имам шанса да се вратам во нормала господе помогни ми, пред да биде предоцна, и да ти кажам дека потхитно морам да си закажам на психолог ова е ненормално