Кога ти готвам, готвам зошто ми е убаво да те гледам како мцкаш и се насладуваш, убаво ми е бе, гледам дека уживаш, а ти со тоа очиштата „кажуваш“ најубаво фала мацо. Додека си со мене, тешко дека ќе ослабеш пазејќи на храна, а со оглед на тоа што нашево изгледа ќе потрае доста долго, пали патиките и подмачкај справите и фрли се на вежбање. До душа, што се мене тиче, остани и заоблен, боље да си таков отколку слаб. Ајде сега пријатно, остани во добро здравје, ме сакаш-те сакам па и не мора, од пречесто кажување се губи смислата и преоѓа во навика... Добра ти ноќ...
Се чувствувам празно без тебе ,кога те нема до мене чувствувам како да нема еден дел од мене но и чувствувам болка поради сите твои лажни ветувања и зборови .И после се посакувам да си покрај мене да те гушнам и да си спијам до тебе како некогаш.
http://www.youtube.com/watch?v=_pJ3eCjM ... re=related ..Боже, не ми треба ништо друго дур сум жив* под ова небо, топла постела и очи што ги знам..
Сакам да те љубам насекаде, многу те сакам, сеуште најмногу те сакам! Still got the blues for you . . .
Ми пренесија дека си прашал за мене, како сум? уф зошто пред да ти одговорат не ми кажеле па јас да им речев што да кажат така да те изнервираат ќе им речев да те лажат, дека имам друг, дека сум те "заборавила", дека се што е поврзано со тебе не ме интересира ќе им речев да не ти ја кажуваат вистината дека те сакам, дека ми фалиш многу, дека нон стоп се ѕверам во телефон и чекам твоја порака... Морам да те поздравам со една песна... Спојлер ТИ НЕМАШ ПРАВО Се трудам да те симнам од срце и од усна под насмевка ја кријам осаменоста ко лузна Твојот лик над мојта тага ко облак уште кружи Од сонце облеан ги става во сенка сите други Ти немаш право да прашаш како ми е без тебе и дали сум сам Оваа рана на душа ќе ја зашие време и ќе заборавам Кон тебе сакам да сум ладен ко тогаш ти со мене Љубовта што ми ја даде на врв од игла ќе ја збере И се што нема да ти кажам пак од внатре ќе ме сотре а може тоа што те сакам ќе престане од утре?
А што беше тој поздрав? Хаха, будалче едно. Ме поздравуваш преку сестра ми за да се спростиш со мене . Ти 12 години ли имаш? Ама добро, добар ти беше гестот само друг пат потруди се повеќе, а не со поздрави. Спојлер Инаку синоќе беше.. уау.
Душо, малку ме изненади со муабетот и постапката, морам да признаам Секако, пријатно ме изненади И после 6 години секојдневно ме изненадуваш, продолжуваш пак и пак да ме изненадуваш....Душа моја си ти, најмило мое п.с. Чувај се вечерва, готов си!
Еј, имам планови за вечер. Ако упропастиш или заспиеш, биди сигурен дека ова ќе ти биде последен ден од животот!
Е синдрела ме погоди. Токму тоа. Ти себично, глупаво, со недостаток на самодоверба суштество. Само за свое задоволство, само она што тебе ти годи прави го. Само слушај ги другите, само да продолжиме очите да си ги вадиме за Н.Н лица што ни се к*р- фактор во животот. Ете така така треба. Немој на некого нешто лошо да си му рекол, не дај Боже некому да речиш НЕ, освен мене се разбира, јас последна сум на приоритетната листа. Како така прашинка да падне на некој од ТВОИТЕ и дај ајде откажи се, откажи се од мене, откажи се побрзо зошто јас папсав и сила немам за двајцата да се борам. Лигуш еден, некој нешто лошо да не рече за тебе, тоа гледај, зошто се знае лошата во врската сум јас. Па нормално, кутро дете душата ти ја извадив, убав тој. Л - И - Г - У - Ш, ти си еден обичен, разгален, глупав-донемајкаде- лигуш. Оди лигуши се таму, кај мене не треба јас гледам што има позади срањето. П.С Се понашаш инфантилно и фактот толку што си поврзан со мамичка и си мамино синче, бебувче кое уште од неа зависи ТРНС МЕ ОФФ, ми паѓа сексот под нулата и ептен си во минус влезен освести се. П.П.С Го изглумив последниот оргазам.... Ете ти own:
абе па дај потруди се више малце.. неможам више сама..ова врска ли или што е..не иде више..ако планираш и понатака вака да праиш откажи се, оди си од мене..не ми треба лигле за по дома..ми треба некој што ќе шета со мене, што нема да го мрзи да искача кога и да посакам..како може мене да не ме мрзи ништо од тоа што ќе го кажеш а ти постојано имаш нешто работа.. не ми требаш таков...оди си! :'( :'(