Пеколно утро. Пеколна ноќ. Денот поминува како да не бил. Најтешки се ноќите. Секоја вечер сонував со тебе, далеку од твојот кревет и далеку од твоите соновни дишења. Мора да помине. Љубовниците се разидуваат постојано. Љубовта останува некаде во душата, да направи место за некоја нова љубов некаде.Но јас нема да направам место,за нова љубов.Те сакам само тебе и никој друг и да немој никогаш да заборавиш колку те сакам.
Еј ти мајмуне свесен ли си колку те засакав ? можеш ли да претпоставиш дека ја имаш таа привилегија секоја вечер да ронам солзи за тебе .. на секоја песна на секој романтичен филм,на секој заљубен пар.. секогаш си само ТИ пред да ме зафати првиот СОН секогаш си само ТИ кога ќе ги отворам очите на утро... Живеам за моментот кога барем уште само еднаш би те осетила до мене ..уште еднаш да ги осетам тие усни рамена образи врат раце коса ...да ја осетам таа страст, тој оган, да осетам како не можеш да се воздржеш од многу работи кога бевме толку блиски ,кога нашите тела трепереја едно до друго ! Ме упропасти ..ме научи да сакам но не и да заборавам, ме наведе за прв пат да плукам на зборот ЉУБОВ ..ме навикна да те гледам како другар незнаеќи колку копнеам по тебе додека го добиваш мојот другарски совет ...колку сакам да те бакнам додека пријателски ме префрлаш до дома Ми отвори рана на душава носам голема болка,носам белег од една нејасна и завршена љубов се плашам од помислата дека никогаш нема да те заборавам ...чуствувам болка кога ќе се сетам дека блиску е моментот кога за рака ќе водиш некоја друга .. поминаа месеци а овај оган во мене никако да згасне по тебе ..
На бившиот: Сепак не ми е сеедно што во Сабота ке го кажеш судбоносното Да Во ред е,ке бидам мирна.Ке те послушам.Остави ме мене,биди си ти срекен.Но да знаеш дека ми е криво што загубив пријател,потпора добар советник и личност која ме насмејуваше.Само за тоа ми е мака. Не,јас тебе не те сакам повеке сигурна сум во тоа.Продолжив напред со друга личност покрај мене. Ке се секавам на тебе како личност која ми го измени животот. Можеби еден ден ке те видам заедно со неа шетајки го вашето дете но наместо да поминам покрај тебе ке поминам на друга улица.И само ке ви посакам долг и срекен брачен живот и да си дочекате многу внуци заедно. Со срека На него: Кажи ми дека не треба да бидам љубоморна на твојата другарка.
Сакам кога си добар и нежен и со другите луѓе. Така знам дека си таков по природа,а не дека глумиш пред мене.
Beware. Long ass post on the way. Спојлер Лути ми се колку сакаш, но не си свесен колку шанси ти давав периодов, а ти замижа пред сите. Дали не ти одговараа или мислеше дека така ќе си тераме постојано и дека ќе ги добиваш дури не се одлучиш што сакаш, не знам. Но знај дека си се излажал. Јас отрпнав веќе, оладив. Не ми е сеедно, но не ми е веќе ни најбитно што ќе се случува понатаму. Разбистри си ја главата, па кажи ми што воопшто си мислел и што си сакал да направиш и кажеш. Но не го користи тоа дадено време да смислуваш нешто за да ме направиш да се чувствувам помалку мизерно. Нема потреба, постапките веќе си покажаа. Те сфаќам за се’, ти ја сфаќам и лутината и поматеноста, но секогаш ти велев за такви работи да го оставаш срцето да одлучува, оти мозокот ете до кај не’ доведе. Да, ко детенце сум, не сум перфектна па ич, избувлива сум, премногу се приврзувам и кажувам се’ што во моментот ми минало низ глава, но не оти сакам да постигнам нешто со тоа, туку оти не знам да бидам неискрена и да се преправам само за да некој би ме сакал и ценел повеќе. Јас сум ваква каква што сум, за некого сум ѓубре, но може некој најмногу ќе ме цени ваква, а ти не си тоа, и јас навистина