е што сум глупава уште и нов скајп отворив, за да мозам полесно да комуницирам со тебе, и за камери гледав непобедлив факт е дека јас треба да исчезнам, едноставно да ме снема, апа ти бе ПУКНИ глупава, глупава, глупава абе, јас и љубвта не си одиме заедно, кој сака нека казе-за џабе трошење време, нерви се замарам со некој кретен, што дар-мар прави во Црна Гора изгори, испечиси, и ЦРКНИ-да не си се вратил веке НИКОГАШ племе твое
Сега ќе бидам малку лоша! Секој обид да ме љубиш ќе ти се врати како казна, како горка измама. Јас сум човек кој живее во страв, кој се плаши да те допре. Те сакам!
Да има апче што ќе ми помогне да те заборавам , одма ќе го испијам! Супер си, но не сакам да бидам заљубена!!!!
Сакам...сакам...сакам...сакам...сакам...сакам... Да те видам! Да те гушнам! Да те бакнам! Да те штипнам! Да дојдиш вечер! .......да....да...да..да...да...МЕ САКАШ СЕКОГАШ И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ! амин
Мрш у пи*ку матер. Како ме изнервира сега значи...Ти ПРИНЦЕЗО мора да се чекаш секогаш! Како некоја жена си да ти се плукнам у тоа паметот
Ај да си се надоврзам на претходниот пост како некоја будала што мења расположение, нормално заради ПМС Не само што ми мина нервозата, туку сега би те гушнала така цврсто. Абе не за џабе велам принцеза си, за се ти треба да се чекаш. Ако ти не ми ги споиш жичките за 1 секунда, кој друг?
значи невиден лажго си кого ке лажеш бе ти, на што ти личам јас на будала? како си ти на скајп? те најдов но не онака како што ми рече ти дека си, мизеријо една ке дојдеш ти кога-тогаш во ск, ама пази да ме сретнеш, фацата има да ти ја скршам или уште полошо гумите на колата ке ти ги дупнам
Душо многу ми е жал што никогаш не сум сама дома Знаеш ли колку сакам да ми дојдеш нагости ќе ти го подготвам твоето омилено јадење ... ќе си имаме секс кај мене ,ќе се гушкаме,ќе се мазиме .Тогаш ќе биде јас како ќе кажам ,ќе бидеш на мој терен ,нема каде да ми избегаш,нема да те пуштам да си одиш ,ќе се сториш домазет
Можи најубо е да те оставам да си пиеш и убаво да си пројдеш на Орбитал, вака се осеќам ко некоја досадна женска на која треба да и се јавиш. Не треба, да си знаеш, ама да не излезам па вообразена така. Да де, понекогаш цел свет ми стои на најтенкиот живец, го држам со сите сили но, паѓа по нешто и на срце, мора да сум таква сега си давам еден аплауз наЗдравје пијачка, полека да не надојде наеднаш
Не можам да ги избришам од мисли тие работи што ги видов.Не знам ни зошто ти верував.Јас не можам да ја сторам таа грешка повторно како што ја правев со бившиот.Не можам.Искористи ја таа дадена шанса од пред две недели зошто повеке нема да имаш.
Aaaa ќе се караме! Не ми се занесвај по многу! ДА,сакам да знам кај си и со кој си,ич не ми е гајле! Не значи дека ако не сум таму не треба да знам! Многу ме нервираш да ти кажам право! Не ти реков ни да не излезиш ни ништо,ама не ми се понашај! Не сме деца па ќе си играме,ти вервам,не ти вервам.Јас секогаш сум ти кажала кај сум и шо сум,епа да,и јас сакам да знам. И да,гледам колку се секираш за мене,неќиш ни да звониш,еден ебан кредит не можош да ставиш,а јас можам секогаш да ти звонам. Епа ако продолжиш вака,ок,така ќе биди,нема да си ѕвониме.Место да ти е грижа,да се јавиш да сакаш да ме слушниш,да пишиш една порака дека сакаш побрзо да се слушниме и се,ти ми се правиш на незнам шо и си тераш ќеф! Епа не се понашај ко да си слободен пошто не си! Пошто немој јас да почнам да се понашам така,па ќе видиме,дали мене нема одма машки да ми се лепат,па да си најдам некој шо стварно ќе ме цени и после да се чудиш.НЕ сум веќе мало дете да си играм топло ладно.Биди сериозен,мисли за тоа шо ќе правиме ко ќе си дојдам,а не дали да си веруваме или не допрва.Абе будала еден,јас ако сакав да сум со друг мислиш досега немаше да сум и немаше да ти кажам чао? Ама јас како,само ти па ти,и уште и вака да враќаш? Аааа ќе видиме колку ќе се замарам и јас отсега. Како ти,така и јас! Па шознам,можи ќе ти текни да се јавиш. Ме нервирааааааааааааааааааааааааааш!!!!!!!!!!!! Би ти шлакнала таков шамар,ама да не прашваш зошто!
