Толку бев збунета и убедена дека долго нема да им верувам на машките. Дека сите се кретени и идиоти и сл... Ама дефинитивно тоа мислење беше до пред точно една година. Пред да те сретнам тебе. Толку невообичаено привлечен, толку секси... Со што ме доби? Како успеа? Верувај ни сама не знам... Само знам дека и после една година ме имаш во прегратки, сеуште треперам и ми се тресат колената кога ќе ме бакнеш, уште ми се црвенеат образите при некој комплимент... Те пронајдов конечно, со надеж дека си вистинскиот.... Сеуште и не сум сигурна, но можеби ти си баш тој, кој треба да е со мене низ иднината... Ти благодарам за се што направи за мене до сега и за се што ќе направиш од сега. Те сакам
Ти никогаш и не ме разбра, нели? Да, знам... и нема да ме разбереш. А веќе и изгубив надеж за тоа, само се повеќе се прашувам како од толку луѓе на светот го најдов најразличниот од мене, тој што најмалку ме разбира, што најмалку ми одговара, што најмалку мир и спокојство ми дава... како баш мене ми се случи тоа... штета, за мене.
Јас не се ни надевав,ни на крај памет не ми беше дека нашето другаство ке оди во оваа насока.Ама ако,не се жалам.Нека трае и нека биде тајно,заедно ке се надополнуваме и поправаме во некои полиња.И нели крајот го краси делото.
Ми мирисаш на мед и млеко.Кога сме заедно,едноставно проблемите ги нема барем за миг,го нема она што знае да создаде немир во нас,ги нема луѓето коишто постојано гледаат во туѓи животи,се хранат со туѓа среќа,а незнаат како да си ја створат својата..Кога би знаеле дека едноставно е .Може човек колку толку сам да си го направи животот убав.И ти и јас не поднесуваме жалење,оговарање и оптоварување со површни работи. Ги сакам работите кои ги правиме заедно.Жешкиот асфалт кој ги впива нашите чекори.Начинот на кој вчера ме сликаше.Иако подоцна целата бев вкочанета,твојот поглед врз моето лице додека црташе на тој лист не би го заменила никогаш.Проникливи очи,сок од јаболко.Ти си нешто кое е блиску до совршенство. И сакам да го гледам твоето лице,тело,секое делче од тебе.Да го читаме заедно Достоевски,а после со саати доцна во ноќта да расправаме за впечатоците.Лудачки би рекле другите. Но,одамна веќе предрасудите и површноста за тоа како треба да изгледа една врска ги оставивме назад. Се љубиме само онака како што знаеме.Којзнае кај ќе не одведат соништата Алек,којзнае како ќе биде за неколку години.Ама моментите се важни.И секогаш помислувам на тоа ..Да имам среќа совршено да го меморирам моментот кога те бакнувам и кога ќе ми се насмееш..
Не сум сама во кошмарите, те имам тебе во реалноста да ме фатиш кога паѓам... Те љубам и сакам да си уживаш со другарите уз фудбал и пиво, маж си и тоа те прави убав. Цуф
Aјде дембељи, ако завршиш брзо фаќај авионот, ако не, јас ќе го фатам љубим те Cе гледаме набрзо Eдит- и се надевам дека набрзо твојот историјат со таа земја ќе заврши, зашто мноооогу ми е далеку,не можам да дојдам јас таму, не не и не
Секое нашe видување јас одново се заљубувам во тебе. Средношколски и страстно. И покрај тоа што не сум фан на фудбалот, обожавам да те гледам додека играш. Најсекси си ми Те љубам.
незнаев дека толку ти недостига Улцињ-па уште се јавува господинот да ми каже дека ке оди денес, нема да чека до утре и не се вракај навака и незнаев дека ти имаш да речам проблем-голема желба, а мал знаеш што-значи си огнено момче со мал ме свакаш нели-новиот надимак леле прееска толку се смеев , што мислам дека лугето што ме гледаа , за луда ме прогласија емоциите некако ми се измешани-т.е. каша попара ми се, ништо не ми згрешил, ама некако не можам да го поднесам-уште еден ко него да ми се доближи , ке плати и за двајцата со камата, и да ти кажам најискрено дека не свакам зошто ми се јави, и не те сакам, знам дека и ти мене не ме сакаш-како што кажа ти дека си имам свој живот, божем јас незнам ај бе ке запознаеш некоја црногорка, па ке си речеш-која беше ти, не се секавам јас на тебе-ке биде очекувано, ама истото ке го добиеш за одговор