Прекрасно ми е кога играме на сред чаршија без музика. Мене навистина не ми е битно дали некој не гледа, а и ако не гледа се чувствувам убаво. Уживам во моментот. Прекрасен беше саботниот танц. Ти благодарам за убавините кои ми ги носиш. И да, силна е нашата љубов. Give me five brother Те сакам мачор еден!
утре се враќаш а? неможам ни да замислам како ќе изгледа нашата прва средба.. ќе соберам храброст да ти кажам дека нема да ти дадам повеќе време. одлучи? ќе ме пуштиш во твојот свет?
Би сакала секој ден до крајот на мојот живот да заспивам до тебе. Те сакам неизмерно многу и ќе бидам повнимателна од сега па натаму. Животе мој ! Не си ни свесен колку си само мил.
Не знаеш колку ми недостигаше денес! Ми требаш да те гушкам, да те бакнувам, да се милуваме цела вечер. :/
Нe си свесен колку ме израдуваа двете пораки кои ми ги прати вчера во пет саат сабајле, од кои едната беше нели со извинување дека претходната порака била пратена по „грешка“. И да е по грешка, и намерно да си ја пратил да знаеш дека многу се израдував. Откако ги прочитав си размислував за деновите кога по цели денови си праќавме пораки, па дури и рано на сабајле. Секој пат кога ќе ми пратеше порака срцето ми трепереше, рацете ми се тресеа, нозете ми се пресекуваа. Дури и завчера кога сонував дека си ми пишал порака бев возбудена. И сега е така.
Епа честито нека ни е годишнина, да си славиме уште многу години. Јас уште си чекам на изненадувањето какво сака не е, само од тебе да е Те сакам бе дибек
Си мислел на мене а? Тек ќе мислиш злато Зашто последниот пат кога ме виде ќе го направам последен Ќе ги бараш тие денови ти , ама ова си го заслужи И да знаеш откако си расчистив во мислите со тебе сонце ме огреа Има уште дел од мене што сака да те види и слушне, ама НЕМА ! НЕ МЕ ЗАСЛУЖУВАШ!!!!
јбг и љубов и се кога кај тебе нема ништо од тоа кукавицо страшливец еден срам да ти е што немаш сила за една ситница за мене да направиш а јас 3 години бев храбра повеќе и од машко се правев што ке посакаше а сега сватив дека не вредило сето тоа-оти до мене сум имала кукавица и страшливец... губре едно
јас ако сум пиле ти си ПЕТЕЛ а тоа дека ти недостигам знам знам, јасно ми е се-да бидам искрена и ти мене ама малку нема потреба да прашам што правиш ти на одморот-можам да си претпоставам, т.е. ти си знаеш немам намера да бидам ниту посесивна, ниту љубоморна, а на крајот на краиштата па ни јас не сум врзана за тебе мамино галениче
Одвај чекам утре да ми пуштиш порака, да ми честиташ дека сум дипломирала. Каква порака ти мислам, од сега ја знам. А знам, дека ќе ми пишеш, ѓубре едно.
... вчера по којзнае којпат ми се испокрши срцето на илјада парчиња. Ти можеби се обидуваше да го слепиш подоцна, гушкајќе ме, и да речеме дека донекаде успеа, но пукнатините се таму, се познаваат, ги исполнив со солзите кои ги исплакав во рок од тој еден час. Прво липав на глас, со сета болка, а потоа настапи оној поболниот начин - тивко, безгласно, а солзите не престануваа да капат. Зазјапана во една точка, лежев мирно додека ми се слеваа по лицето и не можам да мрднам, ниту да испуштам глас. Многупати сум посакала да умрам, вчера и да се случеше, мислам дека ќе ми олеснеше. Знам дека со најубави намери ми рече дека може да одиме на одмор, затоа што си подготвен да платиш за двајцата. Самошто тој гест мене не ми импонира за разлика од други девојки, туку ме разорува. Ама буквално. Не се гордеам што дечко ми е подготвен да ме однесе на одмор без да платам ниту денар, туку се срамам што дојдов до дереџето каде не можам да си дозволам да си го платам сама. Фактот што и твоите родители ја знаат или претчувствуваат мојата очајна и безнадежна ситуација дополнително ме повреди. Не дека јас кријам која сум, што сум и колку имам. Свесна сум дека луѓето се понудиле за помош со најубави и најчесни намери, ама мене тоа ми е понижување, милостиња, конечна пресуда дека сум мизерна и за сожалување. И не е работата за тој одмор само. Работата е во милион други мали обични ситници што јас моментално не можам да си ги дозволам, и просто - не можам никаде да те следам. Во смисла - да дојдам со тебе таму и таму, без око да ми трепне и без 5 пати да се пребројам. И не сакам да ми плаќаш и не сакам да ме частиш, сакам мое, сакам сама да си плаќам, јас да частам... Кој го измислил тоа дека мажот е заштитник, ние треба да сме еднакви, нема ништо за гордеење во фактот дека се шлепаш за се'нешто од дечко ти, пак ќе кажам, мене тоа ме поразува, како личност, како жена... Да ти кажам дека недостатокот од пари ме натера да се преиспитувам самата себе, моите можности, мојата вредност и нашата иднина, и после не знам колку време искрено, ама искрено да ме фати толку страв... до граница да си помислам дека тебе сепак ти одговара друг тип на девојка, а не некоја како мене. Не знам искрено со која сила дотуркав дотука. Се изнаплакав поштено за 10 години од животот. И не можам да се смирам.
Уште јас ти фалам во целиот твој сив свет. Вчера се почувствував благо речено ужасно за се што те напињам, не ти треба тоа ама ич. Не знам како ме трпиш, со сите други луѓе кои те уништуваат. Сакам да бидам барем една светла точка во твојот ден и да ти изнудувам насмевки. Се надевам вечер ќе се видиме.