Кај нас ништо не се знае,ние и онака последниве неколку дена раскинуваме ама никако тоа конечно да го направиме... баш кога ќе треба да се стави крај одма тогаш се доаѓа во нормала...секогаш е тоа така...
миличко, денес некако ми е посебен ден(се родив во овој ден од неделата), ама и пред една недела нешто се случи знаеш на што мислам , а тажен е затоа што ти си замина за Црна Гора и којзнае кога ке те видам пак но затоа постои Скајп и камера еха да можеш да влезам во камерата и да те и да те
Ме изненади,не очекував дека овој пат стварно ќе си стоиш на тоа што се договоривме.Знам дека и мене не ми се наоѓа крај,ама оваа ситуација почнува да ме плаши.Можно ли е ич да не ми фалиш и мојата љубов стварно да избледнала? Знам дека кога тогаш ќе се сретнеме и ќе ме прашаш како издржувам, а како да ти ја кажам вистината кога знам дека тебе ти е многу потешко.Навистина не сакав да испадне вака.......
Срце знам за работите кои не ми ги кажуваш , за некои подолго, некои си ги поврзав сама .. Но, воопшто не ми пречат. Не треба да ти е непријатно да ми кажеш. Не сум како другите девојки. Знај, СЕ ГОРДЕАМ СО ТЕБЕ!!! Те обожавам и почитувам уште повеќе заради тоа. Сега гледам колку прекрасна личност си, со чиста душа . Ќе ти кажам некој ден, за да не мора веќе да се трудиш да скриеш. Можеби се плашиш како ќе те гледам, а всушност порасна во моите очи! Те обожавам!!! Прекрасен си!!! И да, многу ме палиш и излудуваш, перверзно срце мое
сваќам....дека има моменти кога не е се совршено и убаво...но дека вака ке ме снајди не сепак ке соберам храброст да биди се исто... и уште поубаво ке ги заборавам тие зборови, како да не си ги рекол.знам дека беше многу загрижан, но и да ми правиш така пред сите луѓе... не не и не!!!!
Е па вака ! Одамна ти немам пишано овде а ми се насобра. Спојлер Ти копле покаврено, цуфко мизерна. Не те мислев за олкав преварант.Лопов,арамија,битанга.Не си измислен со мене да се заебаваш,нека ти е јасно.И ќе си ја кажам цела мака и ќе си научиш да не го креваш носето оти ќе ти го спуштам, ниско ќе ти го спуштам.Ја разбуди дивата во мене и сега пазисе.Гнасо една.Ќе видиш за се.Биди мирен како маче оти мачки ќе те одерат!Скапан.
Тоа што го правиш со мене во соновите,прави го во живо! До кога вака со овој инајт магарешки,до кога,до кога?! И разбери дека ИСКРЕНО ТЕ САКАМ!
Зошто не можам да ти верувам? Зошто ми е толку тешко да верувам дека ме сакаш? Всушност знам зошто, но зошто? Знам дека таа моја недоверба многу влијае на нас и знам дека се трудиш секако да ми докажеш дека ме сакаш и да ти верувам, но ете.. не можам.
Аааааааааааааааааа,не играм повеќе со тебе брза географија,само лажиш и ми крадиш поени -.- Ко децана мали си,само плачиш оти губиш и не сакаш да ја прифатиш реалноста дека сум подобра од тебе,и повеќе знам географија..
Сега сакаш да ти се вратам?Ај шетни малку надвор да те мавне едно ветерче оти не знаеш и ти веке што сакаш