немам девет животи, нерви и само(не)почит да замижувам на секое. И да биде нешто, утре пак мојава голема уста ќе каже нешто што тебе нема да ти одговара, и? Пак ќе бараме нова замена да го пополни тој мој недостаток? Не сум рингишпил да се вртам во круг. Па не сум јас дотолку безвредна тоа да го трпам и да си се тапшам по рамо дека сум заслужила оти сум кажала гласно што мислам, макар било и несмислено и во лутина. Гледаш сега како е кога имаш сто проблеми, поматен мозок и не знаеш што точно зборуваш? Е таква бев јас на времето, а ти, кој велеше дека имаш разбирање за се’, воопшто не го разбра тоа, туку ми велеше дека не сум само јас со проблеми, дека намерно сум велела се’, а само сум се ваѓала со лутината, дека во лутина човек бил најискрен и кажувал се’ што криел во себе. Сега кога знаеш какво е чувството на изгубеност, сеуште ли го мислиш истото? Јас немам душа од пластелин па да го обликувам карактерот според туѓи потреби. Може еден ден и јас ќе бидам највредното, најпаметното и најимпресивното нешто што му се случило некому во животот - а тоа секој го сака, па и јас. Но штом ти веќе на друго место си ги нашол тие квалитети кои мене ми фалеле - супер, мене ми е мило. Јас по секако ќе си почекам дури некој не ме прифати комплетно каква што сум, без да има потреба во други да го бара она што ми фалело мене. Ти ја знаеш само таа страна од мене. Ти и воопшто не знаеш колку ладна и безгрижна сум спрема другите. А ме знаат ко таква оти не ми значеле, не сум имала потреба да ја покажувам емотивната страна на странци. Гледам дека сум требала истото и со тебе, оти очигледно мразиш емоции. Но како што и самиот рече, еден ден ќе ти се разбистри главата. Е тогаш ќе ги сфатиш сите овие мои гомнојадења. А штом вака пролонгираш, огромни се шансите дека веќе нема да бидам тука кога ќе го сфатиш тоа. Одмори се. Кажи се’ што сакаш да кажеш, ќе те сослушам. Кажи ја вистината, ќе ја прифатам. Но искрено, немој да се надеваш на премногу од мене веќе, јас не сум играче и ај ќе одиме во продавница ќе го смениме, па после да се премислуваме. Цела година се трудев онолку колку што знаев, но ете, не ме бивало, сепак ми фалат квалитетите и посебностите за да ти ги оставам импресиите кои ти ги оставила таа за неколку дена, не? Тогаш не ти требам ваква никаква. Ќе најдам некој подеднакво голем гомнојадец со кој секогаш ќе си плескаме во фаца се’ и нема да се лутиме за истото. Тоа е доблест, најдраг мој. Да ги прифатиш сите маани кај другиот. Да ги гледаш ко црна точка во карактерот, но пак да не влијаат врз твојата љубов. Тоа е трпеливост. Да знаеш дека таму некаде постои некој милион пати посовршен, но да не ни помислуваш да го бараш, оти си среќен со тоа што го имаш. Тоа е лојалност. Тоа е љубов... А јас сето тоа го чувствував спрема тебе и немаше сила и лутина која дури и во најслабите и најтешките моменти ме натера да скршнам од тие правила. А не си свесен колку лесно можев. Но не сакав да ги користам тие квази шанси поради кои после би се покајала. Знаеш и зошто, нели? Твоето не беше вистинска трпеливост. Ти само беше доволно трпелив да ќутиш и да збираш се’ во себе без збор, но во моментот кога ти била пружена шанса да го баталиш сиот товар, ти го батали многу лесно, ми го пушти мене на глава. Барем најискрено се надевам дека вредело. Затоа, да не се лажеме кој имал поголема вредност. Само недај Боже (велам „недај Боже“ оти не ти посакувам ништо лошо) утре сета таа перфекција што си ја нашол таму да испадне една лоша маска која ќе те повреди повеќе од моево вистинско лице. Не сакам да те повреди. А луѓето се лицемерни дури да дојдат до целта. И јас би била најкул девојка што некогаш си ја сретнал и што би ти давала секакви интригантни, игриви и хумористични совети и мистериозно-задирливи муабети доколку не сум имала никакви емоции спрема тебе. Верувај, оти на други ги давам тие „немој да ти е гајле, прави си најдобро за себе, батали“ совети. Сети се само кога се запознавме дека баш така се однесував спрема тебе и дека на тој начин ти ја подигнав довербата и ти го привлеков вниманието. Нели? За на крај да излезам спротивно од тоа. Да, сите ние го правиме тоа за да оставиме впечаток дека сме „посебни.