Колку си ми смешен со тие мали љубоморни испади што те фаќаат понекогаш, и како ги вртиш работите кога ме прашуваш божем да не приметам, а уствари цел си проѕирен ... ама убаво ми е, ах бе да знаеш колку ми значиш и колку те сакам, не ти бегам нигде, никогаш. Извини, и фала што се сносиш со цела моја несигурност и страв...
Не сум јас по нежностите и не ми вели "Полека", зашто јас за полека не знам Знам дека сум ненаситна, би те бакнувала по цел ден, ама на мој начин, зашто бавно, срамежливо, ко детенце - не знам. Другпат не ми се сили и не ми се прави голем маж, зашто мене страстите повеќе ми вријат. Малку ми е секој втор ден со тебе. Настрана дивењеето на хормоните... Сакам со тебе под рака да го освојам светот. Кога ќе остварам некој мој сон, ти да бидеш првиот кој искрено ќе се радува на успехот. Да ме погледнеш во очи и да ми кажеш - "Секогаш верував во тебе." И без оглед на тоа што твоите соништа засега се од материјално значење, ќе ти помогнам да ги постигнеш. Јас не сакам луксузи, скапи автомобили, убави куќи. Посакувам засекогаш да научиме да бидеме скромни и малку да ни е доволно. Зашто колку повеќе остваруваме, уште повеќе ни треба. Да имаме сосема доволно за убав заеднички живот. Не сакам амбициите да не направат ненаситни. Не сакам да заборавиме да ја живееме сегашноста. Баш би било убаво некогаш да тргнеме автостоп, да живееме лудо, да одиме таму каде ќе не однесе ветрот. Да запознаваме луѓе, да се радуваме на леб и сиренце, навечер да уживаме во звездите, да гледаме како паѓаат и да замислиме дека никогаш нема да се разделиме. Убав сон, зар не? Ми треба да разбереш дека подрагоцено ми е кога ќе ги преплетеш твоите прсти со моите и ќе тргнеме накај парк и на + 40 степени отколку да заработуваш многу, да изгубиш години од твојот живот за да купиш некое си за тебе посакувано количе, во кое ќе ја немаме блискоста. И не, нема да си речам - вау, кој сељак беше кога го запознав, види што имаме сега. Знам дека се` ќе делиш со мене, ама мене богатство не ми треба. Жалам што не сум амбициозна, всушност мојата амбиција е едноставноста. Сакам животот да ни е попрост и да уживаме во мали нешта. Делува детски, незрело, ко да премногу сонувам нели? Ко да не сум го запознала животот. Чудно, јас баш мислам дека му ја сфатив суштината. Штета што не го делиме истото мислење. Ама ако, ќе те поддржувам во целите и кога ќе ги реализираш можеби ќе сфатиш дека не ти носат ни 50 % среќа од замисленото. И нема да ти речам - Во право бев, нели? Ќе ми биде доволно сам да сфатиш. Убавината е во невидливото за очите, ама ќе оставам да го почувствуваш сам. Најдов едно писмо посветено на тебе. Говорам за тоа колку е тешко да те гледам со други очи и како жалам што не можеш да ми бидеш повеќе од другар. Зборувам за едно изгубено пријателство, за болката што морам да те закопам во спомените. А види каде сме сега - Бог не` спои на чуден начин.