Одма да те видам насмеан,позитивен и среќен. И немој да се закачкаш. А,да и само ако не си ми зготвил нешто убаво вечер.
Едвај чекам да те видам и да те прегрнам. Уште 10 дена се вракам назад После мисли му ја. И не пагај во такви филмови. Ти за мене вредеш многу,мислам дека ти го имам кажано тоа
Душле мое со душа чекам да дојди 28-ми јули,да бидиме 24/7 заедно целосно посветени еден на друг,времето нека застане и вечно да бидиме така сплотени еден до друг не мислејќи на ништо,само на нас двата и нашата љубов.Ахх да се бакнуваме милуваме ,да се разбуди страста во нас како никогаш до сега .Леле,леле шо те чека да видиш .Не се плаши злато,само убави нешта ќе ти правам. Ај побрзо нека помини уште еден месец,камоли утре да беше 28-ми јули.ама ќе се стрпам,а кога ќе дојди денот ќе скокам од среќа. Те Сакам Најбескрајно Златце Патце
Хах! Знаеш кога ќе ти дозволам да ми ја исполниш желбата? Паааа.....следната сезона, во најдобар случај.
Те изнабацував денес, те помодрев кутро дете, немам сопирачка кога си покрај мене, ми се оди да се соблечам гола и да денсам танц на плодноста околу тебе. Се шлакнав, од Љубов. За арно нека е.
Мене ова почнува да ме плаши, страв ми е и мала сум и ми требаш сега повеќе од секогаш. Ми фалиш, а не ни бев свесна за тоа еј. Ми фалат пораките во ниедно време за лека ноќ, ма се ми фали. Ако некој ми кажеше дека ќе се заљубам баш во тебе ќе му кажев дека е шлакнат. И уште не ми се верува ова бе, многу ми е ново ама и многу ми е убаво. Ако можеше да приметиш прееска, јас се пресеков цела кога те видов онака ко од земја ми никна, не те очекував и.... и не знаев како, не знаев што да ти кажам. А се што сакав беше сите други да исчезнат и да останеме сами, ние, ко пред 2 месеци. Будала сум знам, и те сакам.