“ Од тоа се плашам само. И да, тоа ме прави лоша и контрадикторна личност. Знам дека овие реченици ќе те обесхрабрат и ќе си речеш „Ма што ми е гајле тогаш, немам потреба да објаснувам“, но потсети се дека токму тие реченици доведоа дотука, и размисли убаво дали ќе проговориш или толку, ќе го оставиме разговорот на ова и крај. Ако ти е полесно, земи и со ладна глава напиши ми еден е-mail. На тој начин нема барем да ме има мене да ти навлегувам во зборот и да те подналутувам, па да кажеш што не мислиш, и ќе имаш доволно време за пиши-бриши, оти после нема каење, ама лут бев, ама ова-она. Само биди комплетно искрен, тргни настрана се’ и отвори се. Тоа барам. Од мене друга шанса за искрен разговор не добиваш. Оваа е последна. Искористи ја кога ќе се чувствуваш спремно, барем чисто ко луѓе да расчистиме некои работи. Но пак ќе речам, не се надевај на многу. Јас никогаш повеќе не би можела повторно да те гледам со исти очи и да те бакнам со истиот жар, знаејќи дека усните си ги предал на друга личност и дека мојот траг од таму бил збришан толку лесно поради некојаси лутина. Тоа за мене е предавство на нешто свето. Јас не можам да живеам со истото и да дозволам да ми ја убива душата. Ако постоела љубов во тебе, и ако истата си ја предал за краткотрајна утешна прегратка, на чест нека ти е. Јас со мирна душа ќе спијам. А за тебе не знам. Си требал да мислиш навреме. Ова е мојот последен пост на темава. Си ветив себе дека што и да е, ќе бидам среќна, и нема никому, ама баш никому да дозволам да го наруши тоа. Бидејќи знам што и колку заслужувам. А ти размисли си дали ќе ја искористиш последнава шанса за да се разјасни се’.
Мислам дека во животов можам да бидам паметна и прва во се, освен за тебе. Е значи таква слаба точка си ми, толку не можам да се откажам од тебе, а оваа идентичнава ситуација да ми ја раскажува некој друг го давам совршениот совет кој јас никогаш не успеав да го послушам или реализирам. Се успевам во животов, секоја пречка ја преоѓам освен тебе. Буквално. Ако кажам дека не те сакам ќе лажам, ама и ако кажам дека те сакам не знам колку ќе биде вистина тоа. Ми фалиш, тоа е сигурно. И би те вратила веднаш, ама не можам веќе, не можам да продолжам од кај што застанавме бидејќи застанавме на едно многу лошо место од каде се оди само надолу. А јас сакам нагоре. Сакам и јас да бидам некому во прв план, број еден во животот, колку себично и да звучи тоа. Доста беше веќе притискање на страна само колку да не бидам јас таа што замара, напнува и премногу бара. Епа не барам премногу. Ако не ти бидам тебе број еден во животот, на некој друг ќе бидам. Ама ме убива тоа што ти мене си ми број еден. Тој дел морам да го убијам, да го згазам или барем да го потиснам. Но не можам, од секаде се појавуваш и ме враќаш назад на почеток. Нема да бидам фер ако некому сум јас се она што ти си ми мене, сакам да биде обострано, не сакам да бидам ТИ во некоја моја врска. Ама, досега пак цело време бев фер кон тебе и гледам до кај ме донесе тоа...
Незнам како ќе издржам ако не дојдам утре... Неможам више 2 недели доста се дефинитивно и многу ако мене ме праша некој.