Викаат во животот ништо не се случува случајно,се се' случува со причина.Тогаш зошто секогаш кога ќе излезам морам да те сретнам?! Ме следниш ли?! Јас тебе ТЕ САКАВ,ТЕ САКАМ и секогаш ЌЕ ТЕ САКАМ!
Еден од омилените цитати од филмови ми е -I'm emotionally divorced from my life. Неуспешни врски во кои се вложував безрезервно, давав а не земав. И се откажував. Со тебе се освежив. Живнав, без нервози и скриени намери, игри и интриги. Без лажни скромности, монтирани состаноци. Езерото ни е сведок на спонтаноста. Нека трае до кога треба. Се дури не изгасне свеќата.
До кога ќе бегаш ? Знаеш јас колку сакам такви мажи кое неможат да се соочат со една девојка? Чекај да размислам, скоро ич. Не знам зошто помислив уопште дека сме во ред, кога не сме.
Колку си само паметен ојј личен мајкин тој.Еј убо си ми кажа,фала срце си најголемо.Секој ден од денес ќе се глеаме лајк ит. Работава наша удри дајре до сабалје..Ц.ц.ц ТЕ САКАМ БРЕ ПРЕМНОГУ ТЕ САКАМ ЗАЈАЧЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!
Ааа, предосеќам дека повторно ќе има нешто меѓу нас. Работава каква ни е, се врткаме-се трткаме ама на крајот пак си завршуваме заедно.. Јас па инатче, се глупирам и само ги комплицирам работите, а ти упорно секогаш ми пишуваш и ме викаш да излеземе (иако мислам дека ме викаш само онака ама како и да е..) Ти кажав денес дека те мислам, ми значиш и не можам да те заборавам ама ти не си сакал на фејсбук, не си сакал такви лигавења, туку преку дела.. Па какви дела, како да ти докажам дека си те носам во срце, зар не можеш да ми видиш од очите кога ќе те погледнам дека не ми е се исто да сум без тебе... Ќе гледам да ги поправиме работиве меѓу нас, ама џабе кога се ќе биде исто како порано.. Истите недоумици, истите проблеми. Рече дека тоа било минато, ти поверував првиот пат, и вториот пат беше истото. Сега пак збориш дека не си истиот, си ги поминал тие работи што те повредиле... Ама незнам дали ќе можам пак да ти верувам. Па, не си сигурен што чувствуваш, па си сигурен.. Ах. Глупаво ми е што ти кажав дека сум имала нешто со некој што е муслиман, со некој кој слободно можам да кажам ми беше една од најголемите грешки што сум ги направила до сега, не толку дека е муслиман туку заради типот и карактерот на човекот.. Иако ме сакаше и го сакав.. ама тоа е веќе друга приказна. Незнам дали и како ќе преминеш преку ова ама едноставно сакав да бидам искрена кон тебе, да дознаеш која е причината што стои позади се ова. И да знаеш, душичка си ми.. И покрај твоите мани, сепак си ми срце, наивен, добродушен, мил, можам да разговарам со тебе за се и сешто.. Мислам дека тебе можам да те засакам, и безрезервно да правам се што треба за да опстои ова нешто што го имаме.. Само ти, на страна уште еден, си ми влегол вака во срце. Уште една шанса. Тоа ни е потребно повеќе од се.. И на двајцата.
кога ке се вратиш во скопје-се надевам дека ке се видиме, има да ти кажам ама СЕ што ми лежи на душа и срце(без пардон) и дај боже да ми се случи пресврт во животов-позитивен(конечно да најдам работа на пр) за да ме мислам на тебе, да те избришам од моите мисли-знам дека најглавен фактор е ВРЕМЕ, а друг многу важен фактор е медитацијата и девојките од истата-арно ти кажав вчера АКО има друг пат, прво помислив дека избрзав, ама после сватив дека јас веке тебе сум те прочитала кој си и што си, како што кажа и ти-животот продолжува понатаму
1.Де бе,до толку ли многу си глуп што сите ти се смеат и избегаваат?!? А јас уште поглупа што не сфаќам колку си глуп? И избричи се бе дете,јас јесте дека сакам малце машки со брада,ама ти твојава ја пуштат како Дедо Мраз да планираш да стануеш . 2.Јаооо абе ми го срамиш знакот,каква водолија и ти,јебохте И вчера ако не ти речев прва здраво,ќе ти текнеше ли тебе да речеш,или само ќе си продолжеше да се ѕвериш у мене ? И да ти јадам тоа очите,ма едни од најубавите кои сум ги видела :geek: Иииии вечер сакам да те видам пак. П.С:Омилена боја ми е бордо,таман твојата кола ќе ми одговара на лакот за нокти и фустанчето